Тргнал од Сицилија кон Малта со автомобил полн со желки и папагали, во багажникот му нашле 377 животни
1Тргнал од Сицилија кон Малта со автомобил полн со желки и папагали, во багажникот му нашле 377 животни
3Спејс Икс прв пат „улови“ Старшип по враќање од орбитата- истото летало повторно може да полета за неколку недели (ВИДЕО)
МакедонијаКузеска: ВМРО-ДПМНЕ брутално ја партизира М-НАВ, се загрозува безбедноста на патниците во авиосообраќајот ВМРО-ДПМНЕ продолжува со системско уништување на државните институции, овојпат преку брутална партизација на една од најсериозните и најчувствителни служби М-НАВ, институцијата која се грижи за безбедноста на сите нас во воздух.На огласот за нови вработувања, избрани се лица кои од квалификации единствено имаат партиска книшка. Во М-НАВ, место професионалци кои знаат англиски и имаат стручни лиценци, ВМРО-ДПМНЕ вработува, сопруг на директорка на Централен регистар, сопруга на Игор Југ — осуден за нападот на Собранието на 27 април и потпретседател на младинската организација на ВМРО-ДПМНЕ. Се врши класичен упад во институцијата отфрлајќи кадри кои ги имаат сите потребни квалификации а се примаат партиски војници. Некои од кандидатите дури не знаеле англиски, а сепак биле фаворизирани, додека другите кандидати без партиски врски биле одбиени. За скандалот да е поголем, интервјуата ги вршеле само директорите од Управниот одбор на М-НАВ без претставници на синдикатот на контролори на летање. Сето ова е уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ го претвора М-НАВ во партиска филијала, наместо во професионална служба која штити животи. М-НАВ не е партиска играчка. Таму се работи за безбедноста на луѓето во авиосообраќајот, за контрола на воздушниот сообраќај, за сериозни задачи кои бараат врвен професионализам и стручност. Со своите одлуки, ВМРО-ДПМНЕ директно ја загрозува безбедноста на граѓаните и ја урнисува довербата во една од најважните институции. СДСМ бара итно поништување на спорниот оглас, враќање на професионалните критериуми и оставка од сите кои го овозможија овој срам. Ќе продолжиме да ја разобличуваме оваа власт која ги гледа институциите само како шанса за партиски вработувања и криминал, а граѓаните ги остава на милост и немилост. Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Треба ли да станеме јужноамериканско гето за Тошковски да поднесе оставка? Се случува вистински хорор со безбедносната состојба. Бараме итно расчистување на случајот, но очигледно е дека Тошковски целосно ја изгуби контролата над безбедносната состојба во државата. Ова што се случува веќе е крајно загрижувачки, сведоци сме на секојдневно пукање, палење возила, напади на службени лица. Криминалот и бандите се чувствуваат заштитено и безбедно со оваа власт и тоа е директна последица на неспособноста на Тошковски, но и толерирањето на криминалците. Тошковски мора да си оди од позицијата министер пред државата целосно да се препушти во владение на бандите по улиците. Полека, но сигурно ни се случува да се претвараме во јужноамериканско гето каде полицијата буквално нема контрола над одредени делови од земјата. Мицковски вели дека мајките можеле мирно да спијат, Тошковски вели дека безбедноста е подобрена, ова се лаги кои граѓаните со потсмев, но и со страв ги дочекуваат. Потребно е да се сфати од страна на власта дека со безбедноста нема играње и таа не смее да биде предмет на нивниот дневен ПР. Скопје, 18 јули 2025 СДСМ Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп: Путин ѝ попушта на Украина, би требало да биде поостар (ВИДЕО)Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин малку омекнува во однос на војната во Украина, велејќи дека би можел да заземе многу поцврст став. Тој, исто така, зборуваше за можноста да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за време на посетата на Кина. Путин малку омекнува, вели Трамп Одговарајќи на новинарско прашање за ставот на Путин во однос на војната во Украина, Трамп ја даде својата оценка за рускиот претседател. „Мислам дека малку омекнува. Мислам дека би можел да биде поцврст. Искрено, мислам дека би можел да биде многу поцврст. Верувам дека омекнува“, рече Трамп. Тој додаде дека верува оти Путин би сакал да види крај на војната. Trump on Putin's war on Ukraine: "I think he could be tougher. I think he could be a lot tougher, frankly." https://t.co/o8OwSrHiUg — Aaron Rupar (@atrupar) November 16, 2026 За Украина ќе се разговара со Путин и Си Трамп објави дека војната во Украина ќе биде една од темите на неговите претстојни разговори со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг. „Ќе разговараме за мојата омилена тема, Украина. Украина ја губи Украина“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа пред да замине на азиска турнеја. Тој додаде дека Русија, исто така, претрпе големи загуби во војната. „Русија губи 25.000 војници месечно. Ќе разговараме за тоа“, тврди американскиот претседател. Средбата меѓу Трамп, Путин и Си треба да се одржи во кинескиот град Шенжен за време на самитот на АПЕК. Една од главните теми ќе биде нуклеарното оружје. Трамп ја остави отворена можноста за средба со Ким Американскиот претседател, исто така, ја објави можноста за средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за време на неговиот престој во Кина. „Можеби ќе се сретнеме и со Ким Џонг-ун“, рече Трамп, оставајќи ја отворена можноста за уште една средба. Трамп и Ким се сретнаа три пати за време на неговиот прв мандат како претседател, последен пат во 2019 година. Оттогаш тие не се сретнале повторно. Вашингтон се обидува да ги обнови разговорите со Северна Кореја за нејзината нуклеарна програма, а евентуалната средба во Кина би можела да го отвори патот за обновување на дипломатските контакти.Тагови: Доналд Трамп украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
БизарноПридвижија воз, долг 7,6 километри со 696 вагони- веруваат дека соборија светски рекорд (ВИДЕО)Јужна Африка успешно лансираше товарен воз со необични димензии, долг 7,6 километри, со вкупно 696 вагони!Овој огромен воз успешно го заврши пробното возење, а државната компанија Транснет верува дека ова постави нов светски рекорд за товарни возови. Сериозен инженерски предизвик Зафатот беше извршен на 18 октомври 2026 година на железничката пруга што го поврзува заливот Салдана, на западниот брег на земјата, со рударскиот регион на Северниот ’Рт. Во текот на два дена, возот помина приближно 860 километри и успешно ја заврши предвидената рута. Зад овој проект стои сериозен инженерски предизвик. Преместувањето на речиси 700 меѓусебно поврзани вагони бара прецизна координација на моќноста на локомотивите и контрола на огромните сили што се јавуваат при забрзување, сопирање и минување низ одредени делови од железницата. За да се постигне ова, Транснет користеше електрични и дизел-електрични локомотиви распоредени по целиот воз. Сите локомотиви работеа синхронизирано, користејќи радио-базиран систем за дистрибуирана влечна сила познат како Радио Дистрибуирана Моќ. Оваа технологија овозможува влечење и сопирање да се распределат на различни точки по должината на возот, што го олеснува управувањето со екстремно долгиот воз. Сите вагони беа празни Интересен детаљ е што сите 696 вагони беа празни за време на пробното возење. Ова не беше нормална комерцијална операција, туку технички тест насочен кон испитување на однесувањето на воз од оваа големина и подобрување на идните операции за тежок транспорт. Доколку резултатот биде независно потврден, тоа ќе значи дека јужноафриканскиот воз го надмина рекордот што го држи Австралија од 2001 година. Во тоа време, рударската компанија BHP користеше товарен воз од 7,353 километри со 682 вагони, објавува Diario UNO. Транснет ќе ги анализира податоците собрани за време на пробното возење, а потоа ќе ги спореди со симулациите направени пред тестот. Добиените податоци треба да помогнат во подобрувањето на распоредот на локомотивите, системите за сопирање и стратегиите за управување со екстремно долги товарни возови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
МакедонијаАпел од родителите на повредената Сара - „Не сакаме протести, туку правда“Семејството на Сара во разговор за порталот OHRID1 кажало дека не поддржува протести за случајот...Тие се заблагодаруваат за огромната поддршка од јавноста, но по последниот развој на настаните во Обвинителството и повторното определување притвор за осомничениот, велат дека во овој момент единствено им се потребни мир и закрепнување на нивната ќерка. Родителите нагласуваат дека нивната борба нема никаква политичка заднина, ниту пак сакаат трагедијата на нивната ќерка да биде искористена за политички цели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter