Кумановската болница една од шесте перинатални мрежни единици - Канал 5

Кумановската болница една од шесте перинатални мрежни единици

Системот вклучува поголема комуникација и сигурност на сите нивоа на здравствена заштита. 

Кумановската болница една од шесте перинатални мрежни единици

Во кумановската општа болница денеска се одржа работен состанок за организација на перинатална здравствена заштита, информираа денеска од болницата. Главниот план опфаќа препораки и ангажман на вклучените субјекти за подобрување на услугите за систем за перинатална грижа.

На состанокот за мастер планот за организација на перинатална здравствена заштита присуствуваа претставници од болницата и професорите Елизабета Зисевска и Ана Данева Марковска.

-Системот вклучува поголема комуникација и сигурност на сите нивоа на здравствена заштита. Од матичен гинеколог, до родилиштата и патронажната служба, водење на ризични бремености и раѓања, изјави директорката на болницата, Снежана Захариева.

Глобалната агенда во здравството ширум светот е фокусирана на обезбедување на здрав живот и промоција на благосостојбата и преживувањето за мајките и новороденчињата. Мастер планот за перинатална грижа е заклучок од комбинирани напори на Министерство за здравство и Светската здравствена организација. Тој дава анализа на организирање на системот за перинатална грижа за пружање на услуги и препораки за натамошно подобрување и оптимизација на услугите, како и поддршка од системот за здравствени информации. Во реализација ќе учествуваат шест перинатални мрежни единици.

-Една од нив е и нашата со координативен центар во Куманово. Комитетот за безбедно мајчинство е главно тело за мрежните единици на локално ниво. Со перинаталните мрежни единици ќе раководи извршно тело во чиј состав ќе бидат инволвирани гинеколози, неонатолог, педијатар, акушерки, матични гинеколози, патронажни сестри и претставници од локална самоуправа. Секако во овој проект ќе се вклучи и невладиниот сектор, Project Hope и други, појаснуваат од болницата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж од Градско изгубил контрола врз тракторот и загинал

На 25.07.2026 во СВР Велес било пријавено дека околу 18:00 часот кај место викано „Србиново“ во атар на с.Уланци, општина Градско, С.Л.(81) од Градско, управувајќи трактор со приколка , изгубил контрола и со тракторот излетал од патот. 

Маж од Градско изгубил контрола врз тракторот и загинал

Од здобиените повреди, С.Л. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

!6- годишно момче од Кондово починало, откако со мајка му било на гости во с. Синѓелиќ

На 25.07.2026 во 16.22 часот во СВР Скопје, од Комплекс клники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен 16-годишник од с.Кондово.

!6- годишно момче од Кондово починало, откако со мајка му било на гости во с. Синѓелиќ

На 25.07.2026 во 16.22 часот во СВР Скопје, од Комплекс клники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен 16-годишник од с.Кондово, кој за кратко време починал.

Според пријавеното, тој со неговата мајка бил на гости кај роднини во с.Сингелиќ, при што во еден момент му се слошило и паднал во бессознание.

Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обукција, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Добринт: Во Берлин се случи исламистичко терористички напад, еден загинат и 29 повредени

Нападот на Парадата на гордоста во Берлин е исламистичко терористички напад, изјави денеска германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт.

Добринт: Во Берлин се случи исламистичко терористички напад, еден загинат и 29 повредени

Нападот на Парадата на гордоста во Берлин е исламистички терористички напад, изјави денеска германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт, додавајќи дека осомничениот за нападот им бил познат на полицијата и безбедносните служби по неколку претходни кривични дела.

„Сè што гледаме укажува на исламистички терористички напад“, изјави германскиот министер на прес-конференција, според германската јавна служба за покраините Берлин-Бранденбург RBB.

Според него, осомничениот Абдул Б. прво удрил во луѓето со својот автомобил, а потоа излегол од возилото и нападнал повеќе минувачи со остро оружје, најверојатно со мачета, предизвикувајќи дополнителни сериозни повреди.

Добринт рече дека осомничениот претходно им бил познат на полицијата и безбедносните служби по неколку кривични дела, процес на радикализација и врски со исламистичката сцена.

„Имало високо ниво на криминална активност, радикализација и припадност на исламистичка средина“, рече министерот.

Тој изјави дека Абдул Б. претходно бил осуден на една година и десет месеци затвор од суд во Берлин, но дека казната била условна.

Добринт изјави дека осомничениот е роден во Германија во 2005 година и имал германско државјанство по раѓање.

Неговото семејство е по потекло од Либан, додека неговата мајка добила германско државјанство во 2002 година, неколку години пред неговото раѓање.

Германскиот министер рече дека осомничениот е сè уште на слобода, поради што полициските активности се засилени во Берлин, како и на железничките станици, аеродромите и границите низ цела Германија.

Според информациите презентирани од Добринт, во нападот се повредени 29 лица, од кои некои се сериозно повредени, додека едно лице починало.

Претходните проценки зборуваа за 16 повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер