3Во Музејот на град Скопје одржана обука за евакуација и спасување на музејски предмети при земјотрес
Скопјанец се бори за живот на респиратор: Прв тежок случај со западнонилска треска од домашен комарец
2Скопјанец се бори за живот на респиратор: Прв тежок случај со западнонилска треска од домашен комарец
КошаркаКуп на Македонија- ТФТ прв полуфиналист!Во полуфиналето екипата на ТФТ ќе го чека подобриот од дуелот во кој од 19.30 часот ќе играат екипите на Пелистер и МКК Куманово.Кошаркарите на ТФТ успешно го пребродеа нешто поспориот почеток во првиот четвртфинален меч против екипата на ТФТ. Во вториот период ја стигнаа негативата, а во второто полувреме го скршија отпорот на Феникс 2010 и стигнаа до полуфиналето од националниот Куп. ТФТ – ФЕНИКС 2010 98:71 Екипата на Феникс 2010 имаше подобар почеток во воведниот четвртфинален натпревар од Купот на Македонија. Во раната фаза од мечот Феникс 2010 поведе со (17-10), за првиот период да биде затворен со нешто пониски (22:19). Условно земено, гостинската екипа имаше предност (28:27), и на средината од втората четвртина. Но и тајм-аутот кој го зема тренерот Денис Дервишевиќ, не донесе прекина на серијата на поени на ТФТ. Во нецели две минути ТФТ поведе со (33:28). Затоа, за кратко време, Дервишевиќ мораше да го потроши и втората минута предвидена за одмор и совети како понатаму. Но ТФТ, кој пред натпреварот и важеше за фаворит, поведе и со (38:31). А одличната втора четвртина „црно-белите“ ја завршија со (27-12), за убедливо водство (46:34). Во вториот дел од првотго четвртфинале, работите си дојдоа на своето место. Како одминуваа минутите, така фаворитот градеше водство кое се покажа како недостижно за кошаркарите на Феникс 2010. По одличното прво полувреме, Дејвис заврши со 17.поени (плус четири скока и три додавања), исто толку имаше и Зафиров, Ташовски имаше 12, а по десет дадоа Гордон, Иванов и Стојаноси. А. Стојановски даде 16.поени (и шест скока), Рахама реализираше 14.поени (имаше и шест скока), Метјус имаше 11, а Дајсон уште десет поени за екипата на Феникс 2010. Во полуфиналето екипата на ТФТ ќе го чека подобриот од дуелот во кој од 19.30 часот ќе играат екипите на Пелистер и МКК Куманово.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
ЖивотРускиот енергетски гигант „Гаспром“во првата половина од 2026 заработил милијарда долариРускиот енергетски гигант „Гаспром“ објави нето-добивка од 78,4 милијарди рубљи – што е приближно една милијарда долари – за првата половина на 2026 година. Ова претставува значителен пресврт во споредба со истиот период минатата година, кога компанијата забележа загуба. Во првите шест месеци од минатата година, „Гаспром“ книжеше загуба од 10,76 милијарди рубљи, односно 137 милиони долари. Оваа година, приходите на компанијата пораснаа за 2,9 отсто на годишно ниво, а бруто-добивката за 15 отсто, додека добивката пред оданочување остана стабилна. „Гаспром“ и понатаму е еден од најголемите светски производители на природен гас, но изгуби значителен дел од европскиот пазар по руската инвазија врз Украина. Европа брзо ја намали својата зависност од рускиот гас што се испорачува преку гасоводи, а ЕУ планира целосно да го укине увозот на руски гас до 2027 година. Пред инвазијата, во 2021 година, Европа набавуваше околу 50 отсто од својот природен гас од Русија, главно преку гасоводи. Истовремено, приходите на Русија од енергенти не се целосно прекинати. Во првата половина на 2026 година, Европа увезе рекордни количества течен природен гас (LNG) од рускиот погон „Јамал ЛНГ“, со кој управува „Новатек“, а не „Гаспром“. Според податоците на „Кплер“ (Kpler), увозот од „Јамал“ достигна 9,89 милиони тони, што претставува зголемување од 18 отсто во споредба со истиот период минатата година. Во последните месеци, Русија исто така најави планови за пренасочување на испораките на гас од европскиот пазар кон Азија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканРоманија поради ниско ниво на Дунав, исклучува реактор во нуклеарна централаНивото на водата на најдолгата европска река Дунав е најниско во последните 30 години. Романија го исклучува реакторот во нуклеарната централа. Романската државна компанија „Нуклеарелектрика“ (Nuclearelectrica) денес исклучи еден реактор во нуклеарната централа „Чернавода“ како мерка на претпазливост поради рекордно ниското ниво на водата во Дунав; Министерството за енергетика соопшти дека овој потег има за цел да го заштити системот за ладење. Реакторот е привремено исклучен за да се спречи евентуално оштетување на системот за ладење, кој зависи од водата од Дунав, истакнаа од министерството. Нивото на водата во романскиот дел на Дунав минатата недела падна на најниско ниво во последните три децении, што ги натера властите да ја ограничат употребата на речната вода за наводнување, според „Романија инсајдер“ (Romania Insider). „Нуклеарелектрика“ денес изјави дека реакторот во „Чернавода“ е исклучен во согласност со контролираните процедури за постапување при екстремно ниско ниво на реката, додавајќи дека мерката има за цел да обезбеди нуклеарна безбедност и сигурност во работата на централата. Компанијата наведува дека одлуката се заснова на најновите прогнози на Романскиот национален институт за хидрологија и управување со води, при што нагласува дека состојбата на Дунав внимателно се следи. Доколку нивото на водата дополнително опадне, компанијата може привремено да го исклучи и вториот реактор. Недостатокот ќе се надомести преку увоз. Според податоците на Светската нуклеарна асоцијација, нуклеарната централа „Чернавода“ располага со два реактора базирани на канадската технологија CANDU, секој со капацитет од 706 мегавати, и обезбедува приближно една петтина од потрошувачката на електрична енергија во Романија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
МакедонијаЈанчев: Напредуваат градежните активности на затворениот базен[⤵️] Напредуваат градежните активности на затворениот базен на локацијата на поранешна „Ла Луна“, објави на Фејсбук, првиот човек на Кавадрци, Митко Јанчев.Овој затворен базен е со димензии 25×9 метри и длабочина од 1,20 метри. Истиот првенствено ќе се користи за децата од основните и средните општински училишта, но рекреативно ќе можат да го користат и сите останати граѓани. Во моментов започна лепењето на плочките во базенот, паралелно се работи во машинската просторија, а интензивно се изведува и партерното уредување на просторот околу објектот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter