3Меланија разговарала и со Путин и со Зеленски, Трамп ја испофали: Подобра е од професионалец (ВИДЕО)
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
СветКуса биографија на новиот премиер на Франција, Себастијан ЛекорниНовоизбраниот премиер на Франција, Себастијан Лекорни, служеше во шест последователни влади откако претседателот Емануел Макрон дојде на власт во 2017 година, извршувајќи повеќе функции, од кои последната беше министер за вооружени сили.Лекорни (39) претходно бил државен секретар во Министерството за еколошка и инклузивна транзиција (2017 – 2018), министер-делегат за локални власти (2018 – 2020) и министер за прекуморски територии (2020 – 2022). Потоа беше назначен за министер за вооружени сили на Франција, функција што ја извршуваше три години во владите на Елизабет Борн, Габриел Атал, Мишел Барние и Франсоа Бајру, пренесува БФМ. Француската телевизија оценува дека изборот на Лекорни на чело на владата не е изненадување, потсетувајќи дека тој беше фаворит и по изгласувањето недоверба на Мишел Барние во декември 2024 година. Покрај неговата лојалност кон Макрон, се наведува дека Лекорни е избран за премиер и поради блиските врски со левицата, како и добрите односи со крајно десничарското Национално обединување (РН). - Добро е воспитан, пристоен човек е. Имаме добар однос со него, рекол еден пратеник на РН пред именувањето. Пред да ѝ се приклучи на партијата Република во движење во 2017 година, Лекорни бил член на републиканците, но истата година бил исклучен од нивните редови. Според БФМ, новиот премиер сега го очекуваат тешки преговори со различните партии во Парламентот за усвојување на буџетот – задача во која повеќемина негови претходници под Макрон не успеаја. Иако ретко се појавува во медиумите, Лекорни стана познат поради војната во Украина, настојувајќи да организира „повторно вооружување“ на Франција и европските безбедносни гаранции за Киев. Тој, исто така, беше во првите редови во напорите за зајакнување на европската одбранбена индустрија, особено во соработка со Германија. По терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, Макрон го испрати на регионална турнеја за преговори околу ослободување на француските заложници од Појасот Газа. Лекорни подоцна изјави дека неговата позиција во Министерството за одбрана му овозможила да управува со „најголемиот геополитички пресврт од Втората светска војна“.Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЛеонардо Дикаприо и Џенифер Лоренс заедно во новиот филм на Скорсезе Следната година ќе одбележат точно шест децении од првиот игран филм на Мартин Скорсезе.Тоа беше драмата „Кој ми тропа на врата“, направена во независна продукција, но и прв од 26-те филмови на еден од најголемите режисери на денешницата. Сепак, Скорсезе не запира - заврши со снимање на ново дело, кое според последните информации би можело да се најде во кината во текот на следната година. Станува збор за филмот „Што се случува ноќе“. Реализацијата се базираше на истоимениот роман на американскиот писател Питер Камерон. Реализацијата е најавена како готски психолошки хорор, а актерската екипа вклучува голем број големи имиња - предводени од Леонардо ди Каприо, Џенифер Лоренс и Мадс Микелсен. Како што е наведено во синопсисот, приказната се фокусира на американски пар кој патува во мал европски град за да посвои бебе. Колку повеќе се борат за тоа, толку помалку знаат за себе. Филмот се снимаше во првата половина на годината во Чешка и во Швајцарија, а последните информации говорат дека Скорсезе ја завршил и постпродукцијата.Тагови: Леонардо ДиКаприо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаЈокиќ им се нафрли на дел од навивачите на Денвер: Не се веќе добредојдени Денвер Нагетс ги победија Њу Орлеанс Пеликанс по продолжението, но натпреварот беше обележан со остра порака од Никола Јокиќ до дел од домашната публика. За време на натпреварот, тимот загуби со 23 поени разлика од тим кој се смета за меѓу најслабите во лигата, поради што навивачите во салата почнаа да ги исвиркуваат. Иако Јокиќ ги предводеше Нагетс до пресврт и победа со трипл-дабл во кој имаше 35 поени, 15 скока и 10 асистенции, тој беше многу критичен кон однесувањето на навивачите. Тој верува дека тимот, кој бркаше голем дефицит, требало да добие поддршка од трибините. Јокиќ: Кој и да нè исвиркуваше не е добредојден Зборувајќи со новинарите по натпреварот, Јокиќ беше директен. „Мислам дека навивачите кои нè исвиркуваа повеќе не се добредојдени тука, ако мене ме прашувате. Ако нè следите, знаете дека никогаш не се откажуваме и се вративме од многу полоши ситуации. Што се однесува до мене, тие повеќе не се добредојдени“, рече тој. За „Нагетсите“, ова не е прв ваков камбек на домашен терен. Во февруари 2020 година, тие исто така го надминаа дефицитот од 23 поени против „Сан Антонио Спарс“, но потоа ја обезбедија победата во регуларниот дел. Сомнежи за силата на тимот на почетокот на сезоната Победата против „Пеликансите“ е прва за Денвер во сезоната, по поразот од „Оклахома Сити Тандер“ во првиот натпревар, па тимот сега е 1-1. Дури и пред почетокот на сезоната, се поставуваше прашањето дали раководството на клубот составило висококвалитетен тим околу Јокиќ за борба за титулата во силната Западна конференција. Нестабилниот почеток на сезоната, и покрај победата, сугерира дека ваквите проценки биле основани и дека „Нагетсите“ ги очекува барателно продолжение на натпреварувањето.Тагови: Никола Јокиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„На кавга со Иван“ - Иво Ранѓеловиќ Утревечер во 23.00 часот на Канал 5 Телевизија, а претходно на Youtube во 21.30 Иво Ранѓеловиќ ќе му гостува „На кавга“ на Иван Мирчевски. Иво Ранѓеловиќ е политиколог и магистер по компаративна политика и демократија од University College London (UCL), еден од најпрестижните универзитети во светот. Утре вечер на актуелни теми ќе дебатира со Иван Мирчевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook