СДСМ: Aроганцијата на Мицкоски и ВМРО-ОКГ нема крај - ја исмејуваат грижата за здравјето на граѓаните
1СДСМ: Aроганцијата на Мицкоски и ВМРО-ОКГ нема крај - ја исмејуваат грижата за здравјето на граѓаните
СветКувајт пресретна иранска балистичка ракета, САД се налутија: Ова е гнасно кршење на примирјето Централната команда на САД (CENTCOM) денес соопшти дека Иран лансирал балистичка ракета кон Кувајт, која кувајтските сили успешно ја пресретнале.„Ова флагрантно кршење на прекинот на огнот од страна на иранскиот режим се случило неколку часа откако иранските сили лансирале пет еднонасочни дронови кои претставувале јасна закана за Ормускиот теснец и регионот. Американските сили успешно ги пресретнале сите дронови, што исто така спречило лансирање на шесто беспилотно летало од ирански контролен пункт во Бандар Абас“, се вели во соопштението на платформата за социјални медиуми X. At 10:17 p.m. ET on May 27, Iran launched a ballistic missile toward Kuwait that was successfully intercepted by Kuwaiti forces. This egregious ceasefire violation by the Iranian regime occurred hours after Iranian forces launched five one-way attack drones that posed a clear… — U.S. Central Command (@CENTCOM) May 28, 2026 Централната команда на САД и регионалните партнери остануваат одмерени и будни додека продолжуваат да ги бранат силите и интересите од „неоправдана иранска агресија“, се додава во соопштението. Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (IRGC) претходно денес соопшти дека нападнале американска воздухопловна база во 4:50 часот наутро по локално време, по американскиот напад во близина на аеродромот Бандар Абас, без да ја наведе локацијата на американската база што била цел. Американската војска изврши нови напади врз воени објекти во Иран во текот на ноќта, соборувајќи четири ирански борбени дронови кои претставувале закана околу Ормускиот теснец, изјави американски функционер.Тагови: Кувајт ракета Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Aроганцијата на Мицкоски и ВМРО-ОКГ нема крај - ја исмејуваат грижата за здравјето на граѓанитеПо враќањето на Христијан Мицкоски од „научната екскурзија“, речникот на ВМРО-ОКГ стана уште поарогантен.Сега ја исмејуваат грижата за здравјето на граѓаните. СДСМ деновиве постојано предупредува за загадена вода низ Македонија, токму затоа што власта на Мицкоски и неговата организирана криминална група ги крие податоците. Поради таа тајност еден цел град од 50.000 жители беше изложен на труење - над 5.000 луѓе побараа лекарска помош. Мицкоски од екскурзија „пушти“ вода за пиење во Гостивар. А документ за исправност на водата сè уште нема. Клековски, кој исто така беше на екскурзија, сè уште не се огласил, иако самиот најави дека првите резултати ќе ги има дури околу 20 август. Наместо премиерот и министерот за здравство - полицаец држи здравица и објаснува колку е „вкусна“ водата. Во случајот со Гостивар видовме целосна негрижа: иако анализите покажаа дека водата е загадена со фекалии, никој не ги предупреди граѓаните. Тие со денови пиеја отруена вода. Се отру и самата болница. Прво еден „полицаец“ (министерот Тошковски) ја хиперхлорираше, потоа друг (Ангелов) ја пушти во употреба со здравица. Од почетокот на кризата - нема ниту едно стручно лице. Ниту еден документ со анализи. Ниту една институција и одговорно лице што стои зад исправноста. Обвинителството на чело со Савевски е целосно на екскурзија. Ниту трага, ниту глас. Пет недели - ниту еден одговорен за Гостивар. Единствено што слушаме се соопштенијата на Мицкоски и ВМРО-ОКГ, преку нивните и Орбановите медиуми, дека „сончаницата му го заматила мозокот“ на проф. д-р Венко Филипче и на целиот СДСМ. Откако повеќегодишните лажни вести и измислени афери граѓаните веќе ги препознаа, сега преминуваат на нов вид кампања - отворено исмејување. Над 50 места во Македонија немаат објавени анализи на водата. Само во последните три дена - уште два случаи со отровни материи во водата во Демир Капија и минералната вода во Кривогаштани. Четири реки се загадени - сè уште нема одговорни. Ова е власт составена од тендер-патриоти, предводена од човек кој во најголемата здравствена криза во последните две години (труење со вода, епидемија на жолтица и западнонилска треска) одлучи да оди на екскурзија - заедно со половина од својата влада. Ароганцијата нема крај. А одговорност сè уште нема. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
БалканДве лица загинаа на грчкиот остров Саламина, во близина на АтинаПожарите во регионот продолжуваат да земаат жртви. Две лица загинаа во пожарот што беснее на островот Саламина во близина на Атина, каде што речиси истовремено избувнаа два пожари, предизвикувајќи евакуација на стотици туристи и локални жители, објавија противпожарните служби. Мобилизирани се околу 150 пожарникари, а на терен дејствуваат и четири авиони и шест хеликоптери. Крајбрежната стража распореди пет брода. Островот Саламина е омилено одредиште на атињаните, особено за време на викендите. Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
МакедонијаСостојбата со пожарите се смирува, утринава регистрирани се 25 пожари од кои 4 се активниСостојбата со пожарите се смирува , утринава регистрирани се 25 пожари од кои 4 се активни, 3 се под кобнтрола , а 18 се изгаснати. Активен е пожарот во општина Студеничани каде гори шума, во општина Македонски Брод кај месноста Видуш, во општина Велес и Зелениково и во Јегуновце и Сарај.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook