Кузеска: Дали Росица му праќала пораки на Тошковски да моли за помош - Канал 5

Кузеска: Дали Росица му праќала пораки на Тошковски да моли за помош

“Очајно ми треба помош” - напишала младата Росица пред насилникот да и го одземе животот. 

Кузеска: Дали Росица му праќала пораки на Тошковски да моли за помош

Во јавноста се појавија пораки од Росица наводно испратени до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во кои таа зборува за нејзиниот страв и очајно бара помош, се вели во соопштението од СДСМ од денешната прес-конференција на портпаролката Богданка Кузеска.

“Сѐ надевам дека пишувам на право место и дека конечно некој во оваа држава ќе отвори уши и очи за мојата безизлезна ситуација. Човекот кој од декември наваму, ме демне, ме тепа, ми нанесува друг вид на насилство, силува, прогонува и последно пред 5 дена ми ја запали колата е сеуште на слобода”, пишува во пораката која наводно е испратена до министерот Тошковски.

Дали оваа порака Почитуван министре стигнала до вас пред 5 месеци ?

Ако стигнала, што сте направиле?

Прашуваме, бидејќи наводно во оваа порака на Росица е објаснета нејзината целосна голгота низ институциите, името на обвинителот, но и тоа дека на човекот кој ја уби Росица и покрај сите терори кои ги трпела и ги пријавила уредно, стои дека пасошот му е вратен од страна на МВР.

“Вратен му е пасошот од МВР и во моментов слетува во Берлин” напишала Росица.

Прашуваме уште еднаш, дали е ова точно?

Ако е така, тогаш граѓаните со сигурност може да заклучат дека се оставени сами на себе кога се работи и за нивниот живот и дека залудно пријавуваат насилство, закани, демнеење.

Смртта на Росица е трагична. И ниту еден коментар од послушниците на власта не можат да ја намалат сериозноста на непостапувањето на институциите да го спасат животот на оваа млада жена. Ниту Миленко Неделковски, ниту било кој од власта, кој се обидува да ја префрла топката еден на друг.

Каде во оваа држава човек треба и може да се обрати доколку му се закануваат по живот? Доколку го тепаат, му палат автомобил?

Каде може да пријави една жена за да знае дека таа и најблиските ќе бидат сигурни?

Убиството на Росица не смее да биде заборавено.

Убиството на Росица бара одговори, бара дговорност и бара будност и голема сериозност на институциите, а не префрлање на вина еден на друг.

Росица не молчела! Росица пријавувале секогаш кога стравувала за својот живот, а нејзиниот живот и животот на нејзиниот татко згаснаа.

Каква порака е оваа за сите други жени кои собираат храброст да пријават дека трпат насилство, закани, демнеење, дека животот не им е спокоен? Која би била вистинската адреса за нив, ги прашуваме институциите. Или треба да молчат?

YouTube video

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга приведени по инцидент во продавница?

Актерот Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга Исидора Мијановиќ наводно се нашле во центарот на инцидент во познат белградски трговски центар, што ја принудило полицијата да интервенира. 

Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга приведени по инцидент во продавница?

Драмата се одвивала во популарна продавница кога во Исидора се посомневало обезбедувањето, кое потоа сакало да ја претресе, пишува Телеграф.

Нејзиниот сопруг Сергеј, јавуваат српските медиуми, реагирал бурно на ова и не им дозволил да ги претресат нејзините работи, што ескалирало во вербален конфликт. Обезбедувањето потоа повикало полициска патрола која го однела парот во полициската станица.

Таа се огласи откако ја напуштила полициската станица

Исидора подоцна сама ја напуштила полициската станица, додека Сергеј, како што се испоставило, си заминал порано. Таа накратко им се обратила на собраните новинари пред станицата.

„Само дојдов да ги земам документите“, рекла кратко, одбивајќи да биде снимена, пренесува Телеграф.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кина отвора мегацентар за вештачка интелигенција. Ќе троши два гигавати (ВИДЕО)

Кина отвори индустриски парк за вештачка интелигенција во северниот регион Внатрешна Монголија, за кој инвеститорот тврди дека е најголем во светот.

Кина отвора мегацентар за вештачка интелигенција. Ќе троши два гигавати (ВИДЕО)

Комплексот „Envision Galaxy Campus“, сместен во градот Уланкаб, започна со работа во четврток. Компанијата за зелена технологија „Envision Group“ вели дека е најголемиот поединечен центар за податоци со вештачка интелигенција во светот во однос на капацитетот за обработка на токени, објави „Global Times“.

Капацитет и технички спецификации

Новиот комплекс е исто така најголемиот индустриски парк за вештачка интелигенција во Кина, со планиран капацитет од два гигавати. Зафаќа површина од 120.000 квадратни метри и е дизајниран да ја поддржи компјутерската моќ до еден милион единици за графичка обработка (GPU) кои можат да работат истовремено.

Зелена енергија и глобална иницијатива

Компанијата вели дека повеќе од 80 проценти од електричната енергија потребна за работа на центарот доаѓа директно од обновливи извори. Проектот е водечки развоен напор како дел од иницијативата „Mission Gobi“. Со оваа иницијатива, „Envision“ планира да изгради пет гигавати капацитет за зелено пресметување со вештачка интелигенција во пустински и сушни региони низ целиот свет до 2030 година. Планот комбинира големи центри за податоци со обновливи извори на енергија и системи за складирање.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Само 99 примероци и 1.015 КС: Новото „Lamborghini“ оддава почит на „Miura“ (ФОТО)

„Lamborghini“ ги комбинира минатото и иднината: V12 хибрид инспириран од една од најголемите икони.

Само 99 примероци и 1.015 КС: Новото „Lamborghini“ оддава почит на „Miura“ (ФОТО)

„Lamborghini“ ја претстави специјалната серија „Revuelto Miura 60° Homage“, која ја одбележува 60-годишнината од лансирањето на легендарниот модел „Miura“.

Премиерата ќе се одржи за време на настанот „Monterey Car Week“, а производството ќе биде ограничено на само 99 примероци.

Специјалното издание е развиено од одделот „Ad Personam“, одговорен за персонализација на возилата.

На клиентите ќе им бидат понудени девет бои на каросеријата инспирирани од оригиналната „Miura“, со контрастни детали во златна или сива боја, ексклузивни тркала и значки „Miura 60“ на праговите.

Внатрешноста има седишта со мотиви инспирирани од оригиналната „Miura“, дополнителен кожен тапацир, вез „Miura 60“ и плочка што потврдува дека е еден од само 99 произведени автомобили.

Нема промени под хаубата. „Revuelto Miura 60° Homage“ е напојуван од познатиот „plug-in“ хибриден систем кој комбинира атмосферски 6,5-литарски V12, три електрични мотори и осумстепен менувач со двојна спојка.

Вкупната моќност е 1.015 КС (747 kW), што му овозможува на овој хипер автомобил да забрза од 0 до 100 км/ч за само 2,5 секунди, додека максималната брзина надминува 350 км/ч.

Компанијата вели дека специјалната серија претставува комбинација од богатата историја на брендот и модерните опции за персонализација по кои е познат „Lamborghini“ денес.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер