Градоначалникот Митовски со празнична порака до граѓаните: Крива Паланка ги чествува деновите на верата, традицијата и рударството
2Градоначалникот Митовски со празнична порака до граѓаните: Крива Паланка ги чествува деновите на верата, традицијата и рударството
Шоу бизКутијата чоколатца од „Форест Гамп“ заработи 25.000 долари на аукцијаПознатата кутија со чоколадни бонбони од филмот „Форест Гамп“ со Том Хенкс од 1994 година, е продадена на наддавање за 25.000 долари.Кутијата, потпишана од Хенкс, е означена дека тежи 23 унци (650 грами), иако кутијата била наполнета со само четири унци песок, за да не падне од скутот на глумецот при снимањето. Американскиот бренд „Рипли, верувале или не!“ го купи добро познатиот реквизит навреме за Денот на вљубените. Оскаровскиот филм „Форест Гамп“ ја следи приказната на истоимениот лик кој, по игра на судбината, се пробива низ многу од најголемите настани од средината на 20. век. Ова остварување освои шест „Оскари“ во 1995 година, меѓу кои и за најдобар филм, најдобар режисер и најдобра главна машка улога - за Хенкс. Заработи 678 милиони долари ширум светот за време на неговото првично прикажување во кино. Друг предмет како сувенир што го купи „Рипли“, е личен рачно бележан адресар којшто му припаѓал на менаџерот на „Битлси“ - Брајан Епстин. Книшката ги содржи адресите и телефонските броеви на бендот, како и, на пр., оние на сер Мик Џегер. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАзески со дел од амбасадорскиот кор во Дебар, присуствуваше и на одбележување на Денот на рударитеАктивности со дел од дипломатскиот кор, на покана на акредитирани дипломати во Македонија, во присуство на бизнисмени од регионот, а на кои беше поканет и претседателот на Стопанската комора Бранко Азески се реализираа во Дебар.Прво во манастирот Св. Јован Бигорски беше реализирана посета и обиколка на црквата и манастирските одаи. По повод посетата а во пресрет на големиот христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, претседателот Азески, подари уметничка слика на манастирот. Неформалното дружење продолжи во релаксиран амбиент на дебарското езеро во хотелот Цами каде со дипломатскиот кор и бизнисмените и истакнати личности од регионот, се разменија меѓусебни мислења за теми од интерес на бизнисот и економскиот амбиент, имајќи го предвид фактот дека дел од актуелните амбасадори се враќаат во своите земји на други владини позиции што остава простор за натамошно продлабочување на соработката со Македонија и со земјите од Западен Балкан. Денеска е денот на рударите, 28 август. Претседателот Азески упатува искрени честитки до сите вработени во рударскиот сектор, компании, институции, науката и академската заедница. Комората во својата организациона поставеност ја има Македонската асоцијација за рударство – МАР која ги обединува најголемите и најзначајните компании кои учествуваат во креирање на Бруто домашниот производ и кои иднината на развојот на секторот ја гледаат преку креирање безбедно, модерно, одговорно користење на природните ресурси со конкретни придобивки за локалните заедници и целокупната економија. „Рударството е значаен дел од македонската економија, но неговиот иден развој мора да се темели на јасни правила, засилен институционален надзор, поголема безбедност, современи технологии и конкретни придобивки за средините во кои се врши експлоатацијата”, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Во 2025 година во Македонија се произведени 130.174 тони бакарен, оловен и цинков концентрат, додека рударството учествуваше со 10,9 проценти во индустриското производство и со 2,8 проценти во вкупниот македонски извоз. Македонија има и Стратегијата за минерални суровини, со која по повеќе децении оваа област треба да добие јасна и долгорочна развојна насока. Во име на Стопанска комора, а и во свое лично име, претседателот Бранко Азески, на верниците од православната вероисповед го честита празникот 28 август Успение на Пресвета Богородица.Тагови: Азески Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГрадоначалникот Митовски со празнична порака до граѓаните: Крива Паланка ги чествува деновите на верата, традицијата и рударствотоГрадоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, утрото на 28 август го започна со видео-честитка до граѓаните, по повод празничните денови кои имаат особено духовно, историско и традиционално значење за Крива Паланка.Во својата порака, Митовски упати честитки по повод Успение на Пресвета Богородица – 28 Август, како и во пресрет на 29 Август – празникот на Св. Јоаким Осоговски, светителот чие име и духовно наследство со векови се нераскинливо поврзани со Крива Паланка и Осоговието. „Ова се денови што имаат посебно место во срцето на секој кривопаланчанец, денови на верата, традицијата и духовноста, кои нè обединуваат и нè потсетуваат на вредностите што ги наследуваме и ги пренесуваме на идните генерации. Нека празничните денови донесат здравје, мир, благосостојба и радост во секој дом“, порача Митовски. Градоначалникот воедно упати честитка и по повод Денот на рударите, нагласувајќи дека Крива Паланка, како рударски крај со долга традиција, со особена почит им оддава признание на луѓето чиј труд, храброст и истрајност се значаен дел од развојот и стопанскиот идентитет на општината. „На сите рудари им го честитам празникот со искрена благодарност за нивниот труд и посветеност. Ви посакувам пред сè добро здравје, безбедна работа и многу професионални и лични успеси. Крива Паланка го почитува и вреднува трудот на своите рудари“, истакна градоначалникот. Со празничната видео-порака, Митовски го најави почетокот на двата значајни празнични дена – 28 и 29 август, кога Крива Паланка традиционално живее во духот на верата, традицијата, гостопримството и почитта кон своите вредности. Тагови: Крива Паланка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаАктивни четири пожари – се уште гори кај скопски Сарај, Гостивар, Македонски Брод и општина ЧашкаСе уште се активни четири пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.Се уште критични се пожарите во општина Сарај, Гостивар, Македонски Брод и општина Чашка. Во пожарите зафатени се шума, ниска вегетација. Од ЦУК инфорамираат дека под контрола се пожарите во општина Делчево на депонијата, општина Студеничaни и Зелениково..Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40