ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, постапката за Алта банка е јавна и транспарентна
1ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, постапката за Алта банка е јавна и транспарентна
3Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија
ЗабаваКумство не се одбива: Еве кои се обврските на кумот/кумата на свадба Една од најважните улоги на свадбата ги има кумот/кумата. Во минатото кумството се наследувало, а денес најчесто во Македонија, прво се прашува стариот кум на младоженецот дали би сакал повторно да биде кум и да го венча. Но многу почесто кумот е личен избор на самите млади, а тоа е најчесто некој добар другар/другарка на младоженецот или невестата. Зошто постои кум на свадба? Обичајот да се има кум на свадба е поврзано со постарите верувања, кога младоженецот тргнувал да ја ”фати” невестата. Најчесто, неколку добри прилатели вклуќувајќи и еден лидер го подржувале, добро наоружани. Овие така наречени ”војници” го бранеле младоженецот од други мажи кои се обидувале исто така да одат по невестата, или пак и против фамилијата на невестата од каде што таа требало да биде украдена. Како што минувале вековите и опасноста од киднапирањето на невестата пополека стивнувало, обичајот останал, така што денес кумот и старосватите, го подржуваат младоженецот на свадбата. Дали можете да бидете кум/а? Кум/а на свадба не може да биде некој што не е крстен во црква, исто така и неможе да се венча некој што не е крстен. Доколку не сте крстени ќе морате тоа да го направите пред свадбата. Без разлика дали имате партнер/ка или не, и дали сте маж или жена, можете да бидете кум/а. Кои се обврските и трошоците? Треба да присуствувате на целата свадба од самиот почеток до крај. Вие доаѓате заедно со младоженецот по невестата и ја имате една од најважните улоги на свадбата, веднаш после младоженците. Во однос на обврските на кумот и кумата за време на венчањето во црква треба да обезбедат свеќи и платно, и да се плати дел од трошокот за црквеното венчање. Во врска со точната сума треба да се консултирате во црквата и да го поделите трошокот со сваросватот. Постапката на венчањето ќе ви ја објасни попот. Кумот е и сведок на венчањето во матично што значи ќе треба да присуствувате и таму. Кумот/кумата доколку сакаат треба да донесат торта на свадбата. Во врска со ова треба да се консултирате со невестата , младоженецот и со ресторанот, бидејќи во ресторан не е дозволено сами да си донесете торта. Бидермаерот на невестата најчесто и го подарува кумот/кумата, и тоа кога ќе дојдат по невестата, но во врска со ова секако ќе се консултирате со невестата. Дозволете и неа сама да си го одбере бидермаерот, а вие платете го и однесете и го на денот на свадбата. И, секако треба да обезбедите подарок кој најчесто е во консултација со младоженците, и најчесто е пари. Секако треба да бидете спремни и за музиката која е со вас во текот на целиот ден, и која цело време ќе се врти околу вас и околу младоженците, секако и за нив спремете пари. Во Македонија во различните делови од земјата постојат повеќе обичаи кога се во прашање свадбите. Но, овие кои ги набројавме погоре се најважните. Кои се обврските и трошоците? Треба да присуствувате на целата свадба од самиот почеток до крај. Вие доаѓате заедно со младоженецот по невестата и ја имате една од најважните улоги на свадбата, веднаш после младоженците. Во однос на обврските на кумот и кумата за време на венчањето во црква треба да обезбедат свеќи и платно, и да се плати дел од трошокот за црквеното венчање. Во врска со точната сума треба да се консултирате во црквата и да го поделите трошокот со сваросватот. Постапката на венчањето ќе ви ја објасни попот. Кумот е и сведок на венчањето во матично што значи ќе треба да присуствувате и таму. Кумот/кумата доколку сакаат треба да донесат торта на свадбата. Во врска со ова треба да се консултирате со невестата , младоженецот и со ресторанот, бидејќи во ресторан не е дозволено сами да си донесете торта. Бидермаерот на невестата најчесто и го подарува кумот/кумата, и тоа кога ќе дојдат по невестата, но во врска со ова секако ќе се консултирате со невестата. Дозволете и неа сама да си го одбере бидермаерот, а вие платете го и однесете и го на денот на свадбата. И, секако треба да обезбедите подарок кој најчесто е во консултација со младоженците, и најчесто е пари. Секако треба да бидете спремни и за музиката која е со вас во текот на целиот ден, и која цело време ќе се врти околу вас и околу младоженците, секако и за нив спремете пари. Во Македонија во различните делови од земјата постојат повеќе обичаи кога се во прашање свадбите. Но, овие кои ги набројавме погоре се најважните. Секако за крај потребно е многу позитивна енергија и да уживате во кумството, бидејќи и тоа е еден од најубавите моменти во животот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, постапката за Алта банка е јавна и транспарентнаСДС и Венко Филипче се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, во постапката за Алта банка, која е јавна и транспарентна.Тие продолжуваат со ширење неосновани обвинувања за Алта банка, обидувајќи се од редовна и транспарентна постапка за јавна аукција во јавноста да претстават непостоечки скандал. Фактите, се следни. Продажбата на над 95 проценти од акциите се реализира преку Македонската берза, со јавно објавена постапка, утврдени правила и познати термини за аукциите. Првата аукција е закажана за 30 ноември, со почетна цена од 3.777 денари по акција. Сите информации се јавно достапни и секој заинтересиран граѓанин може да ги провери. Затоа, обидите на СДС оваа постапка да ја претстави како тајна зделка се обични политички манипулации. СДС и Филипче без никаква одговорност и грижа на совест, само се расфрлат со разноразни лаги и обвинувања со што се обидуваат да создадат недоверба и паника кај граѓаните. Ова е веќе препознатлив и веќе виден модел на политичко дејствување на СДС, најпрво обвинувања и драматизација, а потоа молк, никаде ги нема да се извинат кога фактите ќе ја покажат вистинската состојба. Тоа што е сигурно, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи неодговорни политички конструкции да ја нарушуваат довербата во финансискиот систем. Стабилноста на банкарскиот сектор и сигурноста на граѓаните се приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нема да дозволи, како во времето на СДС, банки да пропаѓаат и граѓаните да ги изгубат своите средства. Граѓаните заслужуваат вистина, транспарентност и одговорна политика, а не секојдневни обиди и лаги на СДС, од ништо да создава скандали кои не постојат. Токму затоа се и таму каде што се, во длабока опозиција без поддршка од граѓаните. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветХакери упаднаа во ФБИ. Трамп: Можеби ќе дознаеме нешто за изборната измамаАмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева оти најновиот хакерски напад врз база на податоци на ФБИ би можел да открие корисни информации,.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева оти најновиот хакерски напад врз база на податоци на ФБИ би можел да открие корисни информации, вклучително и во врска со истрагата за руското мешање во американските избори и наводните изборни измами. „Секогаш сакам да гледам на работите од позитивната страна“, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“, коментирајќи го вториот голем сајбер-напад врз ФБИ во изминатите два месеца. Хакери упаднаа во чувствителна база на податоци на ФБИ Според информации што две лица запознаени со случајот ги потврдија за телевизијата „MS NOW“, хакерите пристапиле до Националниот центар за криминално разузнавање (NCIC) – една од клучните бази на податоци на ФБИ. Базата содржи податоци за отпечатоци од прсти, лица по кои се трага, сторители на насилни кривични дела и исчезнати лица. Пристап до овие информации имаат само органите за спроведување на законот, но податоците не се класифицирани како тајни. Сè уште не е познато колкаво количество податоци успеале да преземат напаѓачите. Од ФБИ не одговорија на барањето за коментар, а веста за нападот прв ја објави Си-Ен-Ен (CNN). За време на телефонско интервју за „Фокс њуз“, Трамп призна дека хакерскиот напад не е добра вест, но истовремено изрази надеж дека тој би можел да открие информации што претходно не биле достапни за јавноста. „Ќе кажам дека тоа не е добро. Не ми се допаѓа. Но, можеби ќе дознаеме работи што инаку никогаш не би ги дознале, бидејќи, знаете, ја имавте целата таа измама ’Русија, Русија, Русија‘“, рече Трамп. „Можеби ќе дознаеме нешто за изборните измами – сите тие изборни измами што се случија“, додаде американскиот претседател, без да понуди какви било докази со кои би го поврзал овој упад со своите тврдења. Трамп со години ги оспорува наодите од истрагите за руското мешање во претседателските избори во САД во 2016 година. Тој, исто така, продолжува да изнесува неосновани тврдења за распространети измами на изборите во САД. Ова е втор значаен безбедносен инцидент поврзан со ФБИ во последните два месеца. Во септември, хакерска група позната како „Шајнихантерс“ (ShinyHunters) упадна во системи што содржат податоци за вработените во оваа американска федерална агенција. Тогаш, напаѓачите дојдоа до чувствителни информации за речиси сите вработени во ФБИ, како и за бројни службеници од локалните органи за спроведување на законот, кои учествувале во заеднички истражни тимови.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФормулаТриумф на Верстапен на Гран прито во Лас Вегас Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, е победник на трката за Големата награда на Лас Вегас од светскиот шампионат во Формула 1.За извонредниот Холанѓанец ова е четвртата победа во последните шест трки. Трката за Големата награда на Лас Вегас, дефинитино беше најнеизвесната и највoзбудливата оваа сезона. Од самиот почеток се водеше голема борба, буквално за секоја позиција на патеката. Верстапен успеа да се одбрани од конкурентите, најмногу од Расел, кој 35 кругови беше зад него. Ред Бул извојува победа благодарение на различните поставки на болидот Верстапен. Холанѓанецот, по голема борба и бројни промени во водството, стигна до триумф пред Ландо Норис и Оскар Пјастри од Мекларен. Проблеми во финишот, со болидот, имаше светскиот првак, Кими Антонели, кој во неколку свиоци ја загуби втората позиција од Норис и Пјастри. Четвртото место му припадна на Антонели, додека Алпин оствари одличен резултат благодарение на петтата позиција на Гасли и шестото место на Франко Колапинто.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook