Куманово не успеа да го изненади Левски - Канал 5

Куманово не успеа да го изненади Левски

Екипата на Куманово, со пораз го заврши својот настап во регионалната кошаркарска Балканска лига (БИБЛ).

Куманово не успеа да го изненади Левски
Попладнево на средбата одиграна во Софија, екипата на Куманово загуби од Левски со 95:86 во вториот натпревар од четвртфиналната рунда.

По кумановските нерешени 74:74, македонскиот претставник во БИБЛ лигата за Софија замина со желба за триумф и пласман на Фајнал Фор турнирот.

Сепак, Куманово не најде начин како го го запрат американското трио на Левски, Брендон Хит кој постигна 24 поени, Лионел Чалмерс придодаде 19, а Џумејн Џонс средбата ја заврши со 17 поени.

Во редовите на Куманово, Иван Мишковиќ покрај 21 поени имаше и 9 скокови.

А, таму веќе место обезбедија, актуелниот шампион Галил Гилбоа од Израел и косовската екипа Сигал Приштина предводена од поранешниот македонски селектор Марин Докузовски.

Кој ќе биде последниот полуфиналист ќе биде познато утре откако екипата на Балкан предводена од тренерот Александар Тодоров и црногорскиот тим Теодо ќе го одиграат својот реванш четвртфинален натпревар. Првиот дуел на овие две екипи заврши со победа на бугарската екипа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во септември најмалку 3000 првачиња помалку од минатата година

Бројот на првачиња секоја година е се помал, покажува статистиката.

Во септември најмалку 3000 првачиња помалку од минатата година

Алармот во јавност го вклучи министерката Весна Јаневска, која очекува оваа година бројот на првачиња ќе се намали на под 15 илјади, што ќе биде рекорден пад во една година.. Според податоците од Државниот завод за статистика, во изминатите седум години бројот на првачиња е намален за 4200 деца. Во учебната 2018/2019 биле запишани над 22100 првачиња, во 2023/24 година биле запишани 19.848 првачиња, а минатата 2025/2026 година се запишале 17921.

Досегашниот број на запишани првачиња е за речиси 5000 помал од минатата година, но очекувањата се дека до почетокот на учебната година ќе се запишат уште ученици. Според поранешниот директор на Државниот завод за статистика, Дончо Герасимовски оваа состојба е последица на намалениот број на живородени деца.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Берово бројот на првачиња, за седум години е преполовен, додека во Општина Ново Село, бројот на првачиња за седум години се намалил за 3,5 пати, од 61 во 2018 на 17 во 2025 година.

И во големите градови, се забележува пад на бројот на првачиња во просек од 20-тина проценти. Па така во Скопје, за седум години бројот на првачиња е намален за 726, во Куманово за 283 а во Тетово за 155 првачиња.

Ваквата слика, според Герасимовски е резултат на трендот на иселување на младото, работоспособно население, во репродуктивни години. Тој нагласува дека за сметка на овој негативен тренд, се зголемува бројот на родени деца во другите држави.

Од друга страна додека бројот на ученици се намалува, бројот на наставници расте. На пример, во учебната 2023/2024 имало 955 редовни основни училишта и 18.831 наставници, а во следната 2024/2025 имало 12 училишта помалку, односно 943, и зголемен број наставници 19.447.

Во 2025/2026 година бројката на редовни училишта била намалена за уште 16 и ги имало 927, а бројката на наставници пораснала до 19.461. Сепак, минстерката Јаневска во повеќе наврати потенцира дека не се планира отпуштања, туку се работи на прекавлификација на дел од кадарот..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се уште нема обвинение, ќе излезе ли Груби од притвор?

Шестиот и последен месец за истрага против поранешниот вицепремиер Артан Груби од ДУИ истекува на 22 август, кога тој може да биде пуштен и од куќен притвор, доколку обвинителот не подигне обвинение против него.

Се уште нема обвинение, ќе излезе ли Груби од притвор?

Од Обвинителството за Канал 5 велат дека постапката сè уште е во тек и дека обвинителот кој го води предметот постапува во рамките на законските рокови. Оттаму појаснуваат дека рокот што се однесува на мерката притвор не треба да се поистоветува со роковите за водење на истрагата.

-Јавниот обвинител постапува имајќи ги предвид законските рокови и определените мерки за обезбедување. По донесување јавнообнинителска одлука, јавноста ќе биде известена, велат од Обвинителството.

И додека од Обвинителството официјално не откриваат дали го повикале Груби на распит и дали ќе му се продолжи мерката домашен притвор, извори за „Канал 5“ велат дека поранешниот вицепремиер веќе бил повикан на разговор во Обвинителството кој траел 7 часа и дека дополнително во деновите што следат ќе биде повикан уште еднаш во врска со исказот во Обвинителството.

Ексобвинтиелот Љупчо Коцевски пред речиси девет месеци, на 24 ноември минатата година, изјави дека се обезбедени доказите потребни за кривично гонење на Груби и дека практично се чека тој да биде достапен.

Шест месеци притвор без одлука за обвинение укажува дека обвинителството не доволно ажурно си ја врши рабоатата вели адвокатот Звонко Давидовиќ. Според него по толку долг период обвинителството би требало веќе да знае дали има доволно докази за обвинение. Ако доказите се обезбедени, треба да подигне обвинение, ако не се, се поставува прашањето за оправданоста на натамошното ограничување на слободата на осомничениот, додава тој.

- Истекувањето на законскиот рок не значи дека пропаѓа предметот. Ако постои кривично дело и се обезбедени докази, дури и подоцна да бидат обезбедени ова кривично дело не пред застарување и може да тече предметот. Единствено не е обвинителството што го држи осомничениот во притвор, туку судот е тој кој што го држи осомничениот во притворот и куќниот притвор со свое решение. Така да отпаѓа тој мит дека ако не биде подигнат обвинителен акт во законскиот рок, мерките за куќен притвор и притвор дека престануваат. Но, доколку подоцна биде подигнат обвинителен акт, обвинителството повторно може да предложи притвор, а судот повторно да ја определи мерката притвор – вели Давидовиќ.

Груби е второосомничен во случајот со „Државна лотарија“. Тој ја напушти земјава пред Обвинителството официјално да отвори истрага, а успеа да излезе од државата и да влезе во Косово и покрај тоа што беше на т.н. „стоп-листа“. Тој, по повеќе од една година во бегство на 23 февруари годинава се појави на граничниот премин „Блаце“, каде што беше приведен на издржување на мерката притвор што претходно му беше определена. Сепак, во Шутка се задржа само неколку часа. Беше спроведен во Основното јавно обвинителство Скопје, кое предложи, а судот прифати на бегалецот наместо затворски да му биде одреден куќен притвор.

Покрај Груби, осомничен во овој случај е и Прпарим Бајрами, претседател на Управниот одбор и Генерален директор на Државна лотарија кој е во бегство и натаму е недостапен на органите на прогонот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Што се случувало во Ново Село пред два дена при посетата на премиерот Мицкоски?

Што се случувало во Ново Село пред два дена при посетата на премиерот Мицкоски? 

Што се случувало во Ново Село пред два дена при посетата на премиерот Мицкоски?

Од СДСМ и денеска бараат одговори од институциите со тврдење дека нивни млади активисти биле нападнати, наводно со цел да се замолчат бидејќи носеле транспарент дека нема одговорност за случувањата во Гостивар. Велат дека напаѓачите биле поврзани со владејачката партија, а меѓу нив бил и возач на градоначалник.

-Бараме од Министерството за внатрешни работи и од Обвинителството - веднаш. Не утре. Не за една недела. Веднаш да ги идентификуваат сите учесници во нападот и да ги приведат. Да се утврди и кој го дал налогот за нападот врз младите. Затоа што ова не беше спонтано. Ова беше организирано,- Трајче Стојчевски – претседател на СДММ.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека СДСМ таму пратила осудени насилници за да создадат инциденти додека се одржува настанот. На прес конференција прикажаа видеа и документи од кривични пријави од претходни настани кадешто, според нив, учествувале токму лицата кои вчера стоеа до Филипче на прес конфенрецијата во Ново Село.

„Децата“ на Филипче, кои ги претставува како деца на Македонија во Ново Село, се лица кои се правосилно осудени на условни казни затвор за насилство и за кривично дело поседување на дрога и наркотични средства по член 215 од Кривичниот законик. Вистината е дека Венко Филипче со насилници и лица корисници на наркотични средства и опојни дроги сакаше да предизвика инцидент во Ново Село, за да настрадаат недолжни луѓе и граѓани. Исто како што пушташе насилници и провокатори во Ташмаруништа. Валентин Манасиевски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Од МВР за Канал 5 велат дека за овој настан до нив воопшто нема пристигнато пријава ниту од партијата, ниту од засегнатите.

Освен за Ново Село, партиите претходно се обвинуваа и за случај во Ташмаруништа за време на чествувањето на Илинден кога возрасен маж ја навредувал делегацијата предводена од премиерот.. За тамошниот настан имаше институционална разврска- поднесена е кривична пријава против 52 годишно лице од Струга за кривично дело насилство.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер