Томовски: Институциите постапија веднаш, на граѓаните на Гостивар им беше обезбедена питка вода во континуитет
1Томовски: Институциите постапија веднаш, на граѓаните на Гостивар им беше обезбедена питка вода во континуитет
3Чудо во Индонезија: Бабичка извлечена жива од урнатините, три дена по катастрофалниот земјотрес (ВИДЕО)
КултураКумановскиот театар продолжува со онлајн-претставите, денеска ќе ја прикаже „Раскол"Kумановскиот театар продолжува со претстави на интернет и за публиката денеска онлајн ќе ја прикаже претставата „Раскол", соопшти театарот на својата официјална страница. Претставата е работена по текст на Владимир Плавевски, во режија на Бранко Брезовац, а играат актерите Сузана Брезовац, Драгиша Димитријевски, Горан Илиќ, Љупчо Хаџи Стојанов. „Раскол" премиерно е изведена во септември 1998 година и, според објавата на театарот, била подготвена за рекордни 20 дена. Оваа претстава е и најдолго одржана на репертоарот, од 1998 до 2006 година, а на фестивалот „Војдан Чернодрински" во Прилеп актерот Драгиша Димитријевски ја доби наградата за најдобро актерско оставрување. Кумановскиот театар со „Раскол", исто така, учествувал на голем број фестивали во земјава, како и во Бугарија, Словенија, Црна Гора, Хрватска, Аргентина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТомовски: Институциите постапија веднаш, на граѓаните на Гостивар им беше обезбедена питка вода во континуитет „Се издвоија околу 6 милиони денари за целата оваа постапка. Она што го направивме како Влада, уште на самиот почеток, одма, веднаш интервениравме. Од првиот ден почнавме да носиме миниум по два шлепери на ден. Околу 70 тони питка вода за пиење“, рече во „Вести Плус“ на Канал 5, Ивица Томовски, директор на Служба за општи и заеднички работи (СОЗР) при Влада и член на Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Томовски се осврна на мерките кои биле преземени од страна на СОЗР и Владата за време на кризната состојба со водата во Гостивар. Тој посочи дека интервенирале уште од првиот ден и како што кажа тој, на граѓаните на Гостивар во континуитет им биле доставувани најмалку по два шлепери дневно, односно околу 70 тони питка вода дневно. „Можам да кажам дека во континуитет доставуваме по 2 шлепери, некогаш имаше и одредени поголеми количини бидејќи имаше и компании коишто донираа дополнителни количини на вода. Мислам дека покривме целосно за граѓаните, беше доволно бидејќи кон крајот како завршуваа деновите дел од граѓаните имаа обезбедено и поголеми количини во своите домови“, заврши Томовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВозачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
ЕвропаДронот што НАТО го собори над Латвија бил украински Вооружените сили на Латвија објавија дека дронот соборен во воздушниот простор на балтичката земја на 14 август е од украинско потекло, што е најновиот во низата инциденти како што се прелева војната на Русија против Украина во соседните земји.Италијански борбен авион стациониран во Балтикот собори дрон откако влезе во воздушниот простор на Латвија, членка на Европската Унија и НАТО, за време на украинските напади врз руските пристаништа, објави НАТО. Дронот влегол од Белорусија Дронови на украинската армија што таргетираат цели во Русија неколку пати оваа година залутаа во воздушниот простор на балтичкиот регион и го вклучија алармот. Латвиските вооружени сили објавија дека дронот влегол во Латвија од Белорусија, најверојатно поради руско електронско блокирање. Тие одбија да дадат дополнителни детали за дронот.Тагови: НАТО Латвија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЧудо во Индонезија: Бабичка извлечена жива од урнатините, три дена по катастрофалниот земјотрес (ВИДЕО)84-годишна баба е пронајдена жива три дена по силниот земјотрес што ја погоди источна Индонезија, во спасувачка операција што локалните власти ја опишаа како чудо.Земјотресот со јачина од 7,7 степени уби најмалку 73 лица, повреди повеќе од 900 и остави речиси 60.000 бездомници. 84-годишната Паулина Поби беше пронајдена жива во вторник, три дена откако земјотресот го погоди подрачјето во сабота наутро, во близина на островот Флорес. Свлечиште предизвикано од земјотресот го блокираше пристапот до селото Нитунглеа, каде што живееше постарата жена, заробувајќи ја под урнатините на нејзината куќа од бамбус. Шефот на полицијата во округот Сика, Бабанг Супено, им изјави на локалните медиуми дека 84-годишната жена е безбедно извлечена од урнатините и однесена во најблискиот здравствен центар на лекување. „Таа не можеше да се движи ниту да зборува“ Според локалниот службеник Рудолфус Риба, жената не можеше да се движи ниту да повика помош бидејќи беше парализирана. „Бидејќи беше парализирана, не можеше да се движи ниту да зборува, па нејзиното семејство конечно ја пронајде четвртиот ден“, изјави тој за француската новинска агенција АФП. Нејзината состојба беше опишана како добра, бидејќи немаше повреди. Спасувачите рекоа дека била само исцрпена, не јадела ниту пиела вода неколку дена. „Се чини нереално, речиси како чудо“, рече Риба. MUKJIZAT! 4 HARI TERTIMBUN RERUMPUAN RUMAH, NENEK LUMPUH DI NTT BERHASIL DIEVAKUASI SELAMAT 🙏😭 Kisah haru dan keajaiban nyata datang dari lokasi terdampak gempa NTT. Nenek Paulina Pobi, lansia sebatang kara berusia 84 tahun warga Desa Nitunglea, Pulau Palue, Kabupaten Sikka,… pic.twitter.com/qC3ZlCVViX — Sumatera Adil & Federal (@indepenSumatera) August 19, 2026 Индонезија е во целосен хаос по земјотресот. Иако некои продавници, бензински пумпи и други објекти на островот се повторно отворени, патиштата сè уште се покриени со урнатини додека спасувачите продолжуваат да ги пребаруваат урнатините за можни жртви. Индонезиската агенција за управување со катастрофи соопшти дека 398 тони помош, вклучувајќи храна, шатори, засолништа за раселени лица и донации од граѓани, се доставени до погодените области. Сепак, дистрибуцијата на помош е попречена од планинскиот терен на Флорес и штетите на патиштата предизвикани од земјотресот. Владата ја зголеми употребата на воени авиони, бродови и персонал за поддршка на операциите во оддалечените области. Според портпаролот на агенцијата за управување со катастрофи, Бартон Панџаитан, операцијата останува тешка поради географските карактеристики на областа. Во меѓувреме, геолошката агенција на Индонезија регистрираше повеќе од 3.000 последователни потреси од саботата, од кои најмалку 86 беа доволно силни за да ги почувствуваат жителите. Постојаните потреси предизвикаа страв кај многу жители, кои избегнуваат да се вратат во своите оштетени домови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook