Кузеска: Имаме циркузантска влада која прави театар додека горат депонии и фабрики, одговорност мора да има - Канал 5

Кузеска: Имаме циркузантска влада која прави театар додека горат депонии и фабрики, одговорност мора да има

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција предупреди дека пожарот во Трубарево отвора многу прашања на кои институциите мора да одговорат, граѓаните мора да бидат информирани за загаденоста на воздухот

Кузеска: Имаме циркузантска влада која прави театар додека горат депонии и фабрики, одговорност мора да има

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција предупреди дека пожарот во Трубарево отвора многу прашања на кои институциите мора да одговорат, граѓаните мора да бидат информирани за загаденоста на воздухот и повика на одговорност за еколошката катастрофа.

Како што кажа Кузеска, остануваат отворени прашањата за тоа колкаво количество токсичен отпад изгоре вчера, колкава беше концентрацијата на отровни, корозивни и опасни материи за здравјето на луѓето кои се шират низ воздухот.

„Дали денеска воздухот во Скопје во кој се уште се чувствува мирис на изгорена пластика содржи отровни и канцерогени честички? Дали е целосно безбедно да се биде на отворено во одредени делови на Скопје и околината, за деца, бремени жени, возрасни, болни?“, изјави Кузеска.

Таа посочи дека ова што се случува со пожарите во Трубарево, Дрисла и Вардариште е врв на неодговорност и незаинтересираност, а клучните луѓе во државата наместо да преземат одговорност и решенија измислуваат изговори и се обидуваат својата неспособност да ја префрлат на други.

„Премиерот Мицкоски вели дека „воздухот во Скопје само изгледа загаден ама не е алармантен“. Стојанче Ангелов зборува за хибриден напад, како да сме во шпионски филм, а не во реална еколошка катастрофа. Панче Тошковски е целосно загубен помеѓу измислените приказни и префрлање на одговорноста на некој друг и исто како да не постои.Орце Ѓорѓиевски не гледа чад, туку „политички пожари за политички поени“. Граѓаните се гушат а не гледаат институционален одговор на оваа еколошка катастрофа“, рече Кузеска додавајќи дека нема ниту еден институционален план, ниту една мерка, ниту едно решение.

На прес-конференцијата Кузеска потенцираше дека целата состојба е резултат на некадарност, безобразие и криминална рамнодушност. Затоа како што кажа Кузеска, СДСМ бара итна и темелна истрага за сите овие случаи и одговорност.

„Политичка и кривична одговорност за сите што го прекршиле законот но и за оние од институциите кои не постапиле навреме а имале обврска да го сторат тоа. Одговорност за овој екоцид мора да има. Наместо држава, имаме шатор на циркузантска влада која прави шоу додека горат депонии и фабрики“, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Изложба „Дома“ во Прилеп

Во преполната Ликовна галерија од ЦК"Марко Цепенков" во Прилеп, синоќа беше отворена изложбата на фотографии и дигитални дела "Дома" од прилепските уметници Александра Ацеска и Илија Ацески.

Изложба „Дома“ во Прилеп

Изложбата ја отвори Филип Димкоски, кој посочи дека станува збор за поставка на

фотографии и фотоманипулации, кои носат спој на две различни уметнички перцепции.

"Илија Ацески е конкретен, прецизен и рационален. Ја застапува аристотеловата теорија дека објектот постои само во онаква форма каква што ја гледа набљудувачот. Спротивно на таа прагматичност, за Александра Ацеска, водата не е само вода, ниту пак планината е само планина. Таа во водата ја бара длабочината, а по планинските височини трага до врвот на мудроста. Овде имаме спротивставеност на машката и женската енергија, на визијата на таткото и визијата на ќерката, на мудроста на искуството и на полетноста на младоста, на цврстината на коренот и на силата на крилјата...Слободата со која се создавани делата, им дава слобода и на посетителите делата индивидуално да ги толкуваат и да извлечат свои пораки, поенти и заклучоци, но упатува на тоа дека домот не е конкретен простор, туку специфична состојба на духот. Добредојдовте дома" - рече Димкоски на отворањето на изложбата.

Академската уметница Александра Ацеска живее и работи во Кина, има реализирано повеќе самостојни и групни изложби, а Илија Ацески долги години се занимава со фотографија.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СВР Скопје лиши од слобода едно лице во врска со сообраќајната несреќа на ул. Радишанска

По преземени мерки и активности, СВР Скопје лиши од слобода едно лице во врска со сообраќајната несреќа во Скопје во која вчера загина 19-годишен мотоциклист од скопско.

СВР Скопје лиши од слобода едно лице во врска со сообраќајната несреќа на ул. Радишанска

На 07.08.2026 во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б.(47) од Скопје со привремен престој во Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски таблички, управуван од Н.М.(19) од с.Побожје, скопско.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот Н.М.. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Додека, со телесни повреди се здобил возачот С.Б., констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“. За време на вршење на увидот и по преземени мерки и обезбеден видео запис дојдено е до сознание дека во предизвикување на несреќата, но без физички контакт, учествува и патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, по што возачот со возилото го напуштил местото без да им укаже помош на повредените.

По дополнително преземени мерки, околу 19:40 часот во с.Арачиново, скопско, пронајдено е возилото и возачот С.О.(46) од с.Арачиново. Тој е лишен од слобода, спроведен е во полициска станица и со него е извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Стапката на инфлација се намалува, пониска е и од инфлацијата во еврозоната

​Податоците од Државниот завод за статистика укажуваат на забавување на инфлацијата.

ВМРО-ДПМНЕ: Стапката на инфлација се намалува, пониска е и од инфлацијата во еврозоната

Инфлацијата во јули изнесува 2,3 проценти на годишно ниво што покажува тренд на намалување. Во јули стапката на инфлација во Македонија е под просекот на еврозоната во која стапката на инфлација во јули изнесува 2,9 проценти.

Колку за споредба во април 2026 година инфлацијата на годишно ниво изнесуваше 5,7 проценти, во мај 4,8 отсто и во јуни 3,4 проценти.

Особено е значајно што и во текот на јули продолжува трендот на намалување на цените на храната и безалкохолните пијалаци, кои се пониски за 1,1 процент во однос на претходниот месец. Ова е од големо значење бидејќи храната има најголемо влијание врз семејниот буџет и животниот стандард на граѓаните.

Овие податоци од надлежната институција, Државниот завод за статистика се потврда на политиките кои ги креира Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Бројките несомнено се позитивен сигнал за движењата во економијата. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги следи економските движења и да креира мерки во интерес на граѓаните и нивниот животен стандард.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер