Купишта пари се најдени во преполн тунел од 300 метри во Германија, ги изнеле со 300 камиони - Канал 5

Купишта пари се најдени во преполн тунел од 300 метри во Германија, ги изнеле со 300 камиони

Марен, Роберт и Волкер, познаници од детството, пронашле милиони во источногерманската валута во летото 1990 година во германскиот град Халберштат, во стара шахта. Тоа биле куп пари оставени да скапуваат.

Купишта пари се најдени во преполн тунел од 300 метри во Германија, ги изнеле со 300 камиони

За време на обединувањето на земјата, западногерманската марка стана официјална валута на жителите на поранешна Источна Германија. Имено, од 1 јули 1990 година, источногерманската марка повеќе не била официјално платежно средство.

Берлинската државна банка ги оставила источногерманските банкноти во тунел во близина на Халберштат, а парите биле покриени со земја, со очекување дека наскоро ќе изгние, се вели во експертски извештај од 1992 година.

Ова т.н богатство од Халберштат не останало неоткриено, туку поминале десет години од складирањето на парите до нивното откривање. Портпаролката на германската државна банка KfW, Кристине Фолк, изјави дека банката во 2001 година добила информација дека банкнотите од 200 и 500 апоени сè уште се во оптек и дека не може да се најдат на „некое поткровје“.

KfW не биле вклучени во самата промена на валутата, но во 1994 година, по спојувањето со Берлинската Staatsbank, станале правен наследник, а со тоа и сопственик на складираните пари. Следствено, оваа банка била одговорна за тие пари. На почетокот на 2000-тите и самата Фолк застанала пред куп пари од поранешната држава, пренесува Кликс.

- Откривме дека има дупка на бетонскиот ѕид на еден од тунелите длабоко под земја и дека некој насилно влегол внатре. Моравме да реагираме и да одлучиме дали можеме да продолжиме да оставаме пари на тоа место - изјави Фолк.

Според неа, ризикот бил преголем некој да се обиде повторно да упадне, дури и по цена на својот живот. Парите биле префрлени од тунелот долг 300 метри, транспортирани со 298 камиони до фабриката за согорување, каде што конечно биле уништени, пишува Tagesschau.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата во Скопје безбедна за пиење

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

Водата во Скопје безбедна за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 19.10.2026 до 22.10.2026 зема 159 примероци за физичко-хемиска и 159 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светски ден на аудиовизуелното наследство во Кинотека

Светскиот ден на аудиовизуелното наследство (WDAH – World Day for Audiovisual Heritage) е востановен во чест на донесувањето на Препораката за заштита и зачувување на подвижните слики од страна на 21. Генерално собрание на УНЕСКО во 1980 година.

Светски ден на аудиовизуелното наследство во Кинотека

На 27 октомври (вторник), сите архиви, кинотеки, филмски музеи и институти во светот ќе го одбележат Светскиот ден на аудиовизуелното наследство со активности, промоции и настани со кои фокусот на светската јавноста го насочуваат кон значењето и ранливоста на аудиовизуелното наследство. Како дел од тоа големо семејство на професионалци и институции посветени на заштитата и сочувувањето на филмското културно наследство, и Кинотеката се вклучува со свои активности во одбележувањето на овој значаен ден.

Во таа насока, на 27 октомври (вторник) со почеток во 12 ч. во кинотечното кино ќе се одржи промоција на блу-реј изданието на македонскиот игран филм МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА на Трајче Попов од 1967 г., кој всушност претставува екранизација на истоимената драма на Војдан Чернодрински од 1900 г. Филмот беше дигитализиран во 2025 г. како дел од проектот „Сезона на филмски класици“ инициран и координиран од Асоцијацијата на европски кинотеки (АЦЕ) и поддржан од програмата Creative Europe MEDIA на Европската Унија. Во оваа пригода, на публиката ќе ѝ се обратат директорот на Кинотеката, Бошко Грујоски, м-р виш филмолог Александар Трајковски и м-р виш филмолог Дамјана Патчева, како промотори на изданието.

Истиот ден со почеток во 20:00 часот ќе биде прикажан ТЕТОВИРАЊЕ, со што ќе се одбележат 35 години од премиерата на филмот и 80 години од раѓањето на актерот Мето Јовановски.

Всушност цел октомври измина во знакот на заштитата на аудиовизуелното наследство со прикажувањето на наслови од македонската кинематографија кои годинава одбележуваат своевиден јубилеј.

Светскиот ден на аудиовизуелното наследство (WDAH – World Day for Audiovisual Heritage) е востановен во чест на донесувањето на Препораката за заштита и зачувување на подвижните слики од страна на 21. Генерално собрание на УНЕСКО во 1980 година. Три и пол децении подоцна, УНЕСКО ја дополни и прошири таа првична препорака со нова и во 2015 година беше усвоена Препораката за зачувување и достапност на документарното наследство, вклучително и она во дигитална форма.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска во Собраниетоќе се разгледува интерпелацијата за работата на министерката за енергетика Сања Божиновска

Денеска во Собранието на македонија ќе се разгледува интерпелацијата за работата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Денеска во Собраниетоќе се разгледува интерпелацијата за работата на министерката за енергетика Сања Божиновска

Зад оваа интерпелација стои целокупна политика во која државниот енергетски систем се задолжува, приватните монополи профитираат, јавните ресурси се оставаат без заштита, а граѓаните ја плаќаат сметката, стои во соопштението

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер