Курти победи на изборите на Косово, но ќе мора да коалицира за да формира влада - Канал 5

Курти победи на изборите на Косово, но ќе мора да коалицира за да формира влада

Премиерот Албин Курти и неговата левичарска националистичка партија Самоопределување (ВВ) победија на парламентарните избори на Косово, покажуваат излезните анкети и првичните резултати на Централна изборна комисија (ЦИК).

Курти победи на изборите на Косово, но ќе мора да коалицира за да формира влада

За Самоопределување гласале меѓу 37% и 42% од избирачите, но владејачката партија предводена од Курти најверојатно ќе зависи од коалиционите партнери за да продолжи да владее.

На изборите во 2021 година, Движењето Самоопределување имаше повеќе од 50 проценти од гласовите.

Податоците од четири организации кои спроведоа постизборни истражувања, сугерираат дека десноцентристичката Демократска партија (ПДК) на Мемли Красниќи освоила меѓу 19% и 23% од гласовите, центристичката Демократска лига на Косово (ЛДК) на Лумир Абдиџику од 19% до 20% и конзервативната Алијанса за иднината (ААК) на Рамуш Харидинај меѓу 6% и 8%.

Останатите партии и коалиции нема да го надминат прагот од пет проценти за влез во парламентот.

Според проекциите од освоените гласови, ВВ во новиот состав на законодавниот дом ќе има 43 пратеници, ПДК 25, ЛДК 23 и ААК девет.

Без разлика на изборните постигнувања во водечките политички партии, 20 од 120 места во парламентот се резервирани за етничките малцински групи: 10 за Србите и уште 10 за другите, вклучувајќи ги Бошњаците, Турците и Ромите.

На денешните први редовни, а вкупно девети парламентарни избори во Косово од прогласувањето на независноста, се гласаше на 2.533 гласачки места, а право глас имаа 1.970.944 лица во самото Косово и 104.924 во дијаспората. Косовските граѓани во странство гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва, лоцирани во 19 различни земји.

На изборите учествуваат 28 политички субјекти, од кои 20 политички партии, пет коалиции, две граѓански иницијативи и еден независен кандидат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Нови еколошки алатки за почист и уреден град

Денес беа промовирани новите еколошки алатки на ЈП „Комуналец“, наменети за поефикасно и современо одржување на градските зелени површини.

Јанчев: Нови еколошки алатки за почист и уреден град

Новата опрема ќе придонесе за полесно, побрзо и поеколошко одржување на Градскиот парк „Љупчо Шкартов“, создавајќи почисто и поубаво место за сите граѓани, соопшти градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Москва: Подготвени сме за нови идеи за мир во Украина, но само ако ја одразуваат реалноста на терен

Русија е подготвена да разгледа нови американски предлози за прекин на војната во Украина, но тие мора да ја земат предвид состојбата на терен и руските барања, изјави заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Москва: Подготвени сме за нови идеи за мир во Украина, но само ако ја одразуваат реалноста на терен

Според него, комуникацијата меѓу Москва и Вашингтон продолжува на повеќе нивоа, вклучително и меѓу владините структури и безбедносните служби.

Тој оцени дека американската страна во одредени моменти покажала „конструктивен пристап“ и поголемо разбирање за руските позиции, но додаде дека напредокот ќе зависи и од влијанието на Вашингтон врз Киев и европските сојузници. Русија во моментов контролира околу една петтина од украинската територија, а Москва инсистира секој мировен договор да ја земе предвид сегашната состојба на фронтот.

Украина, пак, останува на ставот дека договор кој би ја легализирал руската окупација е неприфатлив..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Официјална Тирана реагира зашто немало албанска химна на фестивалот во Пустец на кој присуствал премиерот Мицкоски

Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија реагира по културниот настан одржан вчера во Пустец на кој присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, поради тоа што не била интонирана химната на Албанија, покрај македонската.

Официјална Тирана реагира зашто немало албанска химна на фестивалот во Пустец на кој присуствал премиерот Мицкоски

Албанското МНР го опиша ова како сериозен недостаток на почитување на националните симболи и правилата на институционалниот протокол.

- Почитувањето на националните симболи не треба да биде прашање на политика или толкување. Тоа е дел од институционалната етика, протоколот и, пред сè, меѓусебно почитување, особено во простор каде што коегзистираат различни заедници и идентитети. “, пишува во реакцијата на албанското минстерство.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера објави дека ја посетил Мала Преспа и присуствувал на Фолклорниот фестивал „Преспа 2026“ посветен на македонската традиција, култура и фолклор, што се одржал под негово покровителство.

Оттаму порача дека границите може да ги поделат териториите, но не може да ги избришат јазикот, културата и чувството на припадност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер