Кузеска: Триесет дена селективна истрага за Кочани - Канал 5

Кузеска: Триесет дена селективна истрага за Кочани

Поминаа триесет дена од трагедијата во Кочани, во која го загубија животот 61 лице, а уште 200 беа тешко повредени. По 30 дена, повеќе од јасно е дека истрагата за овој настан се води селективно и во сосема погрешен правец.

Кузеска: Триесет дена селективна истрага за Кочани

Ова не е случајно или поради незнаење, туку намерно — со цел да се заштитат актуелни функционери, службеници и началници што морале да постапат кобната ноќ, но тоа не го сториле.

Почитувани граѓани, до овој момент се води истрага, замислете, против дури 59 лица, од кои само двајца се актуелни функционери, а само еден е началник кој бил во оставка.

Замислете, по девет месеци на централна власт и речиси четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ, никој од нивните не е одговорен, а одговорни се сите службеници и функционери до 2022 година. Кај сите осомничени се водат постапки за периодот од 2012 до 2022 година. Но, што е со одговорноста на оние што на денот на пожарот — 16 март 2025 година — биле на високи полициски функции, но и во други институции?

Во изминатите 30 дена, сите правници и експерти за безбедност потврдија дека актуелните раководства на полицијата, ДПИ и низа други институции имале директна одговорност за овој настан.

Дури седум началници, командири и заменик-командири од полицијата, кои според законот вечерта биле должни да го превенираат пожарот и да го обезбедат настанот, не го сториле тоа!

Прашуваме: како е можно, и по која правна логика, никој од нив не е одговорен за настан што се случил за време на нивната смена, а виновни се само претходните?

Како не се најде ниту еден осомничен од актуелните началници и службеници на МВР во Кочани и Штип, кои биле директно одговорни за безбедноста кобната ноќ?

Зошто, на пример, началничката на ОВР Кочани, Марија Цветковска Маневска, не е меѓу опфатените со истрагата?

Зошто началникот на крим-полицијата во Кочани, Томо Донев, не е меѓу приведените? Како е можно ниту началникот на СВР Штип, ниту началникот на крим-полицијата во Штип, исто така да не се опфатени со истрагата? Законските надлежности на полицијата во Кочани и Штип се директно поврзани со безбедносните пропусти таа вечер и непосредно пред трагичниот настан.

Да постапеле, дискотеката ќе била затворена навреме — пред да се случи трагедијата. Со едно законско постапување можело многу да се промени. Најважно, можеле да се спасат животи.

Дали овие луѓе се под политичка заштита на Панче Тошковски и ДПМНЕ?

Почитувани,

Директно го прашуваме Тошковски — зар ќе дозволите покрај целата болка на семејствата, на крајот да добијат и селективна правда?

Министре Тошковски, нели имате малку совест? Вие вршите политички терор и прогон само за да ги заштитите оние што вие сте ги именувале и поставиле.

СДСМ беше конструктивна цели 30 дена, оставајќи простор на истрагата, но сега е јасно — оваа истрага е сè, само не правна постапка. Вашата цел не е ништо друго освен создавање целосно лажна слика за тоа кој е одговорен и насочување на истрагата кон минатото. Ова го правите од првиот ден.

СДСМ бара и ќе продолжи да бара целосна одговорност, во која никој нема да биде изземен или поштеден. Од првиот ден повикуваме на таква истрага и искрено верувавме дека ќе се случи. Наместо тоа, вие решивте да дотурате сол на раната — на болката на семејствата и на граѓаните — водејќи селективна истрага.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Фото: Сопруги на српски фудбалери го истакнаа деколтето?!

Поубавите половини на српските фудбалски ѕвезди,  Предраг Рајковиќ, Александар Митровиќ и на Зоран Бамби Тошиќ го „запалија“ интернетот!

Фото: Сопруги на српски фудбалери го истакнаа деколтето?!

Девојките и сопругите на скапоплатените фудбалери отсекогаш важеле за вистински убавици кои предизвикуваат воздишките меѓу мажите каде и да се појават.

Така е и со сопругите на српските спортисти кои речиси секојдневно ја креваат температурата на социјалните мрежи.

Деновиве на Инстаграм особено се активни поубавата половина на голманот на новиот шампион на Саудиска Арабија, Ал Итихад, Предраг Рајковиќ - Ана, сопругата на најдобриот стрелец во дресот на Србија, Александар Митровиќ - Кристина и избраничката на Зоран Бамби Тошиќ - Јована Гајиќ.

Во преден план на фотографиите се бујните гради и облини на овие убавици.

Кристијано Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот

Светската фудбалска ведета, Португалецот Кристијано Роналдо повторно е најплатениот светски спортист. 

Кристијано Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот

Португалскиот ас трета година по ред, а петти во кариерата е најплатениот спортист во светот со годишна плата од 275 милиони долари, објави магазинот Форбс.

На второ место на листата на најплатени спортисти на Планетата е американскиот кошаркар Стеф Кари од Голден Стејт Вориорс со 156 милиони долари, а трет е британскиот боксер Тајсон Фјури со 146 милиони долари.

Четвртото место го зазема НФЛ ѕвездата Дак Прескот со 137 милиони, додека аргентинскиот фудбалер Лионел Меси од третото падна на петтото со заработка од 135 милиони.

Најкорисниот кошаркар во НБА лигата, Србинот Никола Јокиќ е 41-ви со заработка од 57,6 милиони долари.

Фото: Сексапилна пејачка блеска во бикини!

Кој би рекол дека светската музичка ѕвезда Никол Шерцингер има 46 години.

Фото: Сексапилна пејачка блеска во бикини!

Најсексапилната пејачка во светот според нејзините милиони фанови, со нови фотки иако е длабоко влезена во петтата деценија од животот повторно покажа како блеска во бикини.

Никол уште еднаш ги почести своите фанови со атрактивен изглед во бикини.

По нејзиниот деби настап на овогодинешната Мет Гала, убавата Никол Шерцингер е на заслужен одмор.

Пејачката неодамна на Инстаграм објави жешки фотографии од уште пожешка плажа, а судејќи по објавата, таа ужива „за сите пари“.

притисни ентер