Купил грепка додека ја чекал сопругата во тоалет и го добил џек-потот од 200.000 долари - Канал 5

Купил грепка додека ја чекал сопругата во тоалет и го добил џек-потот од 200.000 долари

Американски пар од Свонси кој попат застанал затоа што жената морала да оди во тоалет, е побогат за 200.000 долари, објавија американските медиуми.

Купил грепка додека ја чекал сопругата во тоалет и го добил џек-потот од 200.000 долари

Победниците велат дека мажот решил да влезе во продавницата додека ја чекал сопругата и да купи среќка од Carolina Riches.

Тој го изгребал на самото место и утврдил дека ја освоил главната награда од 200.000 долари.

„Не знаевме што да мислиме“, рече тој, опишувајќи го овонеделното изненадување.

За среќката платил пет долари.

Двојката рече дека се уште не одлучиле како ќе ги потрошат парите од добивката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Реновирала куќа, стара 200 години и се шокирала од она што го пронашла над каминот (ВИДЕО)

Додека ја реновирала својата куќа од 1829 година, Клое Кемпстер немала поим дека зад еден дел од ѕидот се наоѓа сцена што била целосно скриена со децении.

Реновирала куќа, стара 200 години и се шокирала од она што го пронашла над каминот (ВИДЕО)

Таа ја купила старата куќа на границата на англиските окрузи Лестершир и Нортхемптоншир, во селото Котингем, која некогаш била пекара.

Изненадување зад гипс-картонот

Клое го документирала процесот на реновирање, а потоа следело неверојатно изненадување.

Зад гипс-картонот, таа пронашла голем мурал што прикажува идилична сцена од руралниот живот.

Во објавеното видео, го гледаме сопственичката како внимателно ја отстранува белата табла над каминот и го открива зачуваниот мурал, објавува „Мирор“.

Сцената наликува на лов

Таа прикажува пејзаж од природата, со двајца луѓе во црвени палта кои јаваат коњи.

Околу нив се неколку кучиња, а целата сцена наликува на лов на лисици, некогаш карактеристичен дел од животот во англиската природа.

„Не можевме да им веруваме на нашите очи кога го откривме неверојатниот мурал, датиран во 1967 година“, напиша Клое.

„Колку е ова убаво“

Објавата го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи. Многумина беа воодушевени што муралот беше зачуван по сите овие години.

„Колку е убаво ова! И колку е убаво што беше безбедно покриен, што не беше уништен кога претходниот сопственик сакаше промена“, напиша едно лице.

„Ова е неверојатно! Јас само би ставил рамка врз него и би завршил со тоа“, додаде друго лице.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Буданов се огласи за преговорите со Русија- откри кога ќе продолжат

Шефот на канцеларијата на украинската претседателска администрација, Кирил Буданов, изрази надеж дека мировните преговори со Русија, со посредство на САД, би можеле да бидат обновени до крајот на септември.

Буданов се огласи за преговорите со Русија- откри кога ќе продолжат

Шефот на канцеларијата на украинската претседателска администрација, Кирил Буданов, изрази надеж дека мировните преговори со Русија, со посредство на САД, би можеле да бидат обновени до крајот на септември, но оцени дека условите за прекин на огнот веројатно нема да бидат исполнети пред пролетта 2027 година.

Буданов во интервју за „Њујорк тајмс“ изјави дека се очекува процесот на преговори да продолжи по септемвриските парламентарни избори во Русија и неколку недели пред изборите за Конгресот на САД, кои ќе се одржат во ноември.

Шефот на украинската претседателска администрација изјави дека почетокот на нова рунда преговори би можел да биде означен со посетата на Киев на специјалните претставници на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.

Буданов, сепак, нагласи дека иако преговорите би можеле да бидат обновени уште овој месец, „условите за прекин на огнот веројатно нема да бидат создадени до пролет“.

„Преговорите ќе доведат до нешто порано или подоцна. Не можете да водите војна цел живот“, рече Буданов.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека Киев изнесе нови предлози во врска со мировниот процес и ги повика САД поактивно да се вклучат во неговото спроведување. Зеленски повторно ја отфрли можноста за територијални отстапки кон Русија во регионот Донбас.

На 3 септември, тој рече дека веќе се одредени прелиминарни датуми за посетите на Виткоф и Кушнер на Украина, додавајќи дека американските претставници треба да ја посетат и Русија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Морска пијавица направи хаос на плажа: Летаат лежалки, туристите багаат (ВИДЕО)

Моменти на страв беа забележани утрово во Скила, Италија, каде што морска пијавица, формирана на отворено море на Месинскиот теснец, стигна до брегот и зафати дел од плажата Марина Гранде.

Морска пијавица направи хаос на плажа: Летаат лежалки, туристите багаат (ВИДЕО)

Вртлогот, јасно видлив од брегот, брзо се приближи кон копното сè додека не стигна до самиот брег. Силата на ветерот крена и фрли чадори, лежалки и друга опрема за плажа во воздух, додека капачите и туристите се оддалечија од подрачјето погодено од овој феномен.

Морската пијавица потоа брзо го изгуби својот интензитет и се распрсна.

И покрај драматичните моменти, не се пријавени повредени или последици за луѓето, додека е регистрирана штета на опремата што се наоѓаше на плажата.

Погледнете како изгледаше:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер