Кузеска: Нема да дозволиме да се руши СДСМ, очајничките обиди на ВМРО нема да успеат - Канал 5

Кузеска: Нема да дозволиме да се руши СДСМ, очајничките обиди на ВМРО нема да успеат

Кој во СДСМ одработува за ВМРО-ДПМНЕ и што ќе донесе внатрепартискиот судир во опозициската партија? 

Кузеска: Нема да дозволиме да се руши СДСМ, очајничките обиди на ВМРО нема да успеат

Дел од политичките аналитичари со став дека поделбите и меѓусебните обвинувања во СДСМ влечат корени од лошите резултати на последните избори и не гледаат со оптимизам дека внатрепартиските превирања ќе запрат во блиска иднина. Според Петар Арсовски и двете спротивставени страни во СДСМ имаат своја вистина, но дециден е дека недостатокот на силна опозиција не е добар за демократијата. Што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, вели Арсовски, сигурно нив не им пречи раслојувањето на СДСМ, но во основа, според него тоа покажува дека опозицијата во Македонија во наредниот период ќе слабее.

-Мислам дека ова е нормална еволуција на фактот што СДСМ се уште ги „дигестира“ лошите резултати од претходните избори. Мислам дека овој тренд ќе продолжи внатре, тоа се случувало во повеќе партии. Партијата како и другите реагира доста нервозно на таквите обиди. Истовремено, секој е слободен да прави своја политичка структура, но додека е дел од една политичка структура вистинската адреса за дебата околу функционирањето на раководството е внатре во самата структура. Така што има вистина и во двете страни од приказната. Дел од одвојувањето на поранешни членови на ЗНАМ, сегашните најави за дополнителна фрагментација во СДСМ може да не донесат во едно т.н. „српско сценарио“, ВМРО-ДПМНЕ во средина да доминира, а околу него да има повеќе сателити, послаби опозициски партии, вели Арсовски.

По одлуката на раководството на СДСМ за исклучување на Петре Шилегов и отворениот судир во партијата, откако деновиве тој го актуелизираше барањето за оставка на раководството и најави платформа за промени, дел од поранешните високи функционери на СДСМ, повикуваат на разум и внатрешен дијалог наместо поделби. Јани Макрадули во објава на ФБ реагира дека грижата и лојалноста за СДСМ и државата не се молк, слепо следење и тивки климања со глава, туку одговорни луѓе кои размислуваат, создаваат и придонесуваат. Нема успех со игнорирање на тешките муабети, потребно е единство, напиша Макрадули.

Од СДСМ и денеска обвинија дека постои платформа, за како што велат, рушење на СДСМ осмислена од ВМРО-ДПМНЕ за да се скријат криминалните скандали и лошите резултати на власта.

- Последните анкети направени од самата ВМРО покажуваат дека власта има голем пад на поддршката а има раст на рејтингот на СДСМ. Затоа и постои така наречената ‘Платформа’ – тоа е ‘Платформа за рушење на СДСМ од внатре’, осмислена од страна на ВМРО. Пронаоѓаат уценети лица, нудат пари, вработувања, на некои и бизнис, преку осигурувања, преку банки, фирми. Но ние нема да дозволиме да се руши СДСМ. Овие очајнички обиди на ВМРО нема да успеат. СДСМ има нова сила – нова енергија, изјави портпаролката Кузеска.

Реагираа од владејачката партија. Ниту Филипче, ниту Шилегов се ВМРО-ДПМНЕ, заедничко за нив е тоа што се поразени на избори и не се никаква опција за граѓаните, велат оттаму.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Светската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови.

Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година.

Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика.

„Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи.

Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети.

Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем.

„Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора.

Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците.

Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора.

Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Голема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ.

Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти.

По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот.

За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови.

Почитувани граѓани,

Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите.

Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело.

Сами против сите.

Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена.

Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер