Куманово подобар од Работнички, а Кожув ја совлада Струмица - Канал 5

Куманово подобар од Работнички, а Кожув ја совлада Струмица

Екипите на Куманово и Кожув со победи над Работнички и Струмица го започнаа вториот дел од кошаркарското првенство на Македонија односно натпреварите во Првата лига.

Куманово подобар од Работнички, а Кожув ја совлада Струмица
На средбата одиграна синоќа во Куманово истоимената домашна екипа славеше над Работнички со 83:67. Репрезентативниот тандем Бојан Трајковски – Александар Костоски беа нерешлива енигма за Работнички, двајцата заедно постигнаа 53 поени. Од нив зад името на Трајковски беа впишани 28 поени (имаше и 8 скокови), а Костовски средбата ја заврши со 25 поени, 6 скокови и 5 асистенции. Кај Работнички, најефикасен беше Александар Стефановски со 24 поени.

Кожув на гостувањето кај Струмица ја оправдаа фаворитската улога со убедливата победа со 81:65. Александар Радуловиќ со учинок од 22 поени и 8 скокови, заедно со Владимир Брчков кој постигна 18 поени беа најефикасни во редовите на гелвгелиската екипа.

Утре од 19 часот во Гевгелија ќе играат Бест – Фени Индустри.

Поради настап на МЗТ Скопје Аеродром во регионалната АБА лига, колото ќе биде комплетирано во среда (20 јануари) со дербито меѓу двете првопласирани екипи во кое Карпош Соколи ќе ја има улогата на домаќин во дуелот со шампионот.

Табела: МЗТ Скопје 11-1 (победи-порази), Карпош Соколи 10-2, Куманово 8-5, Кожув 7-6, Фени Индустри 6-6, Работнички 5-8, Струмица 3-8 и Бест 0-12 .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Роналдо се поблиску до 1000 гол

Најплатениот светски фудбалер, Поругалецот Кристијано Роналдо и во 41 година од животот, се уште е вистинска машина за голови. 

Роналдо се поблиску до 1000 гол

Португалскиот фудбалер на 41-годишна возраст покажа дека сè уште е фудбалски феномен.

Тој стигна до 985 гола на официјални натпревари и сега го делат само 15 гола од неверојатната бројка од 1.000! Во победата на Ал Наср над Ал Холуд (5:2), португалскиот напаѓач го постигна својот 67-ми хет-трик во кариерата.

Роналдо досега има постигнато 57 хет-трика на клупско ниво, како и уште десет во дресот на португалската репрезентација. Особено е интересно што ова е првпат тој да постигне три гола на еден натпревар уште од мај 2024 година.

Неговата статистика низ акариерата е скоро неверојатна . Тој има постигнато најмногу голови во дресот на Реал Мадрид, каде што ја затресе противничката мрежа 450 пати.

Следуваат 146-те гола за португалската репрезентација, додека за Манчестер Јунајтед постигна 145 гола. Тој стигна до бројката од 138 гола во Ал Наср, 101 за Јувентус, а пет пати се запиша во листата на стрелците за Спортинг Лисабон.

Во текот на својата кариера, Португалецот постигна 11 таканаречени „совршени хет-трикови“ – ситуации во кои на еден натпревар постигнал голови со десната нога, со левата нога и со глава.

На Роналдо сега му недостасуваат само 15 гола до бројката од 1.000, а меѓу активните фудбалери, најблиску до него е Лионел Меси, кој според горенаведената статистика има 934 гола.

Роберт Левандовски има 707 гола, Луис Суарез 616, додека Карим Бензема има 524.

Од фудбалерите кои се сè уште во полна играчка форма, Хари Кејн има 527 гола, Килијан Мбапе 428, а Ерлинг Халанд 335.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ужасна несреќа во Германија: Училиштен автобус премина преку кружен тек и удри во ѕид од куќа

Училиштен автобус, во кој се наоѓале околу 20 деца, утрово удрил во ѕид од куќа во Бад Олдеслое, во германската покраина Шлезвиг-Холштајн. 

Ужасна несреќа во Германија: Училиштен автобус премина преку кружен тек и удри во ѕид од куќа

Точниот број на повредени лица, како и сериозноста на нивните повреди, сè уште не се познати.

Несреќата се случила околу 07:20 часот на улицата Зилцберг, кога, од засега непознати причини, автобусот преминал преку кружен тек и удрил во ѕид од куќа, пренесува „Билд“.

По судирот, возачот останал заглавен во автобусот, а една жена и неколку патници се здобиле со повреди, потврди полицијата.

Точниот број на повредени лица сè уште не е утврден.

На местото на настанот се наоѓаат екипи на итната помош, пожарникари и полиција, а просторот е ограден.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кејт Мидлтон откри дека го обожавала Горан Иванишевиќ: „Бев фасцинирана од него“

Британската принцеза Кејт Мидлтон откри дека, додека растела, била голем обожавател на хрватскиот тенисер Горан Иванишевиќ, признавајќи дека тој ја фасцинирал. 

Кејт Мидлтон откри дека го обожавала Горан Иванишевиќ: „Бев фасцинирана од него“

Принцезата од Велс зборуваше за својата љубов кон тенисот уште во 2017 година, во документарниот филм на Би-Би-Си „Сју Баркер: Нашиот Вимблдон“, а нејзините изјави повторно го привлекоа вниманието на јавноста.

Осврнувајќи се на своето детство, Кејт откри дека Вимблдон заземал посебно место во нејзиното растење.

„Секогаш го следев Вимблдон. Тој беше дел од моето растење. Мислам дека е неверојатно важен дел од англиското лето и дека ги инспирира младите луѓе, исто како што ме инспирираше и мене кога бев помлада“, сподели принцезата.

Меѓу тенисерите што особено уживала да ги гледа, таа го издвои Горан Иванишевиќ.

„Го обожавав Горан Иванишевиќ; бев фасцинирана од него. Истото важи и за Пит Сампрас, Андре Агаси и Штефи Граф“, призна Кејт, како што пренесува CdM.

Сопругата на Принцот Вилијам, принцезата Кејт Мидлтон уште од детството гаи љубов кон тенисот, а денес е редовен гостин на Вимблдон, каде што често им ги врачува трофеите на победниците.

Во истиот документарен филм, таа откри и дека нејзината мајка, Керол Мидлтон, има свој омилен тенисер.

Станува збор за швајцарскиот ас Роџер Федерер, кон кого нејзината мајка – како што низ шега призна Кејт – чувствува посебна наклонетост. Принцезата додаде дека нејзината мајка веројатно нема да се налути поради ова откритие, напоменувајќи дека Федерер можеби веќе е свесен за тоа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер