Курти: Одлуката за забрана на динарот нема да се укине - Канал 5

Курти: Одлуката за забрана на динарот нема да се укине

Косовскиот премиер Албин Курти соопшти дека неговата влада нема да се меша во одлуката на Централната банка на Косово (ЦБК) за забрана на динарот, но дека одлуката нема да биде поништена.

Курти: Одлуката за забрана на динарот нема да се укине

Курти за британскиот медиум „Блумберг“ изјави дека се залага за новата регулатива на Централната банка на Косово за постапување со готовина, пренесува Бета.

Тој додаде дека Србите ќе имаат време да се прилагодат на новата одлука.

- Не можам да ја поништам оваа одлука. Нема да имаме какви било казнени мерки, не сакаме никого да казниме, рече тој.

Зборувајќи за Бриселскиот договор и Охридскиот анекс, Курти рече дека е потребен договор со Србија што е можно поскоро и дека сегашните тензии немаше да постојат доколку има де факто и де јуре признавање од Србија.

Гувернерот на Централната банка на Косово, Ахмет Исмаили, во програмата на Слободно Српски рече дека Регулативата на ЦБК за готовинско работење, од 27 декември 2023 година, која предизвика загриженост кај косовските граѓани кои примаат приходи во динари, е донесена за да се обезбеди интегритет и подобрување на финансискиот систем на Косово.

„Уредбата првично се однесуваше на прашањето за интегритетот на финансискиот систем на земјата, регулираше дека увозот и извозот на пари, готовина во Косово, се врши само преку Централната банка, бидејќи, во согласност со законот, таа е единствената што е овластена да ја снабдува економијата, или ако го вршат други финансиски институции, да побараат дозвола од Централната банка, така што, на овој начин ќе знаеме колку пари доаѓаат и од која локална или меѓународна банка, а и колку пари излегуваат“, појасни Исмаили.

Регулативата на ЦБК директно не забранува ниту една валута, додаде тој, дури ни динарот, кој има ист статус како и другите валути што не се евро.

„Ако го забранивме динарот, ќе требаше да ги забраниме и фунтата, франкот и доларот. Всушност, тие не се забранети, само беше дефинирано дека само една валута, еврото, служи како платежно средство, како платен инструмент. Дозволено е да се држат сите други валути, вклучително и динарот. Затоа, секој Србин од Косово не прави никакво прекршување на законот кога има динари во џебот, тоа е негов избор, тој има право да оди и да ги конвертира во лиценцирана институција, било од евра во динари, дали динари во евра, има право да има штедна книшка во банка, доколку банката му понуди во динари, рече тој и потврди дека Регулативата не забранува примање средства од Србија во ниту еден член.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

14.440 евра без докажано потекло пронајдени во возило кај Бучим, 35-годишник заврши во притвор

Полицијата пронашла 14.440 евра во различни апоени при преглед на автомобил на магистралниот пат Радовиш–Штип, по што бил лишен од слобода 35-годишен жител на Бучим.

14.440 евра без докажано потекло пронајдени во возило кај Бучим, 35-годишник заврши во притвор

Полициски службеници пред два дена запреле возило„ауди“, управувано од 35-годишник од село Бучим, за кого претходно била изречена мерка на претпазливост –за кривично дело поврзано со неовластено пуштање во промет на наркотични дроги.. При прегледот на возилото возачот не приложил доказ за нивното потекло. По насоки на Јавното овнителство, осомничениот бил изведен пред судија во Основниот суд Гевгелија, кој му определил 30-дневен притвор, а потоа бил спроведен во „Затворот Скопје“.

Тој се сомничи за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Граѓаните сериозно ги сфаќаат препораките, зголемена потрошувачка на средствата против комарци

Стравот од комарците ги празни рафтовите со репеленти и спрејови против инсекти во скопските аптеки. 

Граѓаните сериозно ги сфаќаат препораките, зголемена потрошувачка на средствата против комарци

Дел од фармацевтите за Канал 5 потврдуваат дека средствата за заштита периодов се продаваат како алва. Граѓаните велат дека по комарниците на прозорците и вратите токму спрејот е еден од поефикасните начини да се заштитат од убодите на комарците кои можат да го пренесат вирусот Западен Нил.

По вториот смртен случај, кај дел од нив е зголемена и загриженоста, но некои повеќе стравуваат за децата.

Иако кај многу мал број на луѓе оваа инфекција може да се манифестира со тешка форма, најчесто кај повозрасни луѓе со хронични болести, тоа не значи дека не може да се јави кај деца. Случаи со западно нилска треска која и кај мало предизвикала воспаление на мозокот сме имале во изминатите години, потврдуваат педијатрите.

Разликата е дека претходно Западен Нил „се увезуваше“ од странство, најчесто од Грција, а сега, инфекцијата е присутна и на наше тло.

Сите случаи на западно нилска треска кај нас се потврдени кај лица над 60 годишна возраст кои имаат коморбидитети. Досега овој вирус за една недела зеде два човечки животи, а според официјалните информации од Клиниката за инфективни болести, седум луѓе се на респиратор и се борат за живот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одговорноста за функционирањето на водоснабдителниот систем во Гостивар е во надлежност на локалното јавно претпријатие

Одговорноста за функционирањето на водоснабдителниот систем во Гостивар е во надлежност на локалното јавно претпријатие, и од овој момент па натаму грижата е целосно кај Водовод во Гостивар, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговорноста за функционирањето на водоснабдителниот систем во Гостивар е во надлежност на локалното јавно претпријатие

Институциите на централната власт, според него, презеле низа мерки за надминување на кризата со водата, а како Владата, водата ја прочистиле за неполн месец. За обвинувањата на опозицискиската СДСМ дека власта е одговорна за загадувањето на водата за пиење, Мицкоски рече дека градоначалникот на Гостивар е кадар што на последните избори бил поддржан од СДСМ.

-Јавното претпријатие има свое раководство. Раководството го поставува градоначалникот, а градоначалникот беше поддржан на вонредните избори од СДСМ. Затоа вие нема да слушнете од страна на СДСМ – одговорност од градоначалникот бидејќи тој е нивен кадар, туку ќе слушнете дека бараат одговорност од таму каде таа одговорност ја нема туку, напротив, од страна на Владата ние дадовме се што можевме состојбата да се нормализира како никогаш досега, односно за помалку од 4 недели комплетно е прочистен системот, изјави Мицкоски.

Од СДСМ, пак, прашуваат зошто и по пет недели од здравствената катастрофа во Гостивар досега не одговара никој од власта, а не е објавен, како што велат, ниту еден официјален извештај ниту анализа за водата во Гостивар. Го повикаа државниот обвинител Савески да постапи по кривичните пријави кои СДСМ ги поднесе.

-Доколку јавниот обвинител Ненад Савески се врати од екскурзија прашуваме дали постапи по кривичните пријави поднесени од СДСМ? Дали утврди кој ќе одговара за здравствената катастрофа во Гостивар? Ги повика ли на распит Клековски, Андоновска, Мицкоски, Тошковски? Кој ќе одговара за изјавите дека водата е исправна да се користи како „техничка“ а потоа дека има многу различни бактерии? Зошто досега ниту еднаш не беше објавен јавен документ за анализата на водата во Гостивар, изјави Штерјова од СДСМ.

Премиерот Мицкоски, коментирајќи го случајот со дезинформациите дека водата во Скопје е загадена со ешерихија коли кажа дека Владата имала информации ден претходно дека опозициски партии подготвувале обид за ширење на хистерија преку социјалните медиуми, а паралелно, за лажните вести гледа и комерцијална заднина.

- Јас се надевам дека со новите измени на Кривичниот законик ќе има и казнена одредба за ваквите лица кои свесно создаваат хистерија, односно вршат еден своевиден хибриден напад, создаваат чувство на немир, чувство на страв кај граѓаните. Но, она што мене посебно ме загрижува е мислам дека тука има и некои други, би рекол, повеќе комерцијални обиди, бидејќи за еден ден најненадејно голем дел од маркетите ги испразнија своите резерви на и количини на флаширана вода, Мицкоски.

За ширењето на лажни вести за водата во Скопје досега на разговор во полициска станица се повикани повеќе од 10 лица, но МВР засега нема поднесено пријава против никого. Предмет засега нема отворено ниту Обвинителството од каде велат дека се чека полицијата да утврди дали во конкретните случаи постојат елементи за понатамошно постапување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер