Курти се закани: Не можеме бескрајно да ги толерираме барикадите - Канал 5

Курти се закани: Не можеме бескрајно да ги толерираме барикадите

Премиерот на Косово, Албин Курти изјави дека КФОР побарал повеќе време за отстранување на барикадите, но дека тоа не може да се толерира до бескрај, бидејќи барикадите ја попречуваат слободата на движење, пренесува Телеграф.

Курти се закани: Не можеме бескрајно да ги толерираме барикадите

„КФОР побара малку време, но денеска поминаа две недели од поставувањето на барикадите. Тие ја попречуваат слободата на движење. Сега има 11 барикади, кои, како што знаете, не се цивилни, туку униформирани. Му дадовме време на КФОР токму затоа што слободата на движење од позицијата на КФОР ја сметаат за основна вредност“, рече Курти.

По Божиќ ќе се сретне со командантот на КФОР, каде сѐ ќе биде разјаснето.

„Бидејќи утре е Божиќ, наскоро ќе имаме средба со командантот на КФОР, но тоа не може да се толерира до недоглед и не можеме да дозволиме да поминат уште неколку недели без нашата слобода на движење. На таа средба што ќе ја имаме, верувам дека сѐ ќе се разјасни“, рече Курти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Започнаа тридневните парламентарни избори во Русија- на гласачкото ливче исклучиво поддржувачи на Путин

Започна гласањето на тридневните парламентарни избори во Русија, кои Путин ги окарактеризираше како барометар за поддршката на војната против Украина.

Започнаа тридневните парламентарни избори во Русија- на гласачкото ливче исклучиво поддржувачи на Путин

Ова се првите парламентарни избори откако Русија ја започна целосната инвазија врз Украина во февруари 2022, а гласањето, кое ќе го одреди составот на Долниот дом на парламентот, државната Дума, се очекува да ја потврди доминација на владејачката партија „Единствена Русија“ во строго контролираниот руски политички систем.

На опозицијата ѝ е забрането да учествува, а повеќето антивоени кандидати беа исклучени од гласачкото ливче откако Врховниот суд пресуди дека либералната партија ,,Јаблоко“ ги прекршила изборните правила.

Во телевизиско обраќање до нацијата пред изборите, Путин рече дека гласањето ќе помогне да се обезбеди победата на Русија во Украина и да се демонстрира национална решителност наспроти надворешниот притисок. Кремљ вели дека националното единство е од витално значење поради сè поопасните напори на украинските разузнавачки служби и други непријатели да предизвикаат немири во Русија.

Гласањето се одржува во време кога анкетите на јавното мислење покажуваат дека некои Руси станале позагрижени за тоа како конфликтот влијае врз нив. Економијата е под притисок, а некои делови од земјата се соочуваат со недостиг на гориво предизвикан од украинските напади со беспилотни летала.изборите првпат ќе се одржат и во окупираните делови на украинските региони.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Коста Трпков“ во знакот на 60 години ФМУ – младите оперски надежи блеснаа на сцената на НОБ

На 15 септември, во присуство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, се одржа свечениот гала концерт „Млади оперски надежи – Коста Трпков“, посветен на 60-годишниот јубилеј на ФМУ.

„Коста Трпков“ во знакот на 60 години ФМУ – младите оперски надежи блеснаа на сцената на НОБ

Големата сцена на Националната опера и балет на 15 септември беше исполнета со прекрасни вокални интерпретации, емоции и млади музички таленти на традиционалниот гала концерт „Млади оперски надежи – Коста Трпков“, кој годинава се одржа во рамките на одбележувањето на големиот јубилеј – 60 години од основањето на Факултетот за музичка уметност – Скопје.

Свеченоста ја збогати и присуството на претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, а настанот собра значајни гости од музичкиот и културниот живот.

Концертот понуди богата програма со дела од Леонкавало, Моцарт, Верди, Масне, Чилеа, Маскањи, Дворжак, Пучини, Лехар и Гуно, во која настапија студенти, магистранти и професори од класите по соло пеење на ФМУ.

Вечерта ја отвори проф. Д-р Горан Начевски со Прологот од операта „Паљачи“ на Руджеро Леонкавало, по што следуваше Моцартовата „Свадбата на Фигаро“ со настапите на Ангела Стојанова, Олја Алексовска и Суарта Мемети, од класата на доц. М-р Иван Наумовски, како и Фјола Лецај, од класата на проф. М-р Весна Ѓиновска-Илкова.

Публиката уживаше и во моќните интерпретации на Теодора Пејиќ и Леотрим Зејнула, магистранти од класата на проф. Д-р Горан Начевски, како и во настапите на останатите млади уметници кои ја донесоа богатата програма на јубилејниот концерт.

Еден од моментите кои особено ја одбележаа вечерта беше настапот на Иван Наумовски, кој покрај својата солистичка точка со аријата на Хомонај од „Циганскиот барон“ на Јохан Штраус, сцената ја сподели и со својата студентка Анастасија Славковска, студентка во четврта година во неговата класа.

Двајцата го изведоа познатиот Моцартов дует „Là ci darem la mano“ од операта „Дон Џовани“ – изведба која беше моќна, впечатлива и полна со емоции, со одлична вокална интеракција и силна сценска енергија. Двајцата создадоа динамичен сценски дијалог кој беше меѓу запаметливите моменти од вечерта.

Анастасија, пак, во текот на концертот настапи и со аријата „Io son l’umile ancella“ од операта „Адријана Лекуврер“ на Франческо Чилеа, покажувајќи сигурност, вокална зрелост и сценска присутност.

Младата сопранистка привлече внимание и со својот сценски изглед. За свечениот настап Анастасија блесна во елегантна креација од Елена Лука, која совршено се вклопи во гала-амбиентот на Националната опера и балет. Софистицираниот сценски изглед го заокружи нејзиното појавување и дополнително ја истакна младата уметница под светлата на големата сцена.

На сцената се претставија и други млади пејачи од класите на Горан Начевски и Весна Ѓиновска-Илкова, продолжувајќи ја традицијата на концертот „Коста Трпков“ како сцена на која студентите ги покажуваат своите вокални можности пред професионалната публика.

Целата вечер беше водена од сигурната рака на маестра Бисера Чадловска, а оркестарот на Националната опера и балет им даде професионална музичка поддршка на младите солисти.

„Коста Трпков“ и оваа година покажа дека е една од значајните сцени на кои младите пејачи добиваат можност своето знаење стекнато на ФМУ да го претстават пред голема публика – во друштво на своите професори и со поддршка на професионалниот оркестар на Националната опера и балет.

Јубилејното издание беше уште една свечена потврда на шестдецениската приказна на ФМУ – Скопје, институција која со генерации создава музичари и уметници и остава трага врз македонскиот музички и оперски живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шокантен инцидент во Италија: Ученик избоде наставничка

Се обидел да го пренесува нападот во живо на социјалните мрежи.

Шокантен инцидент во Италија: Ученик избоде наставничка

Според неименувани извори, ученик во средно училиште во римската населба Ченточеле денес испрскал наставничка во лицето со спреј-бибер, а потоа ја избодел.

Наставничката добила итна медицинска помош. Иако нејзиниот живот не е во опасност, таа претрпела шок, наведуваат изворите, а пренесува агенцијата „ANSA“.

Напаѓачот, 13-годишно момче, се обидел да го пренесува нападот во живо преку својот мобилен телефон, користејќи ја апликацијата „Телеграм“.

Според изворите, друг ученик го спречил нападот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер