СДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 - за народот нема пари само камати
2СДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 - за народот нема пари само камати
3ВМРО-ДПМНЕ: СДС бараше надзорна расправа за Алта банка а сега не сака да ја продолжи, од што се плаши Филипче?
1Најбогатиот човек на светот Илон Маск започнува голем проект во Европа: Инвестира три милијарди евра
3Единаесет реченици што ги изговараат луѓето кои не се среќни, често прикривајќи го она што ни себеси не си го признаваат
КултураКумановскиот музеј доби речиси 4 милиони денари за реализација на проекти за годинаваМинистерството за култура одобри средства за реконструкција на Меморијалниот Центар АСНОМ, соопштија денеска надлежните од Музејот во Куманово.Освен средства за оваа инвестициска дејност, одобрени се вкупно 3.965.000 денари за проектите кои ќе ги реализира установата. Ова се повеќе пари споредено со минатата година за реализација на бројни проекти за кумановскиот музеј. – Лани имавме 1.658.000 денари одобрени средства за сите проекти, а оваа година имаме одобрено 3.965.000 денари, или разликата е 2.306.000 денари што пред нас е една голем обврска, меѓутоа Музејот има капацитет и ќе ги реализираме сите проекти, изјави директорот на кумановскиот музеј, Богдан Таневски. За издавачка дејност, за оваа година предвидени се два проекта, Музејски гласник број 12 и Монографија за Трајко Муфтински, академски сликар и зоограф. За нив се одвоени 200.000 денари. Од ликовна дејност за оваа година Музејот ќе реализира пет самостојни изложби, изложба на дела од ликовна колонија од минатата година, изложба на кумановски ликовни уметници 2020, вкупно десет проекти за кои се одвоени 655.000 денари. И годинава ќе се одржи повеќедецениската колонија „Куманово2020". – Оваа година Министерството за култура ни одобри инвестиции и тоа за реновирање на Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, 1.350.000 денари, за што досега имаше потреба, оваа година ќе направиме санација таму. Годинава, на локалитетот Кокино исто така ќе работиме. Од Министерството за култура одобрени се 60.000 денари, а во соработка со невладината организација „ЛАГ АБЕР2015" тие конкурираа во Министерство за земјоделство, одобрени им се за заштита односно поставување на ограда и еден видиковец на локалитетот. Наша обврска е да платиме ДДВ за таа завршена работа. Покрај тоа, од француската амбасада има средства за уредување, односно поставување на информативни табли на локалитетот, одржување на веб-страница и други активности што се поврзани со самиот локалитет, најави Таневски. За музејска дејност и заштита Министерството одобрило 25 проекти за сите одделенија, како што е археологија, етнологија, историја на уметност. – Решението, односно Предлог-програмата треба да оди на усвојување на Управен одбор во рок од 15 дена. Треба да се донесе одлука, која ќе биде проследена до Министерството за култура, дури потоа министерот ќе ни испрати договор со кој ќе го потпишеме, Министерството за култура и институцијата Музеј Куманово, изјави директорот на установата, Богдан Таневски. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања08:36АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
БалканЗапочна вториот ден од конститутивната седница на српското собраниеЗапочна вториот ден од конститутивната седница на Парламентот на Србија, пратениците се во пратеничките клупи, присутни се 128 пратеници.Пратениците на Собранието на Србија денес продолжуваат со својата работа и конститутивната седница на новото свикување. Седницата започна во 10 часот о. Вчера беше конституирано новото, 15-то свикување на Народното собрание на Србија. Формирани беа и пратеничките групи на Студентската листа, предводена од Јово Бакиќ, и Единствена Србија, предводена од Александар Вучиќ. Кандидати за претседател на Парламентот се Александар Чупиќ и Стојан Раденовиќ.Тагови: Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања08:36АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
МакедонијаСДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 - за народот нема пари само каматиМицкоски и Кочоска планираат во 2027 година да ги задолжат граѓаните на Македонија со нови две милијарди евра. За да го оправдаат огромното задолжување, Кочоска и Мицкоски лажат, како и за се друго. Велат дека толку долг доспева за враќање. А во предлог- Буџетот за 2027 којшто Кочовска го предлага, стои дека за отплата на долг се предвидени 64,6 милијарди денари, односно 1 милијарда евра. Уште една лага за некакви „наследени долгови“ е разбиена. Мицкоски го зголеми долгот за 4 милијарди евра, за 50 проценти повеќе од вкупниот долг на државата од независноста до денеска. Со Предлог-буџетот за 2027 година, планира да ги задолжи граѓаните за уште 2 милијарди евра. Додека граѓаните живеат лошо, трошоците за живот растат, платите стагнираат. Во 2027 се најавува поскапување на парното и струјата, што ќе значи уште еден удар врз стандардот на народот. Нови долгови за граѓаните, огромни камати коишто треба да ги плаќаат а нема пари за минималната плата од 600 евра, нема пари за поголем студентски оброк, нема пари за земјоделците. Пари за граѓаните нема. Знаеме каде има, само кај Мицкоски и неговата банда. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС бараше надзорна расправа за Алта банка а сега не сака да ја продолжи, од што се плаши Филипче?СДС ја побара надзорната расправа за Алта банка, па откога излезе вистината на виделина, не го закажуваат продолжетокот.СДС и Филипче беа гласни за Алта банка, се до моментот кога се дозна во јавноста дека тие биле првите кои му продале акции на Мацура и на самата Алта банка. СДС и Венко Филипче се заплеткаа во сопствените лаги и потези за Алта Банка. Филипче и СДС молчат и не кажуваат зошто во 2023 година не излегоа на прес-конференција да ги известат граѓаните дека ќе ги продадат државните акции, на како што тие тврдат, криминалецот Мацура и неговиот сомнително стекнат капитал во Алта банка. Дали СДС и Венко Филипче се плашат дека во јавноста може да излезат дополнителни информации и токму поради тои и не го закажуваат продолжението на надзорната расправа. После сите информации СДС и Филипче бегаат кога треба да се соочат со фактите. Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа. Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања на СДС и Филипче против Алта банка. Додека во јавноста се обидуваа да наметнат приказна за таканаречен српски свет, во позадина стои политичка хајка во која се кријат бизнис мотиви на лица блиски до СДС Филипче и кланот Заеви. Архитекти и главни произведувачи на српскиот свет во Македонија се Венко Филипче и СДС. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook