Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски - затоа документите не се праќаат - Канал 5

Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски - затоа документите не се праќаат

Уште една лага на Христијан Мицкоски се распаѓа пред очите на јавноста.

Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски - затоа документите не се праќаат

Со месеци СДСМ предупредува дека Никола Груевски поседува државјанства и пасоши од други држави, меѓу кои и унгарски.

Мицкоски го знаел тоа цело време и свесно ги лажел граѓаните. Како и за се друго, како што лажеше за враќање на името, за поништување на Преспанскиот договор, како што лажеше дека е загрозен македонскиот идентитет. Така и за Груевски.

Затоа Мицкоски изјавуваше дека Груевски ќе биде уапсен и затоа до денеска нема испратено документи за негова екстрадиција во Македонија.

Се е јасно.

Помина повеќе од еден месец откако беше најавено дека во Министерството за правда се подготвуваат документите за екстрадиција.

Граѓаните слушаа најави дека документите се подготвуваат, дека патуваат, дека постапката за ново барање е во тек.

И што се случи – документите никогаш не беа испратени.

Вчера Министерството за правда соопшти дека постапката за екстрадиција продолжува и покрај информациите за унгарско државјанство.

Но и ова е лажна изјава за создавање привид дека нешто се работи.

Да сакаа Мицкоски и Филков досега барањето за ексрадиција ќе беше испратено, веднаш по најавите на новиот унгарски премиер, Петер Маџар, уште пред еден месец дека Унгарија нема повеќе да биде заштитник на криминалци .

Вистината е многу едноставна – Мицкоски и Филков не сакаат Груевски да биде екстрадиран, затоа го штитат.

Мицкоски не го сака враќањето на Груевски затоа што тоа директно би ја загрозило неговата позиција во ВМРО-ОКГ.

Ги тргна сите потпретседатели од партијата а од општинските комитети направи личен фан-клуб, поради страв од враќањето на неговиот ментор.

Филков по секоја цена сака да ја зачува фотелјата, иако веќе се шпекулира дека ќе биде сменет.

СДСМ бара веднаш да бидат испратени документите и да биде побара екстрадиција на Груевски.

Македонија мора да ги активира сите дипломатски канали, ако треба да побара и меѓународна правна помош, да се искористат сите механизми за Груевски да биде изнесен пред лицето на правдата.

Доста лажете. Доста криминалци штитат криминалци.

Испратете ги документите веднаш!

YouTube video

Богданка Кузеска, СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мадона откри како ги избирала момчињата- нејзиниот критериум е тотален хит

Мадона наводно ги оценувала своите момчиња според еден, малку необичен критериум - распоредот во бањата.

Мадона откри како ги избирала момчињата- нејзиниот критериум е тотален хит

Кралицата на поп-музиката признала дека во текот на 80-тите, кога била дел од њујоршката клупска сцена, ги прашувала потенцијалните момчиња дали имаат када и туш што може да ги користи.

„Излегував со момци во зависност од тоа дали имаат када и туш што може да ги користам“, се смееше 67-годишната Мадона како гостин во емисијата Rent Free. „Јас велев: „Добро, каде живееш?“, а тие велеа: „На Горен Вест Сајд“. И јас прашував: „Дали имаш када?“ Тоа беше голем плус за мене.“

Но, тоа не беше единствената „погодност“ што поп-ѕвездата ја бараше кај мажите со кои се гледаше. „Одев кај тоа момче или потенцијално момче и само се бањав или се туширав“, објасни Мадона со смеа. „И јадев храна од неговата мајка!“

Таа има 29-годишно момче

Добитничката на седум Греми награди има импресивен список на партнери зад себе, вклучувајќи ги Тупак Шакур, Ворен Бити и поранешниот сопруг Гај Ричи, со кого ги има синовите Роко (25) и Дејвид Банда (20). Пејачката е исто така мајка на ќерката Лурд (29), која ја има со Карлос Леон, и Мерси (20) и близнаците Стела и Естера (13). Денес, се чини дека ги оставила тие навики зад себе и е во стабилна врска со Акем Морис.

Иако врската со својот 29-годишен партнер ја држи претежно приватна, повремено споделува детали од нивниот секојдневен живот. „Со години сакав да ја гледам коњската трка Палио во Сиена, која се одржува на мојот роденден од 1482 година!“, напиша таа покрај видео со Морис за време на прославата на роденденот во 2025 година во Италија. „Не можам да опишам колку е возбудливо и посебно ова искуство!“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони му врати на Трамп: Запамети, ни јас ниту Италија никого не молиме

Италијанската премиерка Џорџија Мелони го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека измислил приказна за неа откако тој рече дека таа го „молела“ за заедничка фотографија на самитот на Г7.

Мелони му врати на Трамп: Запамети, ни јас ниту Италија никого не молиме

Мелони рече дека е „згрозена“ од неговите коментари и тврдеше дека тие се „целосно измислени“. Во исто време, таа го обвини дека покажува многу поголема грижа кон противниците на Западот отколку кон неговите долгогодишни сојузници.

Последната вербална расправија означува нагло влошување на односите меѓу двајцата десничарски политичари, само неколку дена откако се појавија на самитот на Г7 за да ги стабилизираат претходно затегнатите односи, кои оваа година беа оптоварени со несогласувања околу војната во Иран.

Трамп: Ми беше жал, па се согласив

Снимките од средбата во Франција ги покажаа Мелони и Трамп во долг разговор, но американскиот претседател подоцна посочи дека само ѝ прави услуга што воопшто разговара со неа.

„Веројатно е среќна што разговарав со неа. Не морав да разговарам со неа“, рече Трамп во кратко интервју за италијанската телевизиска станица La7, откако самиот го праша новинарот за италијанската премиерка.

„Ме молеше да се фотографирам со неа. Толку многу сакаше да се фотографира со мене. Не би го направил тоа, но ми беше жал, па се согласив“, рече Трамп, според преводот на телевизијата La7. Телевизиската компанија не го објави оригиналниот аудио запис од разговорот, туку само синхронизираната верзија.

Единствениот европски лидер кој присуствуваше на неговата инаугурација минатата година

Мелони набрзо одговори. „Тврдењата на Доналд Трамп се целосно измислени. Искрено сум шокирана. Не знам зошто претседателот на Соединетите Американски Држави се однесува вака кон своите сојузници. На крајот на краиштата, ова не е прв пат“, рече таа.

Додаде дека е особено разочарана од начинот на кој Трамп им пристапува на противниците на Западот. „Можам само да кажам дека е разочарувачки што тој не покажува иста решителност кон непријателите на Западот и Соединетите Американски Држави, кон чии лидери, напротив, се однесува со многу поголема попустливост“, рече таа.

„Има едно нешто што треба да го запомните: ниту јас ниту Италија никогаш не молиме никого“, тврди таа. Мелони некогаш беше еден од најгласните европски сојузници на Трамп и единствениот европски лидер кој присуствуваше на неговата инаугурација во 2025 година.

Но, таа подоцна го критикуваше американскиот претседател откако тој го нападна папата Лав за неговата осуда на конфликтот со Иран. Со ова, таа се дистанцира од Трамп по избувнувањето на војната, што предизвика остра реакција од американскиот претседател. Трамп потоа ја обвини дека нема доволно храброст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поддршката за ЕУ расте паралелно со револтот од уцените на Брисел

Освен поддршката за членство во ЕУ, се зголемил и ентузијазмот кај граѓаните кои очекуваат влез во Унијата во наредните пет години, покажуваат наодите од Еврометарот.

Поддршката за ЕУ расте паралелно со револтот од уцените на Брисел

Расте поддршката за членство во Европската унија кај граѓаните, но во истовреме зголемен е и бројот на оние кои сметаат дека односнот на ЕУ кон државава е нефер, надмен и уценувачки – од Центарот за европски стратегии (Евротинк) посочуваат дека ова е парадокс во нивното спроведено истражување Еврометар. Освен поддршката за членство во ЕУ, се зголемил и ентузијазмот кај граѓаните кои очекуваат влез во Унијата во наредните пет години, покажуваат наодите од Еврометарот.

-Навистина, тоа се малку контрадикторни податоци, моето толкување на тоа е дека гледаме напредок на Црна Гора и Албанија, гледаме голем напредок на Украина и Молдавија и граѓаните сметаат дека ќе можеме некако да се „пробутаме„ во тој процес, покрај овие држави. // Може да се забележи дека има подобрена перцепција во однос на демократијата и во однос на тоа како се движат работите во државата, се уште преовладувачкото чувство е негативно. - Димитар Николовски, директор на Евротинк

Според наодите, поддршката за влез во ЕУ кај граѓаните потекнува од желбата за подобар животен стандард, додека пак, главната причина поради која тие одбиваат влез во ЕУ е стравот од губење на националниот идентитет. Вториот најчест одговор е дека „нема да се подобри ништо, а само ќе продолжат условите и барањата насочени кон државава„. Сепак, според Николовски, одговорите се разликуваат во однос на етникумот на испитаниците.

-Кај другите етнички заедници освен македонската има многу поголема поддршка за Европската унија, не би навлегувал во бројки меѓутоа дефинитивно и тие негативни ставови кои постојат кон процесот на ЕУ преовладуваат кај македонската етничка заедница. // Можам да истакнам дека кај младите особено постои еден поголем ентузијазам и поддршка за ЕУ отколку кај постарите.- Димитар Николовски, директор на Евротинк

Согласно анкетата, спроведена оваа година во мај и во април, телефонски на примерок од 1001 испитаник, за над 65% од анкетираните, ЕУ останува најдобра алтернатива додека пак 31,5% се на ставот дека Македонија треба да бара сопствен модел за развој надвор од ЕУ. Дополнително, Србија е оценета како убедливо најголем пријател на Македонија а веднаш зад неа е ставот дека државава нема пријатели. Соседна Бугарија пак, со преовладувачки процент е посочена како држава која претставува закана за Македонија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер