3ВМРО-ДПМНЕ: Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра, сега нека ги достави доказите до ЈО а не да молчи и да се крие
Други спортовиКумановските велосипедисти убедливо најдобри на државното друмско првенствоНа државното друмско првенство во Македонија учествуваат 55 велосипедисти од осум клуба од Македонија. Велосипедистите возеа на релација Куманово-Крива Паланка-Куманово со должина од 130 километри. Андреј Петровски од клубот „Вело М Термалифт“ Куманово е победник во категорија сениори на вчерашното државно првенство на Македонија што се одржа во организација на општинскиот сојуз на спортови Куманово, клубот од Куманово, под покровителство на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Второ место го освои Никола Левков од „Вело-М Термалифт“ Куманово, а трето Јане Трифуновски од „Енерџи Скопје“, информираа денеска организаторите. Во категорија јуниори прво место го освои Александар Чавлевски од „Енерџи“ Скопје, второ, Ивица Гацовски од „Вело М Термалифт“ и трето место даниел Мојсовски од „Спид Бајк“ Кичево. На државното друмско првенство во Македонија учествуваат 55 велосипедисти од осум клуба од Македонија. Велосипедистите возеа на релација Куманово-Крива Паланка-Куманово со должина од 130 километри. - Велосипедистите беа придружувани од екипи на МВР, на Црвениот Крст и помина во одлична атмосфера. Кумановските велосипедисти постигнаа убедлива победа во однос на конкуренцијата, изјави спортскиот директор на велосипедскиот клуб „Вело-М Термалифт“ Куманово, Марјан Петровски. Државното првенство во друмски велосипедизам се смета за најпрестижна трка во рамки на една нација, а победникот на трката добива титула државен првак на Македонија и бодови за светската ранг листа. Секоја држава организира првенствство во друмски велосипедизам на ист датум и на првенствата се постигнуваат поени за светската ранг листа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈП. Улица и патишта. Известување за одлагање на датум за изведба на активности на мост „БлизнакЈП Улици и патишта-Скопје известува дека планираните активности за санација на заштитната ограда на мост „Близнак“,кои беа предвидени за денес 08.10.2026г., се одложуваат.За новиот термин на реализација на активностите граѓаните ќе бидат навремено информирани. Ви благодариме на разбирањето. Со почит,Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаО. Карпош: Обновување на сообраќајната сигнализација пред училиштата и градинките во КарпошОпштина Карпош започна со обновување на хоризонталната сообраќајна сигнализација пред училиштата и градинките со цел да ја подобри безбедноста во сообрачајот.Активоста која се реализира во рамки на годишната програма на Секторот за комунални работи, опфаќа пребојадисувањето на пешачките премини и уличните училишни ознаки, пред десетте основни училишта во Карпош. Во рамки на акцијата ќе бидат ќе бидат обновени и пешачките премини пред десетте објекти на четирите детски градинки во Карпош. Со обновување на сигнализацијата се обезбедува поголема видливост на пешачките премини и се зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Апелираме за внимателно и одговорно однесување во сообраќајот и почитување на сообраќајните правила и прописи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра, сега нека ги достави доказите до ЈО а не да молчи и да се крие Филипче не смее и не може да си поигрува и да си прави внатрепартиски пресметки кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреби.Венко Филипче излезе во јавност со обвинувања и сомнежи и директно ја прозва Петровска во врска со наводите околу набавката на хеликоптери и договор за кој, според Филипче постоела разлика од дури 37 милиони евра. Филипче расфрла пердуви за криминал од 37 милиони евра и сега молчи и се крие. Не може сериозни обвинувања за злоупотреба на десетици милиони евра да се користат како оружје во внатрепартиски конфликти. Ако постојат докази, Филипче треба да ги достави до надлежните институции и целосно да се истражат. Граѓаните имаат право да знаат кој носел одлуки, кој ги одобрил набавките и дали државниот буџет бил оштетен. Наместо партиски пресметки на Филипче, очекуваме институционална постапка и одговорност. Секој сомнеж за злоупотреба на јавни средства мора да биде расчистен. Правдата не смее да зависи од тоа кој со кого е скаран. Филипче треба да знае дека непријавување кривично дело или сторител е казниво согласно Член 364 од КЗ и за тој што свесно ќе пропушти да пријави кривично дело. А со оглед на тоа дека Филипче јавно говореше за сторено кривично дело од Петровска, го повикуваме ЈО, да го повика Филипче на информативен разговор и да ги обелодени сите информации кои ги има, а се поврзани со овој случај. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59