Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
КултураКупиКнига.мк ја објави листата на 20 најпродавани книги во 2015 годинаОнлајн книжарницата КупиКнига.мк ја објави топ 20 листата на најпродавани книги во Македонија во 2015 година, на која на прво место е книгата „Ако не постои утре“ од Гијом Мисо. Тој воедно е и најпродаваниот автор минатата година со четири дела во топ 20 листата, од кои на високото трето место е и неговата книга „Спаси ме“.На второ место на листата е Зозе Мургоски со својот Англиско-македонски и Македонско-англиски речник со граматика. Мургоски е единствен македонски автор чие дело е меѓу најпродаваните 20 книги. - Трендот на купување книги од жанрот на белетристиката трета година по ред е најактуелен. Трилерите, љубовните и еротските книги се најинтересни за читателите, изјави Елена Јолевска, продукт-менаџер на КупиКнига.мк. Во прилог е целосната листа на 20 најпродавани книги во 2015 година што ја објави КупиКнига.мк: 1. Ако не постои утре - Гијом Мисо 2. Англиско-македонски и Македонско-англиски речник со граматика – Зозе Мургоски 3. Спаси ме - Гијом Мисо 4. Една неодолива љубов - Џули Џејмс 5. И одеднаш едно лето - Џули Џејмс 6. Кога мене ќе ме нема - Колин Оукли 7.Тајната на сопругот - Лиен Мориарти 8. Греј - Е. Л. Џејмс 9. Казна за гревот; Ноќта кога дојдоа сватовите. Кн. 1 - Јелена Бачиќ Алимпиќ 10. Во врска со онаа ноќ - Џули Џејмс 11. Затоа што те љубам - Гијом Мисо 12.1984 - Џорџ Орвел 13. Големи мали лаги - Лиен Мориарти 14. Последната пролет во Париз - Јелена Бачиќ-Алимпиќ 15. Седум години подоцна - Гијом Мисо 16.Светот не е фабрика за исполнување желби - Џон Грин 17. Светското зло и беда наследството на 13 династии на илуминатите - Робин де Рајтер 18. Ејми ја нема - Џилијан Флин 19. На една свадба - Џули Џејмс 20. Казна за грех - Ноќ када су дошли сватови - Јелена Бачиќ-Алимпиќ КупиКнига.мк е прв македонски портал за електронска трговија со книги, кој е всушност агрегатор на понудата од скоро сите издавачки куќи во Македонија и регионот. Во неговата понуда се над 47.000 изданија на македонски, српски, англиски и на албански јазик од најразлични жанрови. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банкаНема ризик за финансиската стабилност на државата поради состојбите во Алта банка АД Битола, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната надзорна расправа во Собранието. Таа посочи дека буџетските корисници согласно закон не можат да отвораат сметки во комерцијалните банки, туку своите средства ги чуваат и реализираат исклучиво преку Трезорот. Во однос на јавните претпријатија и акционерските друштва на централно ниво, од досега добиените информации само едно претпријатие има сметка во Алта банка за што не постои никаков ризик . „Сакам јасно да порачам дека нема ризик за финансиската стабилност на државата. Буџетските корисници немаат сметки во комерцијалните банки, туку средствата ги чуваат и реализираат преку Трезорот. Кај јавните претпријатија и акционерските друштва, според досега добиените информации, изложеноста е минимална“, истакна Димитриеска-Кочоска. Во однос на институционалните надлежности, министерката нагласи дека супервизијата и надзорот над банкарското работење се исклучива надлежност на Народната банка, додека Министерството за финансии има надлежност во подготовката на законската регулатива. Во однос на прашањето за можноста Министерството за финансии да влијае врз исходот од постапката, истакна дека таква можност не постоела, имајќи предвид дека станува збор за законски утврдена постапка во надлежност на независната Народна банка. Министерката потенцираше и дека во процесот на стекнување на сопственоста врз банката Министерството за финансии немало никаква улога, бидејќи стекнувањето на сопственичкиот удел било реализирано преку купопродажба на акции и јавен оглас. Одделение за односи со јавностКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаПроф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комораПоранешниот ректор на УКИМ и абдоменален хирург, Никола Јанкуловски е новиот претседател на Лекраската комора. Професорот Јанкуловски доаѓа на местото на досегашната претседателка доктор Калина Гривчева – Старделова. Тагови: Лекарска комора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГраѓански организации со 7 барања против насилството- доста е, не чекаме осма жртваПоследниот случај на убиство на 17 годишната девојка од Богданци која пријавувала насилство, заради страв не излегувала покажа дека никој не ја заштитил од насилство и убиство. Во пресрет на „16 дена ативизам против родово базирано насилство“ граѓанските организации Мрежа за заштита од дискриминација, Платформа за родова еднаквост и Националната мрежа против насилство врз жени бараат да нема протоколарни свечени настани, осветлување на згради во портокалова боја, и ветување на хартија, а жени умираат од насилство и живеат во страв дека пријавиле, а никој не ги заштитил. Повикот е доставен до владата, собранието, амбасадите, ЕУ и ОБСЕ. За една година седум жени биле убиени од нивните партнери, портокаловите ленти покажаа дека не се ефективни, потребна е навремена рекација на полицијата, социјалните работници, обвинители и судии кои итно ќе постапуват за да се спречи насилникот да го продолжи насилството, вели Аврамовска за Канал 5. Последниот случај на убиство на 17 годишната девојка од Богданци која пријавувала насилство, заради страв не излегувала покажа дека никој не ја заштитил од насилство и убиство. По собирањето на 15 илјади потписи за електорнска нараквица се чека да се направат измени во законот за спречување и заштита на насилство врз жените. Со предлог измените во законот електронските наркавици треба да ја предупреди жртвата дека насилинкот е блиску до неа и да ги алармира надлежните. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook