Кумановецот Влад Илиќ, најдобар стенд-ап комичар во Велика Британија - Канал 5

Кумановецот Влад Илиќ, најдобар стенд-ап комичар во Велика Британија

Во култниот „Комеди стор“ (Comedy store) во Лондон, во конкуренција на 700 комичари од Обединетото Кралство, наградата „Најдобар стенд-ап комичар за 2025“ во Велика Британија месецов му беше доделена на Македонецот Влад Илиќ. 

Кумановецот Влад Илиќ, најдобар стенд-ап комичар во Велика Британија

- Многу сум среќен што сите овие години активно занимавање со стенд-ап се крунисани со ваква награда. Таа е признание, но и потврда за влогот, енергијата, но најмногу за хуморот којшто го изведувам, а е особен и веќе препознаен. Она што ме издвојува од другите комичари е баш нашата култура, нашиот менталитет. Имаме некој уникатен начин на изразување... Дали е тоа во фонетиката, во фразите коишто ги користиме секојдневно, што ни овозможува да го погледнеме животот малку по несериозно, малку пообјективно од другите култури. Можеби секогаш ќе губиме од Англија во фудбал, ама за хуморот нѐ бива, изјави Илиќ веднаш по добивањето на наградата.

По фантастичниот успех што го забележа и „Би-би-си“ пред три години, ова е вистинско заокружување на кариерата на Илиќ.

Влад ја започнува својата кариера како актер со театарски проекти во Кумановскиот театар, а подоцна инспириран од стенд-ап настапите на Сашко Коцев, Тони Михајловски, Маријан Ѓорѓиевски, но и локални ѕвезди, се насочува кон сценската комедија. Патот до успехот во Англија и титулата „Најдобар стенд-ап комичар во Велика Британија за 2025“, вели, е долг, макотрпен, и подразбира развој од аматерски настапи до, денес веќе, присуство на култни сцени.

- Ништо не е случајно во натпревар од вакви размери. Да, среќата игра мал дел од овој успех, но сега се препознаени сите доцни вечери во кои или настапував или пишував нови шеги, и токму тие се главната причина зошто и како се најдов во финалето, вели Илиќ, дополнувајќи дека е благодарен за мотивацијата што добива од сите страни. - Ја црпам првенствено од љубовта кон професијата, неисцрпната поддршка на семејството, како и гордоста што ја носам на секој мој настап, претставувајќи ја мојата татковина. Тој пламен ме грее дури и во најстудените на овој врнежлив остров, завршува Влад.

Покрај титулата ова признание има и паричен чек со вредност од 10.000 фунти. Македонскиот комичар на крајот вели:

- Ќе го дадам во хуманитарни цели, на братучедите!

Тој веќе 10 години се занимава со стенд-ап и своите шоуа ги изведува на четири јазици - англиски, македонски, српски и италијански.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Астероид во сабота ќе прелета покрај Земјата

Астероидот (152637) 1997 NC1 ќе прелета покрај Земјата во сабота и ќе биде видлив за набљудувачите на ѕвезди со мал телескоп или поголем двоглед, соопшти Европската вселенска агенција (ESA).

Астероид во сабота ќе прелета покрај Земјата

Астероидот ќе се приближи до Земјата на 2.560.000 километри во сабота во 11:14 часот по Гринич, што е шест пати поголемо од растојанието помеѓу Земјата и Месечината, објави RTL.

Иако се движи со брзина од речиси девет километри во секунда, тој не претставува закана за Земјата бидејќи можноста за удар е целосно исклучена. Дијаметарот на астероидот, откриен во 1997 година, е помеѓу 750 и 1.650 метри, а овие проценки се базираат на количината на сончева светлина што ја рефлектира карпата, додека други истражувања сугерираат дека може да биде помал, соопшти ESA.

„Објект со оваа големина се приближува до Земјата само на секои неколку години, иако овој пат светлата блиска Месечина би можела да ја попречи нејзината видливост при нејзиното најблиско приближување“, рече Хуан Луис Кано од Канцеларијата за планетарна одбрана на ESA. Астероидот ќе биде видлив во делови од северната хемисфера додека се приближува, речиси насекаде додека брзо поминува покрај Земјата, и само од јужната хемисфера додека се оддалечува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во Јадранот во близина на Чањ: Две жени и четири деца се заглавија меѓу карпите

Синоќа, спасувачката единица на Управата за поморска безбедност безбедно евакуираше група од шест туристи, две жени и четири деца, чиј чамец се заглавил меѓу карпите во близина на Чањ.

Драма во Јадранот во близина на Чањ: Две жени и четири деца се заглавија меѓу карпите

„Операцијата започна веднаш по пријавата, по полноќ. Граѓанин од крајбрежјето ги извести властите дека чамецот со возрасни и деца се заглавил во карпите, по што спасувачкиот брод SAR-1 беше испратен од Бар без одложување. Исклучително тешка операција, со оглед на силниот ветер, кој дополнително го отежнуваше пристапот и евакуацијата во ноќни услови, спасувачите прво, двајца по двајца, извлекоа четири деца на возраст од 11 до 14 години на безбедно, а потоа двајца возрасни, од кои едниот не знаеше да плива“, беше потврдено за РИНА во УПСУЛ.

Тие додадоа дека по пристигнувањето на плажата, сите лица биле предадени на тимот на Итна медицинска помош, кој веќе чекал на брегот. Спасените лица биле неповредени, освен што децата биле премрзнати и биле згрижени со термални обвивки обезбедени од спасувачите.

Порано истата вечер, спасувачкиот тим на Администрацијата беше ангажиран и во друга задача, едрилица со двајца членови на екипажот, која беше надвор од употреба поради дефект на пропелерот, беше безбедно одвлечена од шлепер до пристаништето во Бар.

„Овие случаи покажуваат колку е важна брзата реакција и од граѓаните и од службите. Доколку повикот не беше пристигнат на време, исходот можеше да биде сосема поинаков во овие услови. Затоа Администрацијата за поморска безбедност на Јадранот ги повикува сите да се јават на 129 без двоумење штом ќе забележат пловило или лице во неволја на море. Секоја минута е важна, а брзиот извештај им дава на спасувачките екипи драгоцено време да пристигнат и да помогнат“, истакнува UPSUL.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не помина интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

Со вкупно 77 гласа, од кои 58 „против“  и 19 „за“  во Собранието не беше изгласана интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица.

Не помина интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

На гласањето му претходеше жестока расправа во Собранието. Опозицијата обвинува за селективно постапување на полицијата, политички мотивирани акции, безбедносни пропусти...

Тошковски пак, во иницијативата гледа евтин политички обид да се закочи расчистувањето со криминалот и корупцијата..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер