СДСМ: Има ли директорот на АВМУ улога во влезот на српски капитал во медиумите и дали има српско и бугарско државјанство?
2СДСМ: Има ли директорот на АВМУ улога во влезот на српски капитал во медиумите и дали има српско и бугарско државјанство?
3ВМРО-ДПМНЕ: Домашното производство во април покри 88,8% од вкупната потрошувачка на електрична енергија
2Се појави видео од тајната венчавка на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез која не носи венчаница
КултураКумановскиот театар ќе учествува на фестивал на мали драмски форми во БугаријаКумановскиот театар ќе учествува на Фестивалот на малите драмски форми кој традиционално се одржува во градот Враца, Бугарија, соопштија денеска од НУЦК „Трајко Прокопиев“. Театар Куманово пред тамошната публика ќе настапи со претставата „Драма изгубена во времето“. Фестивалот се одржува од 10 до 16 јуни по 34-ти пат. - Театар Куманово е поканет да учествува со претставата „Драма изгубена во времето“ во режија на Владлен Александров во која играат: Горан Илиќ и Кети Дончевска Илиќ, а како актерка во краткиот филм во претставата се појавува и актерката Александра Пешевска. Сценографијата е на Крсто Богојевски, костимите се на Кети Пауновска Стефковска, драматургијата на Симона Тоскиќ, а видео филмот е во режија на режисерот Никола Поповски, изјави директорот на НУЦК, Сашо Тодоровски. Фестивалот ќе трае седум дена при што се селектирани четиринаесет претстави од Бугарија и соседните држави. Претставата премиерно беше изведена на сцената на Театар Куманово во 2020 година. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСити не се откажува ниту од Енцо ФернандезАнглискиот премиерлигаш Манчестер Сити дефинитовно не се откажува ниту од Енцо Фернандез, Челзи бара околу 140 милиони евра. Покрај Буади, Манчестер Сити ја остава отворена вратата за голем трансфер на Енцо Фернандез. Весникот *The Times* денес пренесува дека аргентинскиот репрезентативец останува една од целите на Сити по заминувањето на Родри. Челзи го проценува играчот за врска на 120 милиони фунти, односно приближно 139 милиони евра. Минатата недела Челзи постави краен рок за заинтересираните клубови, но не доби понуда што ги исполнуваше нивните барања, поради што очекуваат Фернандез да остане. Сепак, интересот на Сити не стивнува. Енцо Мареска добро го познава Аргентинецот од времето кога соработуваа во Челзи, а реализацијата на овој трансфер дополнително би ја зголемила и онака огромната инвестиција на Сити во реконструкцијата на средниот ред. Доколку Сити успее да ги ангажира и Буади и Фернандез, тоа би значело дека потрошиле 373 милиони евра за реорганизација на својот среден ред. Енцо Фернандез – 139 милиони евра, Елиот Андерсон – 135 милиони евра и Ајуб Буади – 99 милиони евраКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
МакедонијаОпштина Илинден: Реконструирано мултинаменското спортско игралиште во н.м МариноОпштина Илинден целосно ги реконструираше спортските терени во рамки на мултинаменското спортско игралиште во н.м Марино, со што жителите добија современ, функционален и безбеден простор за спорт, рекреација и дружење.Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, при увидот истакна дека во рамки на проектот се реконструирани фудбалскиот и кошаркарскиот терен, а реализирани се и низа дополнителни активности за уредување и заштита на целиот спортско-рекреативен простор. Фудбалскиот терен е целосно обновен на површина од 924 м2, поставена е нова вештачка трева, два нови гола и заштитна мрежа зад головите, со што се создадени значително подобри услови за игра, тренинг и рекреативни активности. Целосна реконструкција е извршена и на кошаркарскиот терен, кој се протега на површина од 436 м2, каде се поставени нови ПП пластични плочки, а заменети се и двете кошаркарски табли и двата обрачи. Во рамки на уредувањето на спортскиот комплекс, поставена е и нова пластифицирана заштитна мрежа и нова панелна 2Д заштитна мрежа на површина од 132 м2. Со реализацијата на овој проект, Марино доби целосно обновен спортско-рекреативен простор со современи услови за фудбал и кошарка, наменет за активностите и потребите на сите генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Има ли директорот на АВМУ улога во влезот на српски капитал во медиумите и дали има српско и бугарско државјанство?СДСМ со месеци предупредува дека во Македонија се подготвува операција за преземање на медиумскиот простор во Македонија по истиот модел на Вучиќ во Србија.Дел од таа операција оди и преку „Ало медиа“ групацијата која пројавила намера за преземање на сопствеништвото на „Наша ТВ“. Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, има обврска да излезе и да ја информира јавноста и да каже што презема Агенцијата да го заштити медиумскиот простор во земјата и демократијата. Каква е неговата улога? Дали е известен за промената на сопственичката структура? Како ќе го објасни тоа кога знае за целосното сопствеништво и поврзаноста на компаниите кои влегуваат во Македонија? Дали знае дека на овој начин се создава дополнителна концентрација на политичко и странско медиумско влијание? Има и друго прашање на кое треба Трајчевски да одговори. Дали Трајчевски има српско државјанство, српски пасош или пасош на друга соседна држава? Дали има бугарски пасош? Ова е легитимно прашање од јавен интерес, особено во момент кога странски влијанија се шират во земјава а институцијата со која раководи Трајчевски има законски надлежности во постапките. Јавноста има право да ги знае одговорите. Скопје, 19.08.2026 СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00