Курц: Поддржуваме успешен референдум со голема излезност и гласање ,,За“

Австрискиот канцелар Курц за време на денешната посета на земјава истакна дека Македонија ја имала и ја има потребната поддршка од Австрија за наше зачленување во Европската Унија и дека нема друга алтернатива.

Сите фактори во Македонија да придонесат за успешен референдум. Европската Унија ќе биде целосна, само со интегриран Западен Балкан. Ова е повеќе или помалку очекуваната порака која од Скопје ја испрати австрискиот канцелар Себастијан Курц, само ден по посетата на првиот човек на алијансата каде што Македонија сака да биде дел. За да стигнете до таму треба да гласате на референдумот, сите и без исклучок, изјави канцеларот.

За премиерот Заев пак, поддршката која Австрија и ја дава на Македонија за ЕУ и НАТО интеграциите е од големо значење. Посетата на австрискиот канцелар ја оцени како порака дека сме на вистинскиот пат кон реализирање на нашиот врвен државен приоритет - интеграција во евро-атланските структури.

Сепак, дамка на средбата фрли слабата техничката подготвеност на Владата, но и тоа што австрискиот канцелар наместо со знамето на неговата земја, беше пречекан со знамето на Латвија, што го забележаа австриските новинари. Дополнителен проблем настана и при преводот, па еден од австриските новинари на канцеларот мораше да му го преведе прашањето. За ова беа свесни и од владата по што преку соопштение се извинија за како што велат, ненамерниот протоколарен пропуст.

Канцеларот Курц од Владата, на средба и со лидерот на опозицијата Христијан Мицковски. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, како што стои во соопштението, му порачал на Курц дека договорот со Грција не ги одразува државните и национални интереси на земјава.

,,Целокупниот процес на преговарање се одвиваше нетранспарентно и опозицијата не беше консултирана, а самиот договор не ги одразува државните и национални интереси на Република Македонија“,стои во партиското соопштение.

Со Столтенберг и Курц почна серијата посети на високи странски гости пред референдумот. Утре на ред е германската канцеларка Ангела Меркел, а најавени се и други високи претставници од меѓународната заедница.

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ не е спремна за јасни интеграции

„Доблест е да се прими пораката,а со тоа и да се промените откако сте ја примиле“

Ако има еден политичар кој што покажал прифаќање на различностите, тоа сум јас. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ и кандидатката за претседател Сиљановска, која што дури и името во Собрание името ми го чита како Сречко, ксенофибијата и е до ниво што и пречи и да види документ на Албански јазик. Мојата досегашна работа покажува дека доблест ми е поддршка на различностите. Не видовме програмска определба, освен дека на слоганот стои „Македонија повторно твоја“, тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се одтргне од албанофобијата и кзенофобијата. Треба да пазите кога зборувате за „твоја“, туку наша. Го осудивме и однесување на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ за меѓусебните препукувања, по кои се билдаат меѓусебните рејтинзи, а не се нудат решенија, рече Фатмир Битиќи во Само Вистина.

Мурињо посочи тројца фаворити на ЕП 2024

Жозе Мурињо именуваше три селекции за кои верува дека можат да го освојат претстојното Европско првенство во Германија. 61-годишниот тренер е без работа од јануари кога доби отказ од Рома.

-Според мене, трофејот ќе го освои некој помеѓу Португалија, Франција или Англија. Ова се трите најсилни селекции. Можни се изненадувања, да. Гледајќи ги квалитетите на играчите, мислам дека Португалија може да оди во финалето со идеја да замине со златото, изјави португалскиот стручњак.

Тој неодамна откри дека двапати ја одбил понудата да ја преземе репрезентацијата на својата земја.

-Вратата на Португалија ми беше отворена двапати. Првиот пат беше кога бев во Реал Мадрид. Тогаш претседателот Флорентино Перез ми рече дека е невозможно да заминам, па јас го прифатив тоа. Вториот пат беше неодамна кога сè уште бев во Рома. Дали се каам за вториот случај? Не, не ми е жал. Не ми е жал поради причината што не прифаќам. Сега ќе играме на ЕП со селектор (Роберто Мартинез) кој заврши одлична работа и има одлична генерација играчи, додаде Мурињо. /МИА

Де Лаурентис: Не разбирав фудбал, но земав некои од најважните играчи во историјата на Наполи

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис уште еднаш се истакна себеси како фудбалски шеф, додека пак го нападна поранешниот спортски директор на клубот, Кристијано Џунтоли, кој сега работи во Јувентус.

-Отсекогаш се однесував како претприемач. Вложувам пари, љубов и интелигенција. Мојата работа ја доживувам како обврска. Не знаев ништо за фудбалот, но потпишав со некои од најважните играчи во историјата на Наполи. Ниту Лучијано Спалети не беше донесен од спортскиот директор (Џунтоли). Отсекогаш ми се допаѓал овој тренер поради неговиот карактер, прокоментира Де Лаурентис на прес-конференција поврзана со неговиот филмски проект. /МИА

притисни ентер