Кузеска информира дека продолжуваат разговортите со Алијанса за Албанците , а за таа цел на Извршниот одбор било одлучено да се формира работна група.
Членови на групата ќе бидат генералниот секретар на партијата , Миле Зечевиќ, членот на ЦО Љупчо Николовски и координаторот на пратеничката група на СДСМ , Јован Митрески.
Таа изјави дека постои голема можност за влез на Алијанса во Владата со цел европска иднина на земјата , забрзан еконопмски развој како и поголема ефикасност во Собранието.