Купер: Србија затвора врата за членство во ЕУ - Канал 5

Купер: Србија затвора врата за членство во ЕУ

Србија затвора врата за членство во ЕУ со противењето Охридскиот договор да биде дел од поглавје 35.

Купер: Србија затвора врата за членство во ЕУ

Со противењето на Охридскиот договор и неговиот анекс да станат дел од преговарачкото поглавје 35 за влез во ЕУ, Србија ја затвора вратата за членство во Европската унија, изјави поранешниот посредник во техничкиот дијалог меѓу Косово и Србија во 2011-2012, Роберт Купер, јави дописникот на МИА од Белград.

Со ваквиот став, пензионираниот британски дипломат реагираше на тврдењето на српскиот претседател Александар Вучиќ дека вклучувањето на документите договорени од Косово и Србија во првата половина на 2023 година во преговарачката рамка би значело дека ЕУ ја затвора вратата за Србија.

-ЕУ не сака да биде дел од проблемот, туку да го реши. Нејзината мисија е сите членки да имаат некакви, не нормални, туку супернормални односи со своите соседи, кажа Купер за Гласот на Америка.

Поглавјето 35 во пристапните преговори на Србија ги вклучува и односите со соседите, односно регулирањето на односите со Косово, кое прогласи независност од Србија во 2008 година, потсетува Гласот на Америка.

-Идејата за внесување на Србија во ЕУ, а истовремено одбивањето да ја признае независноста на својот сосед и да ја прифати како посебна држава - не е во суштината на Унијата. Тоа би ги зајакнало поделбите меѓу Србија и Косово. Она што ние го сакаме тие поделби да исчезнат, рече Купер.

На самитот на европските лидери на крајот на следната недела, Европскиот совет треба да ги објави своите заклучоци за проширувањето - документ кој ги вклучува Црна Гора, Србија, Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Турција, Молдавија и Гузија.

Во нацртот до кој имаше пристап „Гласот на Америка“ се препорачува Охридскиот договор и неговиот анекс со кој се дефинирани чекорите на патот кон нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, да бидат вклучени во очекувањата и обврските на двете страни.

-Очигледно е дека тука доминира чувството на итност. Никој веќе не памети кога двете страни постигнаа некој значителен исчекор во разговорите, кажа Купер и потсети на претстојните избори за Европскиот парламент, кои ќе се одржат во јуни 2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Деветмина загинати во пад на приватен авион во Флорида (ВИДЕО)

Девет лица загинаа во пад на приватен авион во округот Палм Бич, Флорида. Авионот „Лирџет 60“ летал од Остин, Тексас, кон Бахамите. Се урнал на прометна сообраќајница, при што се создал длабок кратер и избувнал голем пожар.

Деветмина загинати во пад на приватен авион во Флорида (ВИДЕО)

Непосредно пред несреќата, пилотот пријавил насобирање мраз на авионот. Потоа упатил повик за помош, предупредувајќи дека леталото брзо ја губи висината. Според податоците од следењето на летот, авионот изгубил 27 илјади стапки за една минута. Во областа имало и бури, но не е познато дали тие придонеле за несреќата. Околу 600 жители од блиската населба биле евакуирани поради оштетувањата. Несреќата ја истражуваат американските воздухопловни власти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Специјалитет со свинско филе

Во понеделник (26.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Цаки - Кисми

„Гответе со Дракче“ - Специјалитет со свинско филе

Состојки за денешниот рецепт:

1500 гр. свинско филе

1 кг. свежи печурки буковки

200 гр. путер

100 гр. сенф

150 гр. мед

500 мл. кисела павлака

сол, бибер

лук во прав

италијанска (тајланска) мешавина

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина

Мицкоски се обидува да си обезбеди алиби за предвремени избори.

СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина

Наводната кавга со ВЛЕН поради губењето во Брвеница е само димна завеса. Oпштина не може да биде покритие за голем проблем како Алта банка.

Сè почна да се одмотува. Вистината излегува на површина.

Мицкоски бара спас во предвремени избори во надеж дека ќе може да избегне одговорност за криминалот, корупцијата, трансферот на дрога преку граница и учеството во криминалната организација заедно со Вучиќ.

Она што Алта банка го докажа е дека беше пералница за пари на мафијашкиот синдикат СНС-ВМРО-OКГ.

Немањето пари во буџетот е доказ за хаосот во кој сега се наоѓа оваа банда на власт.

Парите веќе не стигнуваат ни за пензии. Овој мафијашко кршење на Алта банка ќе доведе до рушење на финансискиот систем.

Она што му останува на Мицкоски, без да признае, се вонредни избори и теми што ќе бидат националистички и популистички. Поделба на народот. Сеење меѓунационална омраза.

Сè е спремно. Латас веќе тргна во кампања. Остатоците од БИА што ќе помагаат да се остварат плановите од руската агенда.

Сателитите како Левица и ЗНАМ 2.0, предводени од екипата што ја рушеше СДСМ, чекаат знак од Мицкоски и ќе се претстават во ново одело. Одело на опозиција на далечинско.

Граѓаните гледаат. Касата се празни. Бандата се тресе. Алибито со Брвеница не држи.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер