Курти: Дијалогот со Србија не може да продолжи како да не се случило ништо - Канал 5

Курти: Дијалогот со Србија не може да продолжи како да не се случило ништо

Косовскиот премиер Албин Курти изјави денеска дека дијалогот меѓу Косово и Србија не може да продолжи како ништо да не се случило, по нападите од 24 септември во Бањска во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти: Дијалогот со Србија не може да продолжи како да не се случило ништо

На средбата со претседателот на Комисијата за надворешни работи на германскиот Парламент, Михаел Рот, Курти порачал дека пристапот кон дијалогот треба да биде избалансиран и целосно да се имплементираат Основниот договор и неговиот анекс.

- Во однос на процесот на дијалог со посредство на Европската унија, премиерот Курти рече дека тој не може да продолжи како ништо да не се случило. Следното поглавје од дијалогот за нормализација треба да ја земе предвид агресивната акција на Србија преку терористичкиот напад на 24 септември, за што има доволно докази и факти за вмешаноста на Србија. Пристапот кон процесот мора да биде избалансиран, да се почитува и целосно да се имплементира Основниот договор и неговиот анекс, се наведува во соопштението на Кабинетот на премиерот.

Курти нагласил дека „Србија треба да се повлече од јавното и фактичкото отфрлање на деловите од Основниот договор кои се поврзани со де-факто признавањето на Косово“ и на неговиот територијален интегритет.

На средбата во рамки на Самитот на Берлинскиот процес, Курти и Рот разговарале и за членството на Косово во меѓународните организации и за билатералните односи меѓу двете земји.

- Премиерот Курти му се заблагодари на г. Рот за континуираната поддршка од Германија како и од него лично за Република Косово. Ова беше втора средба меѓу двајцата, по онаа во Приштина на 11 септември, се вели во соопштението. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Младите до 16 години да не користат социјални мрежи- нов предлог закон во Нов Зеланд

Пратениците во парламентот во Нов Зеланд ќе го разгледува поднесениот предлог закон за забрана на користење социјални мрежи за помлади од 16 години.

Младите до 16 години да не користат социјални мрежи- нов предлог закон во Нов Зеланд

Предлогот ќе ги обврзе платформите на социјалните мрежи да преземат разумни мерки за проверка на возраста на корисниците. Меѓу можните алатки се користење на веќе достапни податоци за корисничките сметки, технологија за препознавање лица и документи за дигитален идентитет.

За непочитување на обврските, платформите би можеле да бидат казнети со глоба до десет проценти од нивните глобални приходи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведен сопственикот на барот „на смртта“ во Кран Монтана, ја претепал сопругата

Жак Морети, сопственик на барот во Кран-Монтана, каде што катастрофален пожар однесе 41 живот на 1 јануари 2026 година, е приведен под сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга Џесика Морети.

Приведен сопственикот на барот „на смртта“ во Кран Монтана, ја претепал  сопругата

Според информациите од швајцарската телевизија, кои беа потврдени од јавниот сервис РТС, инцидентот се случил во текот на ноќта помеѓу 11 и 12 август во домот на двојката во кантонот Вале.

Морети е уапсен по наводниот напад и е задржан во притвор. Џесика Морети претрпела повреди поради кои била хоспитализирана. Точните околности на инцидентот, како и правната квалификација на делото за кое е обвинет Жак Морети, сè уште не се познати. Швајцарските медиуми објавуваат дека тој нема позната историја на слични инциденти и се смета за невин додека не се докаже дека е виновен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

64 годишен мотоциклист со тешки повреди пренесен во болницата Гостивар

64 годишен мотоциклист бил донесен со тешки телесни повреди во болницата во Гостивар.

64 годишен мотоциклист со тешки повреди пренесен во болницата Гостивар

Н.Ј од село Вруток гостиварско управувал мотоцикл во атарот на селото Јеловце. тој изгубил контрола и паднал на шумскиот пат во атарот на село Јеловце..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер