Курти: Србија не сака заедница за косовските Срби, туку против Косово - Канал 5

Курти: Србија не сака заедница за косовските Срби, туку против Косово

 Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека не треба тој да го објави нацрт-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство, туку тоа, според него, треба да го направи европскиот посредник, јави дописникот на МИА. од Приштина.

Курти: Србија не сака заедница за косовските Срби, туку против Косово

Предлогот на западните функционери за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство во Косово, на Курти и на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на 21 октомври им беше претставен од претставници на САД, Европска Унија, Франција, Германија и Италија, при нивната посета на Приштина и Белград.

- Сега му следува на европскиот посредник да го објави нацртот јавно и тоа е причината што не можам јас да ги соопштам јавно моите забелешки и критики. Верувајте дека има разни актери кои со нетрпение чекаат од мене да ги прекршам процесот и процедурите и со тоа би се нарушило и претставувањето на Република Косово. Што се однесува до мене, нека го објават нацрт-статутот, за да се отвори и патот за објавување на нашите забелешки и критики, изјави Курти пред новинарите во петокот во Приштина.

Курти, како што известува Радио Слободна Европа, повтори дека на 26 октомври на средбата во Брисел со европските лидери изразил подготвеност да го потпише „пакетот, а не еден од текстовите“ што според него прво значи Основниот договор, па Анексот за имплементација, па дури потоа нацрт-статутот.

Курти и Вучиќ во февруари годинава во Брисел го постигнаа Договорот за нормализација, а во мај во Охрид и Анексот за негова имплементација.

Договорот, од 11 члена, предвидува, меѓу другото, ниво на самоуправување на српската заедница во Косово и меѓусебно признавање на државните симболи, додека од Приштина и Белград се бара да ги спроведат сите претходни договори за дијалог.

Според Курти, Србија со одбивањето да ги потпише договорите „не сака заедница за косовските Срби, туку против Косово“.

- Дадена е единствена и несекојдневна шанса да се запечати нормализацијата. Во оваа прилика би сакал да нагласам дека, доколку Србија беше заинтересирана за нормализација, покрај тоа што немаше да го прекрши Основниот договор од 27 февруари, истовремено ќе постигнеше напредок и во поглавјето 35 од преговорите за членство во Унијата, изјави Курти. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Формула 1 со досега невиден резултат- четири возачи во 0,0099 секунди

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол-позицијата за спринт трката за Големата награда на Холандија во шампионатот на Формула 1. 

Формула 1 со досега невиден резултат- четири возачи во 0,0099 секунди

Расел стигна до пол-позицијата на патеката Зандворт со време од 1:11,567 минути.

Она што ја направи квалификациската сесија особено интересна беше фактот дека четворица возачи беа „оддалечени“ за помалку од стотинка од секундата.

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, беше втор, 0,041 секунди зад Расел. Возачот на Ферари, Чарлс Леклер, го освои третото место, 0,055 секунди зад победникот во квалификациите. Оскар Пјастре од Мекларен беше четврти во квалификациите, 0,0099 секунди зад Расел.

Кими Антонели (Мерцедес), Макс Верстапен (Ред Бул), Луис Хамилтон (Ферари), Пјер Гасли (Алипина), Габриел Бортолето (Ауди) и Арвид Линдблад (Рејсинг Булс) исто така завршија меѓу првите 10.

Спринт трката за Големата награда на Холандија ќе се одржи во сабота во 12:00 часот, додека главната трка е во недела во 15:00 часот. Антонели е водечки во генералниот пласман со 219 бода, Хамилтон е втор со 169, а Расел е трет со 160 бода. Мерцедес е прв во конкуренцијата на тимови со 379 бода, Ферари е втор со 307, а Мекларен е трет со 220.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку шест цивили загинаа во руски напад со дронови врз трговски центар во Украина (ВИДЕО)

Најмалку шест лица загинаа, а околу 90 се повредени во напад со руски дрон врз трговски центар во централниот украински град Кривји Рог.

Најмалку шест цивили загинаа во руски напад со дронови врз трговски центар во Украина (ВИДЕО)

Локалните власти потврдија дека меѓу ранетите во нападот врз родниот град на претседателот Володимир Зеленски има шест деца, објави Ројтерс.

Регионалниот гувернер Олександр Ханжа објави на апликацијата Телеграм дека 21 лице е во сериозна состојба, вклучувајќи и едно дете. Тој објави фотографија од густ црн чад што се издига од погодената зграда.

Целен напад врз спасувачките екипи

Претседателот Зеленски го опиша нападот како „целосно циничен и мизерен“. Тој рече дека втор руски дрон ја погодил истата локација половина час по првиот напад, со намера да ги таргетира службите за итни случаи што пристигнале на местото на настанот.

„Ваквите напади не се ништо повеќе од терористички акти“, рече Зеленски на Телеграм, повикувајќи ја меѓународната заедница да ја смета Русија за одговорна.

Засилени воздушни напади

Нападот доаѓа во време кога Русија ги засилува воздушните напади врз Украина, а војната се приближува кон својата петта година. Во четврток, 17 лица беа убиени во руски напад со балистички ракети врз главниот град Киев. Украина, исто така, ги засили своите напади врз Русија, таргетирајќи ги нафтените постројки и логистичката инфраструктура во обид да ја ослабне способноста на Москва да води војна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Принцот Хари го загуби судскито спор против „Деили Меил“- скапо ќе го чини (ВИДЕО)

Принцот Хари и шест други познати личности добија наредба да му платат на издавачот на „Дејли меил“ почетни 9,54 милиони фунти.

Принцот Хари го загуби судскито спор против „Деили Меил“- скапо ќе го чини (ВИДЕО)

Принцот Хари и шест други познати личности добија наредба да му платат на издавачот на „Дејли меил“ почетни 9,54 милиони фунти откако го загубија случајот за повреда на приватноста во Високиот суд во Лондон, објави Би-Би-Си.

Седумте тужители, меѓу кои и Елтон Џон и Лиз Харли, имаат рок до 28 август да ја платат сумата, а дополнителни 25 милиони фунти ќе бидат платени подоцна, што е голема победа за издавачот „Асошиејтед њузпејперс лимитед“ (АНЛ).

Групата ја тужеше АНЛ поради обвинувања за незаконско собирање податоци, што издавачот жестоко ги негираше.

Судијата Никлин ги отфрли нивните барања на 7 јули, велејќи дека јавните личности не успеале да ги докажат своите тврдења.

Пресудата доаѓа само неколку дена откако војводата и војвотката од Сасекс, Меган Маркл, објавија дека планираат да се вратат во Велика Британија, со нивните деца, принцот Арчи (7) и принцезата Лилибет (5), кои треба да започнат училиште во септември.

Седумте тужители на кои им е наредено да ги платат почетните 9,5 милиони фунти се принцот Хари, Елтон Џон, неговиот сопруг Дејвид Фурниш, Сер Сајмон Хјуз, Сејди Фрост, Лиз Харли и бароницата Дорин Лоренс.

Десетици луѓе дадоа докази за време на судењето, вклучувајќи го и принцот Хари и другите тужители. Војводата од Сасекс долета од САД за лично да присуствува на судењето.

Голем број сегашни и поранешни новинари и раководители во ANL, исто така, дадоа докази, негирајќи какво било кривично дело.

Во заедничка изјава по пресудата од минатиот месец, принцот Хари и бароницата Дорин Лоренс рекоа дека дошле на суд „барајќи правда и одговорност“, но не добиле ниту едното ниту другото, рекоа тие.

„Ова е целосно и очигледно прикривање, но за жал не е сосема неочекувано“, рекоа тие.

ANL побара повеќе од 9,9 милиони фунти како привремена исплата, во исчекување на утврдувањето на конечните судски трошоци.

Сепак, адвокатите на тужителите тврдеа дека привремената исплата треба да биде нешто над 7,9 милиони фунти.

Судијата Никлин претходно пресуди дека тужителите мора да ја платат привремената сума до 28 август.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер