Курц: „Локдаун“ ќе има само за невакцинираните

Австрискиот канцелар Себастијан Курц го објави фокусот на мерките за корона за есенва, што предвидува дека нема да има општо заклучување, туку само „заштитни мерки“ за невакцинираните.

Тој објаснил дека целта е да се зголеми подготвеноста за вакцинација и повеќе контроли, со отворени училишта.

Курц, за ОРФ, објасни дека неделната инциденца повеќе нема да се следи како индикативна вредност врз основа на која ќе се преземаат мерки, како што беше досега.

Наместо тоа, ќе се следи идниот капацитет на единиците за интензивна нега.Тој објаснил дека е направен план на мерки што ќе се применат од достигнувањето на одреден капацитет.

Што се однесува до локдаунот, Курц рече дека, доколку се потребни „заштитни мерки“, тие повеќе нема да бидат за целата земја, туку само за невакцинираните.

Кога станува збор за вакцинација, тој објави дека сака да продолжи да се дава третата доза, и дека целта останува да се зголеми стапката на вакцинација на населението.

Курц, исто така, најави зајакнување на контролите, не само за да ги убеди луѓето да се вакцинираат, туку и затоа што има се повеќе лажни потврди за вакцинација, а правилата за короната не се почитуваат насекаде.

Запрашан за училиштата, Курц посочи дека тие ќе останат отворени.

Тој за ОРФ рече дека сака да спречи ново заклучување и премин на часови од дома по секоја цена.

„Доколку е потребно, ќе го продолжиме успешниот концепт на третиот бран со интензивно тестирање по почетокот на учебната година“, рече тој.

Сиљановска-Давкова на трибина во Велес на тема: "Ранливи категории"

Во рамките на претставувањето на клучните точки од Програмата „Македонија повторно горда“ петтата трибина на тема: "Ранливи категории". 

На трибината свое обраќање имаше кандидатката за претседател на Република Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова. Исто така, беше промовирана и аудио-верзијата на програмата „Македонија повторно Горда“. На трибината учество зедоа преставници на различни групи на ранливи граѓани.

Сиљановска-Давкова истакна:

"Оние кои ме познаваат знаат дека нема луѓе со хендикеп, туку има држави со посебни потреби, како нашава.

Член 9 од Уставот е нецелосен, мора да се прошири со лицата со посебни потреби.

Никој подобро не може да ги застапува овие лица, од самите тие, преку нивна промоција во разни сфери.

Оваа држава не смее да се откаже од лицата со посебни потреби. Можеби им треба повеќе време за изразување, но ние имаме човечка обврска да го браниме и поддржиме тоа. Тоа е само различен начин на изразување, а не хендикеп.

Јас секогаш ќе водам сметка за сите категории на луѓе, вклучително и за овие лица. Тие луѓе можат на еден поинаков начин да придонесат за развојот на општеството.

Пресреќна сум што ВМРО- ДПМНЕ даде шанса на оваа категорија на луѓе да се промовираат себеси.

Јас ќе бидам промоторка и заштитничка на ранливите категории на луѓе, за да имаат шанса да го докажат она што го знаат."

Нова Алтернатива: Сите заедно да се избориме за повисок квалитет на живот во Македонија

Нова Алтернатива со нови луѓе и нова енергија за прв пат самостојно настапува на овие парламентарни избори со бројот 9.

Во изминатите две години на место каде имаше дива депонија од над 50 илјади метри квадратни направивме мега парк во Ѓорче Петров, исчистивме над 280 диви депонии, каде некој трупа отпад, загадува и заработува.

Први поднесовме кривична пријава против еден од најголемите загадувачи во Македонија и без компромис се бориме против секој што се обидува да ги труе нашите сограѓани.

Затоа за обезбедување услови за Македонија во која ќе живееме здраво и во чиста животна средина мора да се пристапи кон:

-Кривично гонење на сите кои ќе се утврди дека извршиле дело против животната средина и здравјето на граѓаните

-Да се донесе Закон за комунална полиција

-Спречување на заадувањето од големите индустриски капацитети

-Нема да дозволиме рестартирање на рудниците и мора да се изврши ревизија на сите долгорочни договори за концесии за експлоатација на минерални суровини

Затоа на овие избори одберете го бројот 9 и гласајте за Нова Алтернатива, сите заедно да се избориме за повисок квалитет на живот во Македонија.

Нова енергија, нови луѓе, Нова Алтернатива.

Политичка партија Нова Алтернатива

Ковачки: Ветуваме изградба на експресниот пат Кочани-Виница- Делчево

Денеска во пресрет на големиот христијански празник сме во посета на Кочани.

За Кочани предвидуваме изградба на експресниот пат до Делчево, и тоа во два мандати. Потоа, реконструкција на пругата Кочани - Велес, третман на атмосферските и фекални отпадни води на Пониква и секако 17 милиони евра за нашиот град Кочани за изградба на Јужниот Булевар, за изградба на катна гаража и изградба на старечки дом.

Почитувани граѓани,

Пред нас се историски избори на 8 мај ве повикувам сите да ни се придружите и заеднички да ги донесеме промените. Да донесеме промена за Македонија, да заокружиме за бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски да биде премиер на владата на Република Македонија. рече Драган Ковачки, носител на изборна единица 3.

.

притисни ентер