Курти најави производство на дронови и милијарда евра за војската на Косово - Канал 5

Курти најави производство на дронови и милијарда евра за војската на Косово

Премиерот на Косово во технички мандат Албин Курти изјави дека во наредните четири години ќе бидат издвоени повеќе од една милијарда евра за косовските безбедносни сили (КБС).

Курти најави производство на дронови и милијарда евра за војската на Косово

Курти, кој вчера беше единогласно избран од членовите на Генералниот совет на Движењето Самоопределување за мандатар за формирање на новата влада, во својот денешен говор зборуваше за аспектот на безбедноста, при што најави и развој на беспилотни летала „Made in Kosovo“.

Тој рече и дека ќе се создаде заедничка воена единица со Оружените сили на Република Албанија.

- За нашата армија во четирите години од наредниот мандат ќе издвоиме буџет од над една милијарда евра. Ќе ја продлабочиме и прошириме билатералната и мултилатералната меѓународна соработка со земјите-членки на НАТО. Ќе ја ставиме во функција Фабриката за муниција и ќе ја развиеме воената индустрија на Косово. Исто така, ќе развиеме беспилотни летала ‘Made in Kosovo’, изјави Курти.

Тој дополни дека зајакнувањето на армијата ќе се реализира преку набавка на оружје, обука и едукација во земјата, како и во соработка со Албанија и во најпрестижните воени академии во партнерските земји.

- Ќе ја создадеме Заедничката воена единица со Оружените сили на Република Албанија. Регрутирањето на нови кадети ќе продолжи со зголемен интензитет. Целиме да имаме 1000 жени и девојки војници во новиот мандат. Програмата за сеопфатна одбрана ќе се спроведе низ целата земја. Во рамките на оваа програма, секој доброволен резервен војник ќе добие соодветна обука и оружје во случај на мобилизација, изјави Курти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Анкета на ВМРО-ДПМНЕ: Владејчката партија останува со убедливо водство

Три анкети во октомври спроведени по нарачка од ВМРО-ДПМНЕ, покажале дека владејачката партија и натаму е во убедлива предност пред опозициските партии, информираше на брифинг со новинарите премиерот и лидер на партијата, Христијан Мицкоски.

Анкета на ВМРО-ДПМНЕ: Владејчката партија останува со убедливо водство

Според анкетите, ВМРО-ДПМНЕ ужива доверба од 24%, потоа следуваат СДСМ со 8.5%, ДУИ со 7.9%, ВРЕДИ 7,1%, Левица со 6% и ЗНАМ 2%.

Мицкоски кажа дека и покрај тоа што рејтинзите одат во прилог на партијата, сепак останува на ставот дека предвремени избори не треба да има, а како главна причина ја наведе потребата следната година треба да се обезбедат 2,3 милијарди евра за враќање на долговите направени во ковид-кризата.

Премиерот на брифингот кажа дека главниот предизвик за владата претстојната зима е енергетската стабилност, со оглед дека цените на гасот и електричната енергија во Европа се пораснати за три пати. За таа цел, најави повторно рестартирање на ТЕЦ Неготино, а мазутот што ќе се купува, ќе се транспортира од солунското пристаниште со вагоните на железници, наместо со цистерни како претходно.

Истовремено, рече дека се прават подготовки и за отворање на посебен граничен премин со Косово во близина на Блаце, кој порано го користел КФОР, низ кој дневно се очекува да поминуваат по 200 камиони со јаглен за РЕК Битола и РЕК Соломеј.

Според, проценките на Мицкоски, со ваквите мерки, цената на струјата од јануари би поскапела за помалку од 5%...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италија на нозе: Евакуирани над 300 училишта по закани за поставени бомби (ВИДЕО)

Најмалку 300 училишта низ Италија денеска беа евакуирани откако добиле идентична заканувачка порака за поставена бомба, изјави италијанскиот министер за образование, пренесува Ројтерс.

Италија на нозе: Евакуирани над 300 училишта по закани за поставени бомби (ВИДЕО)

Оваа безбедносна тревога доаѓа во време на растечка загриженост во Европа поради заканите од таканаречената „хибридна војна“, која неодамна беше насочена кон супермаркети, центри за трансфузија на крв, авиосообраќај и телевизиски куќи.

Министерот за образование Џузепе Валдитара за телевизискиот канал „Ла7“ изјави дека се верува оти заканите се лажни, додавајќи дека се очекува бројот на погодени училишта дополнително да се зголеми.

Пораки до родителите и необичен потпис

„Поради тревогата за поставени бомби низ целата земја, ве известуваме дека сите ученици се преместени на безбедна локација и се под надзор на наставниот кадар“, соопшти едно училиште во Рим до родителите преку апликација за пораки.

Фактот што толку голем број училишта биле цел „покажува колку всушност е неверодостојна оваа закана“, нагласи министерот Валдитара.

Заканувачката електронска порака била потпишана со името „Михаил Андропов, лидер на Вилает Мизогинистан“, се наведува во копијата од пораката до која дојде Ројтерс. Истиот потпис се појавил и во претходни закани.

Истиот наводен испраќач ја презел одговорноста и за заканувачките пораки за поставени бомби, кои во петокот преку електронска пошта беа испратени до медиуми во Ирска и Бугарија.

Италијанската полиција го истражува целиот случај, потврди портпарол на полицијата во Рим.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: И денеска оставивме пример, а не ѓубре

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска на Водно заедно со учениците, волонтерите и младите, ја продолжија големата еко-акција за расчистување на Скопје.

Ѓорѓиевски: И денеска оставивме пример, а не ѓубре

- Повеќе од 30.000 вредни луѓе повторно се обединија во најмасовната акција за расчистување на Скопје. На повеќе од 50 локации покажавме колкава сила има еден град кога неговите луѓе ќе се здружат за заедничкото добро. Денес бев на Водно, рамо до рамо со вредните ученици. Со секое подигнато парче отпад, овие деца одржаа голема лекција за одговорност, за совест и за љубов кон својот град. Нивниот пример заслужува и почит и следбеници – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски на сите што несовесно создаваат депонии им порача да земат пример од младите и да покажат дека го сакаат Скопје со тоа што ќе го чуваат.

- Наша должност е да им оставиме почист град. Благодарам на секој што одвои време, се приклучи и остави свој белег во оваа акција. Секој ваш труд се гледа. Секој ваш пример вреди. Продолжуваме со следната акција, со истата решителност и со уште повеќе луѓе – рече Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер