Курти пред СБ на ОН: Немам ништо против Србите - Канал 5

Курти пред СБ на ОН: Немам ништо против Србите

Немам ништо против Србите, подобро ќе ги информирам за забраната за користење динари.

Курти пред СБ на ОН: Немам ништо против Србите

Косовскиот премиер Албин Курти синоќа пред Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк изјави дека нема ништо против Србите и дека ќе се обиде детално да ги информира за одлуката динарот повеќе да не се користи како средство за плаќање во Косово.

За време на дискусијата на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата на Косово, закажана на барање на Белград, Курти рече дека во следниот месец, колку што е периодот на транзиција до спроведувањето на одлуката за укинување на динарот како платежно средство, ќе понуди повеќе информации и повеќе ќе комуницира со косовските Срби за тоа прашање.

„Динарот не е забранет во Косово, српските граѓани можат да го задржат динарот, но еврото е единственото платежно средство. Толку субвенции, социјална помош, грантови за образование и здравство дадовме на општините со српско мнозинство и сите тие без проблеми прифатија евра. Ниту еден косовски Србин не рекол дека не ги прифаќа овие средства затоа што се во евра. Во Црна Гора околу четвртина од населението се декларира како Срби и за валута го имаат еврото. Обичните Срби не го мразат еврото“, рече Курти.

Тој изјави дека во следниот месец ќе „работи“ со Србите за да ги запознае со новите прописи, според кои еврото е единственото платежно средство во Косово.

„Ќе зборувам на српски за да ме разберат подобро. Ние, кои бевме под окупација на Србија, го знаеме српскиот јазик, а тие не го научиле нашиот јазик. Ќе зборувам на српски, немам ништо против Србите, имам српски пријатели, имам српски министер во владата, мојата партија со тајно гласање избра за заменик народен правобранител припадник на српскиот народ “, рече Курти.

Тој додаде дека смета оти криминалци се само поединци и дека етничката заедница не може да биде криминална.

Курти, обраќајќи му се на српскиот претседател Александар Вучиќ, рече дека е критикуван за едностраните потези, а за билатералните Белград треба да го потпише Договорот за патот кон нормализација меѓу Косово и Србија, за кој двајцата лидери усно се согласија во февруари 2023 година.

Имаме договор, но за да не го прекршиме и целосно да го имплементираме, порачувам да преземеме билатерална акција, а тоа би било потпишување на договорот“, рече Курти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почувствуван земјотрес во Гостивар и околината

Земјотресот е почувствуван од жителите на градот Гостивар и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Почувствуван земјотрес во  Гостивар и околината

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 16 часот и 10 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на околу 47 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.5.

Земјотресот е почувствуван од жителите на градот Гостивар и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот,

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Д-р: Даниловски: Сега не може да се каже дека ова е врвот на епидемијата на Западен Нил

Епидемиологот доктор Драган Даниловски за Канал 5 вели дека Македонија веќе се наоѓа во засилена трансмисија на Западен Нил, но не може да се каже дали ова е врвот на епидемијата..

Д-р: Даниловски: Сега не може да се каже дека ова е врвот на епидемијата на Западен Нил

Смета дека околу 80 проценти од заразените се асимптоматски..

Целиот разговор на Сања Трајковска Ставров со епидемиологот доктор Драган Даниловски погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Холивудска ѕвезда од 90-тите забележана по подолг период во јавноста

Холивудската актерка Бриџит Фонда ужива во своите пензионерски денови далеку од Холивуд.

Холивудска ѕвезда од 90-тите забележана по подолг период во јавноста

Бриџит Фонда била забележана неделава во Лос Анџелес, за време на едно од своите ретки појавувања во јавноста.

Пензионираната 62-годишна актерка е фотографирана како излегува од ресторан во друштво на асистентката .

Бриџит на себе има обична маица на риги и црни панталони и воопшто не неликува на онаа русокоса убавица од деведесетите година на минатиот век.

Фонда ретко се појавува во јавноста откако го напушти Холивуд пред повеќе од дваесет години.

Ѕвездата на филмот *Single White Female* се појавува многу ретко во јавноста а, најголемо медиумско внимание привлече нејзиното излегување со сопругот Дени Елфман.

Тоа се случи кога беа фотографирани заедно за првпат по 16 години, по враќањето од патување во Лос Анџелес. Таа се омажи за поранешниот фронтмен на бендот „Оинго Боинго“ (Oingo Boingo) во 2003 година.

Една година подоцна, парот објави дека Фонда очекува дете, а својот син Оливер го добија на почетокот на 2005 година. Актерката, позната и по улогата во *Кум 3* (The Godfather Part III), се повлече од глумата за да се посвети на одгледувањето на својот син, кој сега има 21 година.

Бриџит Фонда потекнува од познато актерско семејство; таа е ќерка на Питер Фонда, внука на Џејн Фонда и внука на Хенри Фонда. Во 2023 година, таа му изјавила на еден папарацо дека нема намера да се врати на глумата бидејќи е „прекрасно да се биде обичен граѓанин“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер