Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
2Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
3Стручната комисија утврди: Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица која остана неподвижна
МакедонијаКумановската болница без возило за транспорт на пациенти, едното настрада во сообраќајкаЕдното настрада во сообраќајка, две се на сервис, се чека испорака на ново.Кумановската општа болница во моментов е без амбулантно возило за транспорт на пациенти, бидејќи возилото „мерцедес“ учествуваше во сообраќајна несреќа синоќа во Скопје, а останатите две со кои располага установата се на сервис, информираше денеска директорката на болницата Снежана Захариева. Болницата го доби возилото за транспорт на критично болни пациенти како донација од невладина организација од хуманитарното здружение „И јас сум Матејче“, инаку донација од болницата Базел Швајцарија која беше предадена на кумановската болница, уште во мај 2021 за време на ковид пандемијата. Останатите две возила, пак, се на сервис, едното е со дефект, второто на сервис за поситна поправка. Дотогаш болницата ќе позајмува возила од Здравствен дом и ќе ја чека испораката на возилото кое јавната здравствена установа го набавила со сопствени средства. - Возилото беше добро го користевме за транспорт на пациенти. Од останатите две, едното го однесовме на сервис, сметајќи дека со две може да се врши транспорт. Второто пак имаше поситен дефект е однесено на сервисер и добив ветување дека во тек на денот ќе го добиеме назад. Во меѓувреме ќе користиме возила од Итна помош Куманово. Спроведовме јавна набавка, договорот е потпишан, чекаме испорака. Возилото е набавено со наши сопствени средства, изјави директорката Захариева. И возачот и медицинската сестра кои беа во возилото што учествуваше во синоќешната сообраќајка биле на опсервација во Градската општа болница и Ургентен центар Скопје и се пуштени на домашно лекување. Захариева рече дека се во добра состојба. - И возачот и медицинската сестра се под стрес, во стабилна состојба, пуштени на домашно лекување, биле учесници во таква сообраќајна незгода која досега не се случила. Сме имале дефекти при транспорт на пациенти, некоја сосема лесна незгода. Можам да кажам дека по нивните изјави тие возеле со вклучена ротација, приспособена брзина. Сепак, ќе оставам истражните органи да ја завршат работата. Како и да е тоа е габаритно возило и е потребна силина од удар за да се преврти, изјави Захариева. И пациентката која е превезувана е префрлена на Клиника за кардиологија и како што посочува Захариева, е во стабилна состојба. Четири лица се повредени во синоќешниот судар во Скопје меѓу патнички автомобил и возило на Итна медицинска помош. Според информациите од МВР, сообраќајката се случила на крстосницата од булевар „Климент Охридски“ и улицата „Св. Кирил и Методиј“. Се судриле патничко моторно возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ч.Д.(57) од Скопје и возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки сопственост на Итна медицинска помош управувано од В.С.(23) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ч.Д., а со телесни повреди возачот на возилото од Итна медицинска помош, сопатничката од истото возило А.К.(40) и лицето кое се превезувало како пациент Ж.Ц.(72), двајцата од Куманово. Повредените биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во ГОБ „Св. Наум Охридски“, а на местото на настанот е извршен увид од екипа на МВР. /МИА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноУпаднале во банка без маски и со пиштоли- верувале дека сок од лимон ќе ги направи невидливи за камерите Пред единаесет години, Макартур Вилер и Клифтон Ерл Џонсон извршија серија грабежи на банки во пошироката област на Питсбург во Соединетите Американски Држави.Она што го разликуваше овој случај од вообичаените грабежи не беше начинот на кој беа извршени, туку неверојатниот факт дека сторителите веруваа дека пронашле начин да станат „невидливи“ за камерите. Клучната состојка во „Невидливото мастило“ Вилер и Џонсон упаднаа во банката Мелон во Свисвејл и во банките Парквејл и Фиделити во Брајтон Хајтс вооружени со пиштоли и со целосно откриени лица. Тие не се обидоа да ги исклучат камерите за надзор или да го сокријат својот идентитет на кој било начин. Наместо тоа, тие намачкаа сок од лимон на своите лица, убедени дека тоа ќе ги направи „невидливи“ на снимката. Pennsylvania bank robbers used lemon juice to make them 'invisible' during raids #Bankrobbery #Pennsylvania #Robber https://t.co/c6ZHso8upI — Omar Ben Israel (@CWISH302) September 22, 2026 Според Вилер, Џонсон му рекол дека сокот од лимон е една од клучните состојки во „невидливото мастило“, па заклучиле дека нанесувањето на сокот директно на нивната кожа ќе ги направи нивните лица „невидливи“ за камерите?! Сепак, тие не сакаа да се потпираат само на теорија. Придружниците решиле сè да тестираат. Го намачкале лицето на Вилер со сок од лимон, а потоа тој ја фотографирал со полароидна камера. Фотографијата била развиена за неколку минути, а на неа го немало лицето на Вилер, објавува Дејли Стар. „Но, ставив сок од лимон на неа“ Тие биле толку убедени дека нивната тактика ќе функционира. Полицијата подоцна претпоставила дека Вилер едноставно не ја насочил камерата кон неговото лице кога ја фотографирал, или дека филмот бил неисправен. По грабежите на банките, на полицијата не ѝ требало долго време да ги идентификува и уапси сторителите. За време на испрашувањето и откако ги видел фотографиите од банките, Вилер во неверица рекол: „Но, ставив сок од лимон на неа. Ставив сок од лимон на неа“. Џонсон бил осуден на пет години затвор, откако сведочел против својот партнер. Од друга страна, Вилер добил 24 години.Тагови: банка пиштоли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
СветТрамп откри за што ќе зборуваат со Си ЏинпингАмериканскиот претседател Доналд Трамп објави дека вештачката интелигенција (ВИ) ќе биде „голема тема на разговор“ со кинескиот претседател Си Џинпинг, кој е во тридневна посета на Вашингтон.„Голем ден со претседателот Си на Кина. Суперинтелигенцијата (ВИ) ќе биде голема тема на разговор, но сакам да го оставам точно како што е. Тоа е ставот на Кина. Нашиот бедем е Министерството за правда (DOJ)“, напиша Трамп на својот профил на социјалните мрежи Truth Social. Денешната средба меѓу Си и Трамп се случува во време на трка во вооружување меѓу САД и Кина за ВИ, при што многумина повикуваат на меѓународна регулација, според CBS News. Трамп досега се спротивставуваше на повиците за регулација, велејќи им на светските лидери на Генералното собрание на ОН претходно оваа недела: „Победник е оној што ќе ја победи ВИ“. Си пристигна во среда на тридневна државна посета на САД, за време на која ќе ја посети и Белата куќа, каде што ќе се одржи гала вечера, на која ќе присуствуваат многу претставници на технолошкиот сектор.Тагови: Доналд Трамп Си Џинпинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗлатеска: Владата активно се справува со предизвиците од светската кризаБисерка Златеска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница наменета за пратенички прашања, постави две прашања.Бисерка Златеска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница наменета за пратенички прашања, постави две прашања, од кои едното беше во делот на земјоделството, шумарството и водостопанството, а другото беше поврзано со економијата. ,,Земјоделството е егзистенција за илјадници семејства. Тоа е домашно производство на храна. Тоа се цели семејства кои зависат од тоа дали нивниот род ќе биде откупен, по која цена ќе биде откупен и подеднакво важно кога ќе ги добие средствата што им следуваат. Затоа секогаш кога зборуваме за субвенциите мора да имаме предвид дека не зборуваме само за буџетски средства. Зборуваме за пари, кои за еден земјоделец значат набавка на семе, ѓубриво, гориво и заштитни средства“, рече Златеска. Прашањето што го постави Златеска, а до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство беше поврзано со исплатата на субвенциите: ,,Според официјалните информации на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во текот на 2026 година се реализираат исплати по програмата за финансиска поддршка на земјоделството, а Агенцијата за финансиска поддршка паралелно реализира исплати по мерки од претходните програмски години. Тоа е важно да се разграничи. Во август и септември агенцијата реализирала повеќе конкретни исплати, меѓу кои значајни средства за сточарите и полделците. Почитуван министре, моето прашање до вас е како тече исплатата на годинешните субвенции?“. Второто прашање од страна на пратеничката Златеска, беше упатено до заменик министерот за економија, а во врска со намалуваувањето на ДДВ-то на дизелот и по 28 септември доколку кризата и високите цени на нафтата продолжат. ,,Актуелната мерка за намалување на ДДВ-то на дизелот од 18 на 10% има рок. Тоа е 28-ми септември, а кризата на светските енергетски пазари за жал не завршува со истекот на рокот на една владина одлука. Доколку продолжи растот на цените на светскиот пазар, доколку продолжат нарушувањата во снабдувањето или доколку се појави нов ценовен удар, институциите мора да бидат подготвени“, кажа Златеска и додаде: ,,Може ли да направите споредба со цените на дизелот и бензините во Македонија и во земјите од регионот и дали доколку продолжи кризата се размислува оваа мерка да биде продолжена и по 28ми септември. Сметам дека Владата и министерствата во Македонија се вложуваат максимално во справувањето со оваа светска криза“, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter