Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата
1Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата
КошаркаКуманово домаќин на завршницата од кошаркарскиот Куп кај мажите, Македонска Каменица во женска конкуренцијаКошаркарскиот клуб МКК Куманово ја доби организацијата на финалниот турнир „Благоја Георгиевски-Буштур“ во машка конкуренција.Раководството на клубот од Куманово, пројави интерес за организација на националниот кошаркарски Куп, ги исполни условите поставени од јавниот повик за организација на финалниот турнир, и ќе биде во улога на домаќин на завршницата од најмасовното клупско натпреварување. Согласно со календарот за натпреварување, осумте најдобри екипи во машка конкуренција, ТФТ, МЗТ Скопје Аеродром, Кожув, Пелистер, Маџари, Работнички, Феникс 2010 и домаќинот МКК Куманово, ќе бидат на едно место, во Куманово, во периодот од 13. до 15. февруари, и ќе одлучат кој ќе биде носител на пехарот во ова натпреварување за натпреварувачката сезона 2025/2026. Натпреварите ќе се играат во спортската сала во Куманово, а согласно со распоредот, во четвртфиналето, кое е на распоредот на 13. февруари, ќе се сретнат екипите на: ТФТ – Феникс 2010 МЗТ Скопје Аеродром – Работнички Кожув – Маџари Пелистер – МКК Куманово Победниците од четирите четвртфинални средби ќе играат во полуфиналето кое е предвидено да се игра на 14. февруари, додека новиот победник во националниот Куп ќе биде познат по одигрувањето на големото финале кое ќе се игра на 15.февруари. ЖКК Баскет кам ја доби организацијата на финалниот турнир од Купот Завршницата на националниот Куп во женска конкуренција ќе се игра во Македонска Каменица. Женскиот кошаркарски клуб Баскет кам од Македонска Каменица ја доби организацијата на финалниот турнир „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женска конкуренција. Раководството на актуелниот шампион, пројави интерес за организација на националниот кошаркарски Куп, ги исполни условите поставени од јавниот повик за организација на финалниот турнир. Согласно со договореното, четирите најдобри екипи во женска конкуренција, Крива Паланка, Бадел 1862, МЗТ бела вода и Баскет Кам, ќе бидат на едно место, во Македонска Каменица на 21. и на 22. февруари, и ќе одлучат кој ќе биде носител на пехарот во ова натпреварување за натпреварувачката сезона 2025/2026. Натпреварите ќе се играат во салата „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, а согласно со распоредот, во полуфиналето, кое е на распоредот на 21. февруари (сабота), ќе се сретнат екипите на Баскет кам и МЗТ Бела вода, односно Крива Паланка и Бадел 1862. Победниците од двете полуфинални средби ќе играат во големото финале кое е предвидено да се игра на 22. февруари.Тагови: Кошаркарската Федерација на Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаЗдружение на млади паравници: За несобран отапд испратете фотографии на [email protected]Македонското здружение на млади правници со интересна иницијатива, ги повикува граѓаните да пријавуваат локации во Скопје каде има несобран комунален отпад, со цел да се побара инспекциски надзор и реакција од надлежните институции.За да се документираат проблемите, граѓаните треба да испратат фотографија или видео од отпадот, точна локација, како и датум и време кога е направена снимката. Пријавите може да се достават преку приватна порака или на електронската адреса на здружението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаГермански политичар пронајден мртов во хотелска соба! Мистериозна смрт ја потресе нацијата55 годишниот Хуберт Ивангер, министер за економија и заменик-премиер на германската покраина Баварија, е пронајден мртов во хотелска соба во Берлин. Веста прв ја објави германскиот весник „Билд“, повикувајќи се на извори од баварската покраинска влада и берлинската полиција. Ивангер бил пронајден во средата вечерта, на 4 ноември, во хотелот „Нојер Фриц“ (Neuer Fritz) во берлинската населба Мите. Според весникот „Билд“, Ивангер требало да присуствува на отворањето на новата канцеларија на неговата партија „Слободни гласачи“ (Freie Wähler) во Берлин, но го откажал учеството бидејќи не се чувствувал добро. Германските медиуми пренесуваат дека претходно тој го откажал и планираното интервју. Политичарот престојувал во хотелот, а откако престанал да одговара, бил пронајден мртов во својата соба. Според информации од весникот „Тагесшпигел“ (Tagesspiegel), Ивангер наводно првично имал симптоми на гастроинтестинална инфекција. Берлинската полиција и обвинителството покренаа постапка за утврдување на околностите на смртта, со цел да се дознаат точната причина и текот на настаните, како и да се исклучи можноста за вмешаност на трети лица. Весникот „Тагесшпигел“, повикувајќи се на полициски извори, објави дека засега нема индиции за надворешно влијание и дека се претпоставува оти смртта настапила од здравствени причини. Според весникот „Билд“, на телото на политичарот не се забележани надворешни повреди, а засега нема ниту првични сомневања дека станува збор за кривично дело. Сепак, истрагата е во тек, а официјалната причина за смртта сè уште не е соопштена.Тагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот!Бесна сум и тажна што владејачкото мнозинство нема волја да ги заштити жените и ги остава сами на себе. „Бесна сум и тажна што владејачкото мнозинство нема волја да ги заштити жените и ги остава сами на себе. Со неприфаќањето на електронската нараквица убивте уште една жена! Билјана пријавила насилство и смртни закани, девојка од 17 години бегала од насилникот и живеела во страв! И сега пред нас се болни и тешки прашања на кои надлежните мора да дадат одговори. Што работат институциите кога една девојка ќе пријави дека некој ѝ се заканува животот?“, прашува претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова. ЛДП само во последната година два пати го достави предлогот за електронска нараквица за сторителите на семејно насилство во Собранието. Наместо како досега, без соодветен надзор, на насилниците со електронската нараквица ќе им се контролира движењето и навремено ќе ги известува жртвата и надлежните служби доколку тоа е различно од судската наредба. „Со одбивањето на нараквицата на совест имате уште една жена! Најстрога казна за злосторниците е задолжителна. Но и таа не е доволна. Казната мора да ги стигне и оние кои можеа да го спречат ова злосторство, но свесно и со умисла, одлучија дека глупави изговори се доволни за одбивање на предлогот за електронската нараквица. Казна за соучесништво мора да има и за тие кои не постапувале! Без тоа, правдата нема да биде задоволена”, децидна е претседателката Зајкова. ЛДП бара целосно расчистување на грозоморниот случај во Богданци, проверка на постапувањето на надлежните институции и одговорност доколку се утврдат пропусти. Уште колку Ивани, Росици и Билјани треба да ни се случат за конечно институциите да почнат да функционираат и да ги заштитат оние на кои заштитата им е најпотребна! Доста е од декларативна заштита на жените! Доста е со изразување сочувства по трагедиите! На жените не им требаат празни ветувања, потребни се држава и институции кои ќе ги заштитат пред да биде предоцна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter