Кумот пристигнал на свадба и се шокирал кога ја видел својата девојка во венчаница (ВИДЕО)

40-годишен маж по име Пол Шопрони со години се обидувал да ја убеди својата девојка Алеаша Пилаве од Велс да се омажи за него, но таа упорно одбивала.

Меѓутоа, по неколку години врска, Алеаша се премислила и одлучи да се омажи за Пол, но таа одлучила да му каже на уникатен начин, пишува Метро.

Имено, Алеаше организирала лажна венчавка за двајца пријатели, а Пол бил убеден дека е кум. И додека чекале да започне церемонијата, Алеаше влегла во собата облечена во венчаница и ја пеела нејзината омилена песна додека се приближувала кон Пол.

Тој останал шокиран првите неколку моменти, но потоа сфатил за што се работи и се смеел и танцувал додека другите гости аплаудираа.

Откако ја заврши песната, Алеаше клекна пред Пол и го запроси, а тој се пошегува и избега од неа неколку чекори, а потоа се врати и ја бакна својата идна сопруга.

„Во последните две години, тој бараше од мене да се венчам околу 30 пати на ден“, рече Алеаше, објаснувајќи зошто се одлучила за вакво изненадување. „Покрај тоа, јас бев во брак двапати порано и малку се двоумев да го повторам сето тоа“, признава Алеаше.

Ковачки: Дали експерти предупредиле да не се вградуваат пур панели?

Дали експерти предупредиле да не се вградуваат пур панели и дали струјата е поврзана без проект?!

12 дена по пожарот во тетовската модуларна болница од ВМРО-ДПМНЕ и денеска со барање на одговори за несреќата но и како што наведуваат непристрасна истрага.

ВМРО-ДПМНЕ бара повлекување на предлог-законот за академија на судии и јавни обвинители

Во Собранието опозицијата побара повлекување на предлог Законот за судии и јавни обвинители, кој според ВМРО-ДПМНЕ не може да се носи со европско знаменце.

Повеќе детали има Андријана Лазова.

Андријана кои се аргументите на власта и на опозицијата околу овој закон.

Целиот извештај погледнете го во видеото.

Средба Битиќи – Доер Вос: Германската поддршка за реформите во економијата е една од најважните

Вицепремиерот Битиќи, кој престојува во работна посета на Берлин, на средбата истакна дека германската поддршка е една од најважните за земјава.

Економската соработка помеѓу Македонија и Германија беше главна тема на разговор на работната средба во Берлин на заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи со државната секретарка во германското Федералното министерство за економија и енергетика, Клаудија Доер Вос.

Вицепремиерот Битиќи, кој престојува во работна посета на Берлин, на средбата истакна дека германската поддршка е една од најважните за земјава, особено кога станува збор за реформите во економијата.

Битиќи, како што соопшто неговиот, кабинет констатира дека економската соработка на земјава со Германија е на исклучително високо ниво.

– Веќе традиционално оваа земја е прв трговски партнер на Македонија, како последица на голем број на директни инвестиции на компании од Германија. Беше потенциран и процесот на „near-shoring" кој подразбира преселба на голем дел од производството на компании од високоразвиените земји кои имаа сопствени капацитети во земјите од Далечниот Исток во нивна непосредна близина, а Македонија секако е една од дестинациите каде дел од ова производство ќе биде трансферирано, се наведува во соопштението.

Од таму информираат дека на состанокот вицепремиерот Битиќи ги претставил и преземените чекори за развивање на 20-годишна Национална развојна стратегија на земјава до 2041 година, во која ќе бидат опфатени сите аспекти на општественото живеење, а која треба да обезбеди одржлив економски раст.

Вицепремиерот Битиќи и државната секретарка Доер Вос, енергетиката, индустријата, заштитата на животната средина и спроведување на структурни реформи во економијата ги дефинираа како области каде би можела дополнително да се унапреди соработката.

Тие заклучија дека како една од конкретните мерки со кои директно ќе се помогне на инвеститорите, особено оние од преработувачката индустрија, а која е и дел од владината програма, е измената на царинскиот тарифник и негово прилагодување на царинските стапки во ЕУ. /МИА

притисни ентер