Куртоа: Реал мора да игра подобро - Канал 5

Куртоа: Реал мора да игра подобро

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, не е задоволен од изданието на неговиот тим на синоќешниот дуел со Ливерпул.

Куртоа: Реал мора да игра подобро

Реал загуби на „Енфилд“ со 1:0 во четвртото коло од Лигата на шампионите, Куртоа беше еден од најдобрите на теренот спасувајќи го својот тим од повисок пораз.

- Реал мора да игра подобро. Во натпревари како денешниот, малите детали одлучуваат сè. Треба да останеме смирени. Пред нас е Олимпијакос, а тоа ќе биде уште еден тежок натпревар. Ако победиме, имаме добри шанси да завршиме меѓу првите осум, изјави Куртоа по натпреварот.

Ливерпул има девет бода и се наоѓа на 6.место на табелата, Реал Мадрид е петти исто така со шест бода. Водат Баерн и Арсенал со максимални 12 бода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: „Нула денари“ е најскапата лага - Владата призна „Рекет на стероиди“ со авансна уплата за идни привилегии, монополи и институционална заштита!

Изјавата на премиерот дека прославите и скапите концерти низ државата ја чинеле власта „нула денари“ бидејќи биле платени од „општествено одговорни компании“ не е вест за домаќинско работење, туку официјално признание за приватизација на државата.

ЛДП: „Нула денари“ е најскапата лага - Владата призна „Рекет на стероиди“ со авансна уплата за идни привилегии, монополи и институционална заштита!

Либерално-демократската партија (ЛДП) алармира дека кога приватниот капитал тајно ги финансира државните манифестации и владината ПР-пропаганда, тоа не е филантропија, туку авансна уплата за идни привилегии, тендери и институционална заштита. Ова не е домаќинско владеење, ова е замена за класичен рекет — систем каде што приватни моќници го купуваат мирот и наклонетоста на Владата, додека граѓаните подоцна ја плаќаат сметката преку монополи и високи цени. Обвинуваа за рекет, сега гледаме маскиран и јавно признат „Рекет на стероиди“!

Залудно власта се обидува да ја замачка јавноста со фразата за „нула денари“. Прво, тие исти компании утре ќе искористат даночни олеснувања за овие спонзорства, со што државниот буџет директно ќе изгуби милионски суми од данок на добивка — што значи дека граѓаните ПАК ја плаќаат сметката! Второ, ако сѐ било приватна донација, зошто Владата ја задолжуваше Државната лотарија уште во април да распишува јавни огласи за уметници од „светска А-класа“ и зошто владини портпароли од официјални говорници најавуваа приватни концерти?

Ете зошто се промовираат монополи во авиосообраќајот и бизнисот. Ете зошто Владата свесно го одбива предлогот на ЛДП за намалување и ограничување на банкарските провизии. Оваа соголена спрега меѓу власта и корпорациите директно го објаснува однесувањето на Владата кон граѓаните. Наместо да им ги намали трошоците на граѓаните, Владата ги штити интересите на банките и олигарсите, за тие за возврат да ѝ ги финансираат сценографиите, забавите и политичкиот маркетинг.

Ваквиот нетранспарентен систем е директно спротивен на сите европски стандарди за владеење на правото и спречување судир на интереси. На Македонија ѝ се потребни Европската Унија и нејзините строги механизми токму за ваквата коруптивна спрега конечно да може правно да се гони. Затоа власта бега од нов Кривичен законик по урнек на ЕУ и бара изговори за да нема реална правна заштита.

ЛДП бара итно објавување на сите договори, спонзори и финансиски текови за одржаните манифестации на сите таканаречени „општествено одговорни компании“. Граѓаните имаат право да знаат кој ја платил државната сценографија, за утре, кога истите тие компании ќе добиваат државни тендери или лиценци, да не се чудиме зашто системот е корумпиран.

Бараме да се активира и Државната комисија за спречување на корупцијата и да направи целосно испитување на овие донации и потенцијалниот судир на интереси!

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обид за атентат врз Зеленски?

Авионот на украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе бил погоден од дрон при полетувањето од Молдавија, изјави денес норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, велејќи дека инцидентот ја одразува „реалноста во која се наоѓа Зеленски“.

Обид за атентат врз Зеленски?

„Неговиот авион речиси беше погоден од дрон при полетувањето од Молдавија. Тоа е реалноста во која се наоѓа“, рече Сторе.

Тој додаде дека ситуацијата во Украина е „многу драматична“ и „остава длабок впечаток“.

„Го прашав како ја поминал ноќта, а тој рече дека не било добро, бидејќи бил на телефон и добивал информации за тоа каде погодиле ракетите“, изјави Сторе за норвешкиот јавен радиодифузен сервис НРК.

Зеленски пристигна од Молдавија во Осло синоќа за да присуствува на погребот на норвешкиот крал Харалд.

Норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе го прими украинскиот претседател во својата канцеларија утрово.

Сторе рече дека Зеленски имал средба со него, министерот за финансии Јенс Столтенберг и министерот за надворешни работи Еспен Барт Ејде веднаш по пристигнувањето во Осло во вторник вечерта.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево

 Активни пожари има во општина Струга меѓу селата Буринец, Локов, Селце и Елевци, во општина Македонски Брод кај селото Белица и кај местото викано Рамно кај селото Брест во општина Чучер-Сандево.

Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и  Чучер-Сандево

Изминатото деноноќие регистрирани се 31 пожар на отворен простор, покажуваат последните информации од центарот за управување со кризи. Од нив, три се сè уште активни, четири се ставени под контрола, додека останатите се целосно изгаснати.

Надлежните служби успеале да ги стават под контрола пожарите кај селото Бенче во општина Македонски Брод, селото Тајмиште во општина Кичево, селото Грачани кај општина Ѓорче Петров, како и пожарот во Делчево каде што е зафатена градската депонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер