Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување возило“, девет возеле без положен возачки испит
2Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување возило“, девет возеле без положен возачки испит
БалканКурти соочен со опаѓање на поддршката во Косово„Ќе ја продолжиме добрата работа што ја започнавме во изминатите четири години и ќе правиме многу други работи, во согласност со нашите ветувања, од едниот до другиот крај на Косово“, рече Курти по прогласувањето на победата.РСЕ На своите поддржувачи им вети ангажман во секое „ќоше“ на Косово, а тие му дадоа доверба. Движењето Самоопределување, предводено од премиерот Албин Курти, победи на парламентарните избори на Косово на 9 февруари со околу 41 отсто од гласовите, според прелиминарните резултати. „Ќе ја продолжиме добрата работа што ја започнавме во изминатите четири години и ќе правиме многу други работи, во согласност со нашите ветувања, од едниот до другиот крај на Косово“, рече Курти по прогласувањето на победата. Курти ја водеше владата на Косово четири години, почнувајќи од 2021 година и кратко време во 2020 година. Споредено со изборите пред четири години, поддршката за неговата партија е намалена за околу 10 проценти. И покрај тоа, Курти рече дека Самоопределување ќе ја води владата уште четири години. Се уште не е јасно со која политичка сила ќе коалицира оваа партија за да обезбеди 61 пратеник во косовското Собрание, ниту пак политиката што ќе ја води. Кој е Курти? Курти е лидер кој предизвикува бурни реакции од двете страни на политичкиот спектар. За неговите поддржувачи тој е реформатор и заштитник на интересите на земјата која се соочува со надворешни притисоци. За неговите критичари, тој е ригиден идеолог, чијашто неподготвеност за компромиси не само што ги затегна односите со меѓународните сојузници, туку и го изолира Косово на светската сцена. Курти стана познат во 1990-тите откако организираше протести против репресијата на поранешниот претседател на Република Србија, Слободан Милошевиќ. Поради неговиот активизам, тој помина две години во српски затвори и беше ослободен дури по меѓународен притисок. Во 2005 година, заедно со други активисти од Акциска мрежа за Косово тој го основаше Движењето Самоопределување, кое подоцна беше регистрирано како политичка партија. Како нејзин лидер, Курти изгради кариера критикувајќи ги претходните политички елити за корупција и непотизам и спротивставувајќи се на странското влијание. Некогаш познат по водењето на улични протести, па дури и употребата на солзавец во Парламентот, Курти со текот на времето ја омекна својата реторика. Таа повеќе не се залага за обединување со Албанија, туку се фокусира на понатамошно консолидирање на Косово како независна и суверена држава. Курти првпат беше избран за премиер во февруари 2020 година. Сепак, таа влада беше најкратката во повоено Косово. Несогласувањата околу управувањето со пандемијата Ковид-19, а особено пристапот кон дијалогот со Србија, ескалираа во политичка борба. На 25 март, Демократската лига на Косово поднесе барање за недоверба, што доведе до пад на владата на Курти. Помалку од една година подоцна, во февруари 2021 година, беа одржани предвремени парламентарни избори, а Самоопределување освои повеќе од 50 отсто од гласовите. Како премиер по вторпат, Курти вети дека приоритети на неговата влада ќе бидат здравството, образованието и правдата. Што го одбележа претходниот мандат на Курти? Курти вети управување фокусирано на транспарентност и одговорност, нагласувајќи ја важноста од зачувување на националниот суверенитет. И покрај ова, неговата влада е цитирана во извештаите на американскиот Стејт департмент за владина корупција и од Репортери без граници за ограничување на слободата на медиумите. Од 2021 година, невработеноста се намалува, додека економскиот раст е под четири проценти. Платите и пензиите се зголемени, како и странските директни инвестиции. Сепак, она што најмногу го обележа вториот мандат на Курти беше неговата решеност да ја прошири власта на Косово на северот на земјата, каде мнозинското население се Срби, кои долго време ги отфрлаа одлуките на официјална Приштина. И покрај противењето и протестите, Курти назначи албански градоначалници во општините со мнозинско српско население, откако локалната заедница ги бојкотираше изборите, ги замени српските регистарски таблички со косовски, го отстрани српскиот динар од оптек и ги затвори повеќето српски институции кои работеа од повоениот период и вработија илјадници луѓе. Овие одлуки, иако се клучни за неговата визија за суверено и обединето Косово, беа скапи за меѓународните сојузи. Во необичен потег, официјални лица од Европската унија и САД остро ја критикуваа косовската влада, опишувајќи ги нејзините постапки како некоординирани и штетни за српската заедница. - Со ваквите потези Курти го доведе во прашање партнерството со САД, изјави поранешниот помошник државен секретар на САД, Џејмс О'Брајан. Косово може да напредува само со помош на САД и со решавање на нејзините грижи, изјави поранешниот американски амбасадор во Приштина, Џефри Ховениер. Според поранешниот шеф за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, Курти не соработуваше. Како резултат на тоа, ЕУ воведе неколку казнени мерки против Косово, суспендирајќи ја финансиската помош, која останува во сила, и ограничувајќи ги состаноците на високо ниво со косовските официјални претставници. Иако Курти ги оправда своите одлуки како легални и во согласност со Уставот на земјата, сојузниците инсистираа на тоа дека сè што се однесува на северот треба да се разговара во рамките на дијалогот со посредство на ЕУ за нормализација на односите меѓу Косово и Србија. Тој дијалог на високо ниво исто така е прекинат. Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ не се сретнале од септември 2023 година, иако нормализацијата на нивните односи е клучна за европската интеграција и на Косово и на Србија. Неколку дена по тој состанок, вооружени Срби ја нападнаа косовската полиција во селото Бањска во Звечан, при што беше убиен еден полицаец. Во судирот што следеше загинаа и тројца српски напаѓачи. Курти ја обвини Србија за нападот, но тамошните власти негираат каква било вмешаност. Тој го услови продолжувањето на дијалогот со екстрадиција на Милан Радоичиќ, поранешен српски политичар од Косово, кој ја призна одговорноста за организирање на нападот во Бањска. Курти и пред тоа одби да одговори на неколку барања на меѓународната заедница за нормализирање на односите со Србија со преземање чекори кон формирање Заедница на општини со мнозинско српско население. Косово и Србија се договорија за оваа унија во 2013 година, многу пред Курти, а Србија упорно бара нејзино спроведување. Сепак, секоја косовска влада се двоумеше, плашејќи се дека тоа може негативно да влијае на внатрешната функционалност на државата. Слично на тоа, Курти најпрво инсистираше на де факто признавање на Косово од Србија, признавање што не се случи. На митингот со неговите поддржувачи на 1 февруари, Курти повтори дека „Република Косово, со нашата влада на чело, вели 'не' на Заедницата“, српскиот термин што Самоопределување постојано го користи за Заедницата. Со овој став, Курти сигнализира продолжување на пркосниот став кој ризикува дополнително да го продлабочи јазот на Косово со неговите западни сојузници. Но, според Чарлс Купчан, од Советот за надворешни односи на САД, „можеби Курти, по реизборот, ќе биде подготвен да ги ублажи работите“. „...да се движиме во насока што е помалку етно-националистичка и поконструктивна кога станува збор за односите меѓу Приштина и Белград“, рече Купчан за Радио Слободна Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВоена воздухопловна база под напад: Се слушаат силни експлозии, се издига густ чад (ВИДЕО)Областа околу Идлиб и воената воздухопловна база Тафтаназ во Сирија денес беше место на експлозии со непознато потекло, објави информативната мрежа „Сирија нау“, повикувајќи се на очевидци.Според извештаите, експлозиите започнале во 8:00 часот наутро, токму во моментот кога извидувачки авион прелетувал над локацијата. Снимките што кружат на интернет го прикажуваат моментот кога густ чад се издигнал од кругот на воздухопловната база, експлозиите продолжиле во текот на час и половина. Reports from Syria: A large, unidentified explosion occurred at Taftanaz Air Base in the Idlib countryside of northwestern Syria, with thick smoke rising from the base. A second explosion was reportedly heard shortly afterward near the military airfield. Amid drone activity in… pic.twitter.com/h83D3dbaHZ — KORRINA (@KORRINA31535546) October 2, 2026 Локалните жители претпоставуваат дека експлозиите можеби биле предизвикани од детонација на неексплодирани убојни средства во базата, каде што и во минатото се случувале слични експлозии. Воената воздухопловна база Тафтаназ била втора по големина база за хеликоптери во Сирија пред да стане место на воени операции за време на годините на сириската револуција, објави Ал Џезира. Таа била под контрола на опозициски фракции сè додека не била претворена во турска набљудувачка станица по договорот за деескалација постигнат во март 2020 година меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот лидер Владимир Путин. An unidentified explosion rocked Syria’s Taftanaz military airbase in Idlib, sending smoke into the sky, while reports emerged of another blast being heard in the area.#Syria #Idlib #MiddleEast #Explosion #TaftanazAirbase pic.twitter.com/BkiIm2VyCt — TAM (@Awakeningmedia1) October 2, 2026 Во текот на септември, во северозападна Сирија се случија низа експлозии, од кои најновата беше во воен објект во близина на градот Ал-Еис, јужно од Алепо. На 9 септември, 14 припадници на Министерството за одбрана загинаа, а неколку други беа повредени во експлозија во привремен магацин за оружје и неексплодирани убојни средства во Сармада, близу Идлиб. Претходно истиот месец, пет лица загинаа во градот Биниш во експлозија на автомобил натоварен со муниција.Тагови: Сирија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаЛишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување возило“, девет возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит и тоа: А.И.(29) и Х.З.(18), двајцата од Скопје, М.И.(21) и Ш.А.(35) од с.Студеничани, скопско, Р.С.(30) и С.М.(19) од Тетово, А.Ф.(25) од с.Врапчиште, гостиварско, Л.М.(48) од Гостивар и Н.Т.(49) од с.Преглово, Општина Пласница. Додека пак, со активна забрана за управување на моторно возило, возел А.В.(33) од Прилеп. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКаранфилова Пановска: Фон дер Лајен потврди дека ЕУ го признава македонскиот идентитетПораката на фон дер Лајен го потврдува она што СДСМ го говори од 2022 година.Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на прес конференција со Мицкоски јавно потврди дека местото на Македонија е во Европската Унија, заедно со македонскиот јазик, култура и идентитет што уште една потрда на она што говори СДСМ, рече на денешната прес-конференција заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска. „Денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пред сите, пред целата јавност, кажа дека местото на Македонија е во Европската Унија.“ рече Пановска. Пораката на фон дер Лајен го потврдува она што СДСМ го говори од 2022 година — дека Европската Унија е унија на различности и дека европскиот пат подразбира целосно признавање на македонскиот јазик и идентитет. „Воедно, фон дер Лајен кажа дека тие во Европската Унија нè чекаат нас со широко отворени раце, заедно со нашиот јазик, со нашата култура и со нашиот идентитет.“ додаде таа. Пристапните преговори беа отворени во 2022 година, а скрининг-процесот беше заокружен во 2023 година, за време на Владата предводена од СДСМ. ВМРО и Мицкоски, пак, ширеа хистерија за наводно предавство и ветуваа враќање на името, раскинување на Преспанскиот договор и подобри преговарачки позиции. „Нè викаа нас предавници. Велеа дека ќе го вратат името. Ветуваа дека ќе го раскинат Преспанскиот договор, ветуваа дека ќе обезбедат подобри преговарачки позиции. И што се случи? Дојдоа на власт. По доаѓањето на власт, Преспанскиот договор за нив стана ремек-дело на дипломатијата. Ветувањата за подобри преговарачки позиции се претворија во блокиран европски процес„ рече Каранфилова – Пановска. Одолговлекувањето ја влошува позицијата на Македонија. Наместо исчекор во преговорите со Европската Унија, Мицкоски доби упатување кон билатерални разговори со Бугарија, потенцираше заменик претседателката на СДСМ. „Наместо европеизација добивме билатеризација. Колку се повеќе го одолговлекуваме процесот, позицијата на Македонија ќе се влошува. И тоа денеска се случи.“ рече Каранфилова – Пановска. Додека другите земји кандидати напредуваат и отвораат кластери, Македонија останува без патоказ. „Македонија, за жал, после 30 години сериозна стратешка определба, битки и жртви на патот за Европската Унија, ќе остане без патоказ.“ рече Пановска. Блокадата има последици за иднината на државата: младите и бизнисите заминуваат, а граѓаните остануваат посиромашни. Зад изјавите за наводна заштита на идентитетот останува блокиран европски пат, за кој одговорноста ја носат ВМРО и Христијан Мицкоски. СДСМТагови: Каранфилова Пановска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16