МакедонијаКузеска: За повисока плата гласаа само пратениците на СДСМ и коалицијата Левица не гласаше за минимална плата, сателит не штити работници.Во Собранието се гласаше за минимална плата од 600 евра на предлог на СДСМ. Пратениците на руската партија Левица не беа во салата. Не дадоа ниту еден глас. Токму на Светскиот ден на пристојна работа. Заедно со ВМРО-ОКГ, ЗНАМ и ВЛЕН, кои исто така не гласаа ЗА. Во салата ги немаше ни пратениците на ДУИ. За повисока плата гласаа само пратениците на СДСМ и коалицијата. Тоа не е некаква процедура. Тоа е доказ. Што стои во Програмата на Левица? Еве, во програмата на Левица велат дека стојат на страната на обесправените. Дека работничките права се безвредни и дека тие ќе ги бранат. Дека се единствената автентична партија за која унапредувањето на трудот е апсолутен приоритет. Пред избори ветуваа минимална плата на ниво од две третини од синдикалната потрошувачка кошница. Медијална плата. Исплата од први до седми. Дупла дневница за викенд и празник. Укинување на привилегијата за плати над 10.000 евра. Кога дојде закон за 600 евра минимална плата, Левица не гласаше. Работникот не ги плаќа сметките со пароли и со лажни програми. Не ја полни корпата со соопштение. Ако партија што се колне во работничката не гласа за минимална плата, таа не е лева партија. Таа е партија на далечинско. Оправдувања нема. Нека им кажат на своите гласачи. Нека ѝ кажат на јавноста зошто застанаа токму на оваа тема. Зошто, на денот кога се мери пристојна работа, минималецот не вредеше ниту за нивно присуство, ниту за нивни глас. Одговорот е на масата на која седнаа. Платформа, ЗНАМ 2.0. Луѓе што од внатре работат да ја урнат единствената опозиција, СДСМ. ЗНАМ го знаеме од денот кога ја предадоа партијата, па гласачите. Платформата ја знаеме од денот кога се виде тендер од 1,6 милиони евра од ВМРО-ОКГ. Помалку од Гета. Повеќе од образ. Левица е анти-ЕУ, анти-НАТО, анти-Америка. Руска партија, во земја каде Америка е стратешки партнер и каде околу 80 проценти од граѓаните го поддржуваат и НАТО и Европската Унија. Партија за ништо. Како таква партија да биде дел од влада што тврди дека оди кон Европа? Не може. Освен ако не ѝ треба на арамијата. За алиби. За да ги ситни опозициските гласови. За да му даде “ракавица в лице” кога ќе му снема пари за тендери, а да му даде алиби за избори. Второто прашање е потешко. Зошто партија што нема врска со СДСМ бара смена на раководството на СДСМ? И тоа заедно со претходни функционери што го донесоа катастрофалниот резултат во 2024, кога СДСМ ја загуби власта. Уште потешко. Луѓе од СДСМ што до вчера беа за НАТО, за Америка и за ЕУ седнаа на маса со луѓе што се против сè тоа. Со партија што НАТО го нарекува убиец. Како се спојува неспоиво? Само ако е нарачано. Само ако веќе работат за Мицкоски и за организираната криминална група ВМРО-ОКГ. Левица не е опозиција. Платформата не е реформа. И двете се алатки. Едната руско далечинско. Другата тендерско. Шефот е ист. На граѓаните денес им е јасно. Целта е спас на криминалната група на власт. Ненародна партија што себеси се смета за елита, а народот за талог, глодари, медиокритети. Истата што ги осиромаши и ги задолжи поколенијата, ја забрани слободата на говор, медиумите ги воведе во мрак, а Македонија ја изолира. СДСМ гласаше за плата за работниците. Ќе гласаме и повторно. Власта ќе се врати во рацете на народот. Сателитите ќе останат без сигнал. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСофија и официјално е против укинувањето на ветото во текот на преговорите15:00Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35
МакедонијаСофија и официјално е против укинувањето на ветото во текот на преговоритеБугарија е категорично против идејата на Брисел за воведување квалификувано мнозинство, наместо едногласност, како досега, при одлучувањето во текот на пристапните преговори за земјите кандидатки. За бугарската министерка за надворешни работи Петрова Чамова, неприфатлив е новиот документ презентиран во Брисел, кој предвидува земја членка во иднина да не може самата да го блокира напредокот на земја кандидатка се до финишот на преговорите. Одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието, Чамова ги отфрли информациите дека наводно се воделе неофицијални разговори за уставни измени со одложено дејство и за репреговарање обврските на Македонија. -Знаете дека во моментов се одвива процес за можноста за воведување на квалификувано мнозинство во различни фази од процесот за проширување или во други политики на ЕУ, каде што јасно и категорично ја потенцираме позицијата против квалификуваното мнозинство, особено во сферата на проширувањето. Категорично отфрламе на какво било ниво заобиколување, предоговарање, преговарање со одредени земји – членки, желба за таков тип договори кои се во насока да го поткопаат постигнатиот компромис. Дали сме за уставни измени со одложено дејство? Одговорот е не. , изјави Велислава Петрова Чамова, министер за надворешни работи на Бугарија. Петрова Чамова и денеска во Собранието го повтори вчера кажаното по средбата со македонскиот колега, Муцунски во Софија дека не бара ништо освен исполнување на досега преземените обврски на Македонија. Шефот на македонската дипломатија разговорите вчера ги оцени како конструктивни и со позитивен дух, но дека позициите на двете страни се уште се многу далечни. -Позициите на Македонија и Бугарија во однос на прашањата поврзани со европската интеграција сè уште се многу далечни, но средбата со бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова Чамова беше конструктивна и одржана во позитивен дух, при што е договорено дијалогот меѓу двете држави да продолжи по сите прашања од заеднички интерес, изјави вчера Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи на Македонија. Европската Комисија пред три дена го објави документот насловен „Подготовка за поширока Унија”, која освен предлогот за постепена интеграција на земјите кандидатки, предвидува драстично намалување на правото на вето во околу 150 меѓучекори во преговорите, за кои досега требаше едногласност. Конечниот збор ќе го има Европскиот Совет, кој следната недела ќе дебатира за овој предлог.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканДрама во училиште во Риека: Ученик со пиштол се заканувал дека ќе направи масакр Вооружена полиција интервенираше во Средното економско училиште „Мија Мирковиќ“ во Риека поради закана со оружје.Како што неофицијално дознава Индекс, еден ученик им се заканил на девојчињата со пиштол преку социјалните мрежи и најавил дека ќе „изврши масакр“. Полициски службеници биле повикани во училиштето, но ученичките не биле евакуирани. Младиот човек кој ги упатил заканите не се појавил во училиштето. „Добивме пријава и во тек е кривична истрага. Полициски службеници се испратени во споменатото училиште, како и лицата одговорни за малолетничка деликвенција од полицијата“, не информираше полицијата во Риека.Тагови: пиштол Риека Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСофија и официјално е против укинувањето на ветото во текот на преговорите15:00Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35
МакедонијаУрбани Уметнички Акции-„Протест на неисполнетите ветувања“ – јавна уметничка акција во СкопјеГолеми канти за ѓубре, исполнети со дваесетина протестни транспаренти со неисполнети ветувања на властите, се поставени на три локации во центарот на Скопје.Големи канти за ѓубре, исполнети со дваесетина протестни транспаренти со неисполнети ветувања на властите, се поставени на три локации во центарот на Скопје: на кејот на Вардар кај плоштадот, на улица „Македонија“ и на скверот кај КИМ на „Партизанска“. На секоја од кантите е испишана пораката „Протест на неисполнетите ветувања“. Со оваа уметничка акција сакаме да ги потсетиме властите на ветувањата што им ги давале на граѓаните во изминатите дваесетина години, а кои остануваат нереализирани. На транспарентите се потсетува на ветувањата за мега паркови во Скопје, бесплатен јавен превоз, пруга до софија, автопати, пречистителна станица за отпадни води во Скопје, гасификација на домаќинствата, почист воздух и други долго најавувани проекти. Кантите покрај со транспаренти на ветуванјата кои протестираат симболично се полни со пропаднати планови и ветувања што завршиле на буништето на историјата. Инсталациите го прикажуваат местото на кое завршува ветеното откако ќе поминат изборите, додека проблемите за кои биле дадени ветувањата остануваат дел од секојдневието на граѓаните. Се менуваат властите и роковите, но граѓаните продолжуваат да чекаат. Акцијата потсетува дека неисполнетите ветувања не се само заборавени зборови, туку пропуштени можности за подобар град и поквалитетен живот. Преку хумор и јасна визуелна порака, таа повикува на јавна одговорност и на паметење на преземените обврски. Граѓаните имаат право да бараат исполнување на ветеното, а властите имаат обврска да објаснат зошто тоа не е реализирано. Група Урбани Уметнички АкцииКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook