Купил на аукција напуштен склад за 500 долари, во него нашол милиони (ВИДЕО) - Канал 5

Купил на аукција напуштен склад за 500 долари, во него нашол милиони (ВИДЕО)

Среќен ловец на богатство пронашол неверојатна сума во напуштен магацин, кој го купил на аукција за 500 долари.

Купил на аукција напуштен склад за 500 долари, во него нашол милиони (ВИДЕО)

Аукционерот Ден Дотсон, кој е водител на американското ТВ шоу „Warehouse Wars“, открил дека еден од неговите клиенти дошол до неверојатно откритие откако наддавал на аукција.

Во видео споделено на социјалните мрежи, тој објаснил дека му пришла жена на хуманитарен настан во Калифорнија која му кажала за богатството.

- Постарата Азијка на масата до мене постојано ме гледаше како да сака да ми каже нешто. „Таа на крајот дојде и ми кажа дека нејзиниот сопруг работи со момчето што го купило контејнерот од мене за 500 долари и внатре нашол сеф“, рече тој.

Според него, првиот човек што го повикале не успеал да го отвори сефот.

- Викнале друго лице и кога тоа лице го отворило - сефовите обично биле празни, но овој пат не бил празен. Содржел 7,5 милиони долари во кеш, рече Дотсон.

Сепак, среќниот купувач не успеал да го задржи целото богатство бидејќи на крајот морал да им ги врати парите на оригиналните сопственици.

Ден рече дека купувачот на складиштето бил контактиран од адвокат, тврдејќи дека ги застапува првичните сопственици на складот.

Адвокатот наводно понудил награда од околу 600.000 долари за парите, но таа понуда била одбиена.

Меѓутоа, подоцна била прифатена втората понуда од 1,2 милиони долари, што значи дека анонимниот среќен купувач морал да го врати остатокот од парите.

Ден се прашува како некој може да заборави толку голема сума пари скриена во сеф.

Неговата сопруга и партнерка Лора изјавиле дека можеби сопственикот завршил во затвор или се отселиле.

YouTube video

Двојката се согласила дека тоа е веројатно највредниот магацин што некогаш го продале.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава

Вицепремиерот на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава. 

Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава

Тој денеска ќе се сретне со претседателот на Собранието – Африм Гаши како и со вицепремиерот Александар Николоски.

На вчерашната средба со министерот за надворешни работи и надворешна трговија – Тимчо Муцунски, тие го го потврдија високото ниво на пријателски односи меѓу Македонија и Црна Гора, сојузништвото во НАТО, како и заедничката определба за стабилен и европски интегриран Западен Балкан.

На средбата стана збор и за денешното финализирање на договорот за воведување нова авионска линија меѓу двете земји, како и за натамошно продлабочување на соработката во економијата, инфраструктурното поврзување, енергетиката и туризмот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хакиран крипто-гигантот Binance: „Најголемиот грабеж во историјата“

Хакиран крипто-гигантот Binance: „Најголемиот грабеж во историјата“. Откриен идентитетот на сторителите.

Хакиран крипто-гигантот Binance: „Најголемиот грабеж во историјата“

„Binance“, најголемата светска берза за криптовалути, синоќа потврди дека во хакерски напад биле украдени дигитални средства во вредност од 6,3 милијарди долари, пренесува BBC.

Компанијата соопшти дека, со помош на партнерски платформи, успеала да замрзне приближно половина од таа сума, додавајќи дека ќе ги „покрие сите настанати загуби“.

Првичните внатрешни проверки укажуваат на тоа дека пробивот веројатно потекнува од компромитиран лаптоп што му припаѓал на еден од нивните инженери, што му овозможило на напаѓачот неовластено да повлече огромни парични суми. Истрагата укажува на познати севернокорејски хакери.

Компанијата за истражување на сајбер-безбедност „TRM Labs“, која во своите истраги користи вештачка интелигенција, го припишува овој пробив на севернокорејската хакерска група „TraderTraitor“.

Овој напад далеку го надминува претходниот рекорд – кражбата од 2025 година на берзата „Bybit“, при што беа украдени 1,5 милијарди долари.

„Оваа проценка ја даваме со висок степен на сигурност“, наведуваат од TRM Labs во својот извештај, додавајќи дека неколку елементи од нападот целосно се совпаѓаат со претходни операции поврзани со режимот во Пјонгјанг, вклучително и инцидентот со Bybit.

Ари Редборд, главен аналитичар во TRM Labs, изјави за BBC дека овој грабеж претставува „пресвртна точка“, каква што крипто-индустријата досега нема доживеано. Тој додаде дека сторителот сè уште поседува огромна сума од украдените средства, што значи дека потрагата по нив всушност допрва започнува.

Од Binance не одговорија директно на прашањето на BBC за можна поврзаност со Северна Кореја, туку само наведоа дека „тесно соработуваат со органите на прогонот за да ги идентификуваат сторителите и да ги изведат пред лицето на правдата“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.

Во Скопје, претежно облачно, во утринските часови ќе има услови за појава на слаба магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 15 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи се очекуваат во понеделник. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. До крајот на периодов ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер