Курти повтори дека „ЗСО не поминува“, опозицијата го обвини дека веќе ја прифатил - Канал 5

Курти повтори дека „ЗСО не поминува“, опозицијата го обвини дека веќе ја прифатил

Заедницата на српски општини не поминува – вака косовскиот премиер Албин Курти одговори на обвинувањата од опозицијата во Приштина за предлогот за нормализација на односите со Белград.

Курти повтори дека „ЗСО не поминува“, опозицијата го обвини дека веќе ја прифатил

Во жестоката дебата која траеше до доцна во ноќта, Курти истакна дека токму формирањето на заедниците е главната работа која српскиот претседател Вучиќ ја барал на секоја средба, а односите на релација Белград- Приштина без меѓусебно признавање според него би биле абнормални. На обвинувањата од косовската опозиција возврати дека тие гласале за ЗСО, а не тој и неговата партија.

„Заедницата“ помина тука во Собранието, „Заедницата“ не поминува и нема да помине во судот, не помина кај народот. „Заедницата“ не поминува кај премиерот и кај Владата. Но, помина во Собранието, изјави - Албин Курти – Премиер на Косово.

Во меѓувреме, од официјален Берлин кој е еден од креаторите на предлогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина на прашање на косовска „Газета Експрес“ со порака дека формирањето на ЗСО е дел од предлогот кој треба да се спроведе. Формирањето на ЗСО беше и главна тема на средбите во Белград на српскиот претседател Вучиќ со амбасадорите на САД и Велика Британија.

-Мислам дека прашањето кое е нај итно и кое треба веднаш да се адресира е „Заедницата на српски општини“ и има неколку причини зошто е толку важно тоа да се адресира, најпрво е бидејќи тоа постои веќе 10 години и второ, мислам дека ако го решат, тоа ќе ги врати луѓето во институциите, и целта е да се смири ситуацијата бидејќи тоа ни е потребно, вели Кристофер Хил – Амбасадор на САД во Србија.

На последната средба во Брисел, двајцата лидери Вучиќ и Курти, како што соопшти Европската Унија, начелно го прифатиле договорот од 11 точки и во моментов фокусот е ставен на начините на негово спроведување.

Српскиот Претседател по неговото враќање изјави дека нема да прифати влез на Косово во Обединетите нации, а косовскиот премиер Курти пак го обвини дека на тој начин веќе го прекршил членот 4 од Европскиот предлог. Следната средба на Вучиќ и Курти со високите претставници на Унијата е закажана за 18 месецов во Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам.

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на меѓусебната соработка и зајакнувањето на партнерските односи во повеќе области.

Посебно беше истакнато значењето на регионалната соработка и координацијата меѓу девете држави, како важен придонес кон остварувањето на заедничките приоритети и зајакнувањето на стабилноста и партнерството.

На средбата беа разменети и мислења за актуелните политички и економски прашања, како и за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката меѓу двете држави.

Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистината

Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната Надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола побара 45 минути пауза, поради лагите изнесени од страна на Мицкоски за Алта банка. 

СДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистината

„Барам процедурално затоа што иако Надзорната расправа требаше да биде а институт во којшто ќе се обзнани вистината пред јавноста, во претходниот исказ на сведокот слушнавме низа на невистини затоа што се мафташе со некои списоци. Во меѓувреме ги извадивме записниците и затоа барам барам 45 минути пауза за да се обзнани вистината. Вистината којашто некој сакаше да ја покаже пред јавноста, а тоа е лагата“, рече Битиќи.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“

Елена Костадиновска и Никола Бубевски се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје.

Европско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“

Почетокот на Европското првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје означи старт на една од најголемите спортски манифестации од овој ранг кај нас, каде што за медали во конкуренција на најдобрите ќе се борат импресивни 1.191 натпреварувач од целиот континент.

Покрај македонските репрезентативци на татамите и ринговите, значаен дел од македонската делегација се и нашите меѓународни сениорски судии Елена Костадиновска и Никола Бубевски. Нивното учество на ваков престижен турнир е големо признание за нивниот професионализам, довербата од Европската федерација и потврда за квалитетот на македонската судиска организација на меѓународната сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер