Куманово го доби дербито со Кожув - Канал 5

Куманово го доби дербито со Кожув

Дерби натпреварот од последното 14 коло од првиот круг во Првата македонска кошаркарска лига одигран вчеравечер во Гевгелија му припадна на гостинот Куманово кој со 80:73 беше подобар од Кожув.

Куманово го доби дербито со Кожув
Со оваа победа кумановчини ја обезбедија третата позиција на табелата и му се реваншираа на Кожув за поразот пред домашната публика во 7. коло.

На дуелот во Кавадарци, фаворитот Фени Индустрија совлада Струмица со 84:66.

Последните два натпревара од овој круг се на 26 јануари кога играат Работнички – Карпош Соколи,односно ден подоцна за кое закажан дуелот МЗТ Скопје Аеродром – Бест.

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 25 бодови, Карпош Соколи 23, Куманово 23, Фени Индустри 22, Кожув 21, Работнички 18, Струмица 17, и Бест 13. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерката на Македонката, која во Улцињ прегази куче: Го растргна нашето ши-цу, газдата ни се закануваше (ВИДЕО)

Ќерката на Сашка Стојаноска, Македонката уапсена во Улцињ откако со својот автомобил прегазила куче, тврди дека шарпланчанецот прво го нападнал и го убил нивното куче, а потоа ги нападнал и членовите на нејзиното семејство.

Ќерката на Македонката, која во Улцињ прегази куче: Го растргна нашето ши-цу, газдата ни се закануваше (ВИДЕО)

Таа рече дека на видеото се гледа и нивното мало куче Ши Цу, кое претходно го убил шарпланинецот, тежок повеќе од 50 килограми. Според нејзините зборови, кучето влегло во нивниот стан, им го растргнало домашното милениче пред нив, а подоцна ги нападнало, меѓу кои и нејзиниот малолетен брат. Според неа, шарпланинецот бил „удрен од автомобил за да го одвои од неа и од кучето што умрело“, пренесе Телеграф.

Таа додаде дека шарпланчанецот имал сопственик кој по настанот им се заканувал пред станот заедно со група пријатели. Според неа, „газењето било обид на мајката да ги одбрани децата и нивниот миленик“.

Обвинителството во Улцињ соопшти дека на жената ѝ е одредена мерка притвор во траење од 72 часа. Таа е осомничена за кривично дело убивање и мачење животни, како и уништување на нивното живеалиште.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џошуа по победата бара да му дадат албанско знаме (ВИДЕО)

Ентони Џошуа го победи Кристијан Пренга со прекин во второто коло во неговата камбек борба во Џеда, Саудиска Арабија. 

Џошуа по победата бара да му дадат албанско знаме (ВИДЕО)

Победата дојде по голема драма. Џошуа преживеа два нокдауни во првата рунда. Но, Албанецот беше истрошен и Џошуа веќе во второто коло го приведе мечот кон крајот.

Британците по победата побараа од публиката да му го даде албанското знаме. Кога го добил, го ставил на рамо, додека на другото рамо стоело знамето на Велика Британија. Погледнете како тоа изгледаше.

Следен противник на Џошуа е Тајсон Фјури

За Џошуа следната борба е против сонародникот Тајсон Фјури. Долгоочекуваната борба меѓу двајцата Британци е закажана за ноември 2026 година, но се уште не е одреден датум. „Го потпишавме договорот, се е договорено“, изјави менаџерот Еди Херн по синоќешната борба.

Борбата меѓу Џошуа и Фјури, двајцата од најпознатите британски боксери, наводно е закажана за ноември. Иако ниту еден од нив не е на врвот на својата кариера, комерцијалниот интерес е огромен. Натпреварот се очекува да биде проследен на Нетфликс.

Британските навивачи се надеваат на борбата дома, но организаторите и радиодифузерите од Саудиска Арабија, наводно, ги претпочитаат САД поради американскиот пазар. Како една од опциите со години се споменува британскиот национален фудбалски стадион Вембли.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

CNN: Венс и шефот на армијата го рпедупредија Трамп на опасност од ескалација на војната со Иран

Потпретседателот Џ.Д. Венс и началникот на генералштабот Ден Кејн предупредија за можноста за ескалација на војната со Иран на состанокот што го одржа претседателот Доналд Трамп во Белата куќа во петокот.

CNN: Венс и шефот на армијата го рпедупредија Трамп на опасност од ескалација на војната со Иран

Во исто време, САД се чини дека привремено ја прекинаа својата кампања за бомбардирање против Иран по речиси две недели континуирани ноќни напади. Информацијата беше потврдена за CNN од извор запознаен со ситуацијата и американски функционер, пишува CNN.

Предупредувања и последици за муницијата

Воените операции во моментов се „на чекање“, потврди извор од Министерството за одбрана за CNN во саботата. На состанокот во петокот, генералот Кејн конкретно го истакна проблемот со американските залихи на муниција и предупреди за други можни негативни последици, според изворите.

Според еден од изворите, Кејн му рекол на Трамп дека војската може да ги спроведе достапните опции, но веднаш предупредил за можните последици од таков потег. Проблемот со залихите беше само едно од низата за кои Трамп беше предупреден за време на состанокот, рекоа двата извори. Сè уште не е јасно дали овие предупредувања се главната причина за прекин на нападот или паузата ќе продолжи.

Бела куќа: Дипломатијата е приоритет

„Претседателот Трамп постојано изјавува дека е за дипломатско решение, но сите опции остануваат отворени ако Иран продолжи со своите терористички активности во Ормутскиот теснец или против нашите сојузници“, рече директорот за комуникации на Белата куќа, Стивен Чунг.

„По успешните санкции кои сериозно ја оштетија економијата на Иран и 13-дневните напади врз воени цели како одговор на нивната агресија, Иран би било мудро да работи кон договор. Инаку, тие знаат што доаѓа“, додаде тој. CNN, исто така, контактираше со канцеларијата на потпретседателот Венс за коментар.

Трамп помеѓу преговорите и заканите за ескалација

Во петокот, разговарајќи со новинарите по состанокот на кабинетот, Трамп потврди дека американските претставници активно преговараат со Иран. Сепак, тој додаде дека војската би можела да продолжи со нападите или дури и да „ја зголеми температурата“. Тој, исто така, рече дека Иран сега се чини дека има „посериозен“ пристап кон преговорите.

Според еден извор, администрацијата на Трамп разговарала за можни модели за ескалација на конфликтот уште во петок попладне. Државите од Персискиот Залив повикаа на воздржаност во разговорите со американските претставници, но исто така признаа дека САД имаат единствена способност да го ескалираат конфликтот доколку одлучат.

Ситуацијата доаѓа во време кога клучните резерви на оружје на САД се веќе сериозно исцрпени и би можеле дополнително да се исцрпат доколку продолжат нападите врз Иран, како што претходно објави CNN. Иако Трамп јавно зборуваше за можноста за масовен удар, тој приватно им кажа на своите преговарачи да „продолжат да разговараат“.

Пентагон се сомнева

Ова ги истакнува ограничувањата со кои се соочува во воените операции што не вклучуваат копнени сили. Според повеќе извори, малкумина во внатрешниот круг на Трамп или во Пентагон веруваат дека таквите ограничени воени опции би ги дале посакуваните резултати.

Кејн и други воени команданти го предупредија Трамп пред војната дека продолжената кампања би можела да ги исцрпи резервите на оружје. „Американската војска е најмоќна во светот и има сè што е потребно за да дејствува во време и место што ќе го избере претседателот“, рече портпаролот на Пентагон, Шон Парнел.

„Успешно спроведовме бројни операции низ целиот свет, а воедно осигуривме дека војската има огромен арсенал за да ги заштити нашите луѓе и интереси“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер