Кумановци очекуваат полни трибини за мечот со МЗТ Скопје за кој влезот ќе биде слободен - Канал 5

Кумановци очекуваат полни трибини за мечот со МЗТ Скопје за кој влезот ќе биде слободен

Во кошаркарскиот шампионат на Македонија, односно првата лига попладнево ќе се одигра последниот натпревар од шестото коло.

Кумановци очекуваат полни трибини за мечот со МЗТ Скопје за кој влезот ќе биде слободен

Во него екипата на Куманово го пречекуваат актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром.

За прв пат кумановци на клупата ќе го имаат тренерот Александар Петровиќ, кој во својата кариера го има предводено и МЗТ Скопје. Петровиќ како и сите во клубот очекуваат полни трибини кои ќе дадат поддршка на играчите за што подобар резултат.

- Календарот е згуснат, за десетина дена имаме четири натпревари. Игравме во Тирана, не чека тежок натпревар против МЗТ, а веќе во недела дуел и против Фени Индустри, по што во среда играме против Рилски, а нема де биде лесен ниту натпреварот со Кожув. Ние играме на домашен терен, задоволен сум од залагањето на играчите. Имам некои тактички замисли за мечот, но ќе видиме колку ќе ги спроведеме, изјави Петровиќ.

Откако одреден период навивачите на клубот популарните „Кумани“ ги немаше на трибините, новото раководство реши за дуелот со МЗТ Скопје влезот да биде слободен со надеж дека поддршката ќе им помогне на кумановци да забележат победа.

- Би ја повикал публиката, да почне повеќе да доаѓа, затоа што сите знаеме дека е шести играч за Куманово. Се надевам дека со сите промени што се случија, дека ќе тргнеме на домашна победа против еден голем ривал, изјави Димитар Караџовски.

Почетокот на натпреварот меѓу Куманово и МЗТ Скопје Аеродром е закажан за 17 часот и 30 минути.

Досега двете екипи имаат по две победи и порази.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Две кумановки и пет банкарки злоупотребиле лични податоци се офајдиле со 194 илјади евра

Две кумановки и пет банкарски служебници добиле кривични пријави за измама, злоупотреба на лични податоци и злоупотреба на службена положба и овластување, поради сомнеж дека оштетиле повеќе граѓани за сума од над 194 милиони денари..

Две кумановки и пет банкарки злоупотребиле лични податоци се офајдиле со 194 илјади евра

Во периодот од јануари до јули 2026 година во 18 наврати, искористувајќи лични податоци на повеќе лица, во нивно име и без нивна согласност аплицирала за брзи потрошувачки кредити, а по одобрувањето и исплата на парите , тие биле противправно присвоени од прво и второпријавената.

Додека, останатите пријавени, вработени како банкарски службеници во филијала на една банка, овозможиле реализација на измамата и располагање со парични средства, со што им овозможиле на прво и второпријавената да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 194 илјади евра, информираа од МВР...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Крилца

Во четврток (15.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Оливер Лозаноски.

„Гответе со Дракче“ - Крилца

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. пилешки крилца

150 гр. криспи брашно

масло

сол и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ врати долг од 2,31 милијарди евра за две години, наспроти 806 милиони евра во времето на СДС и ДУИ

Фактите се мерат со бројки. Вратен долг (отплатена главнина) во првите 24 месеци од мандатот:

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ врати долг од 2,31 милијарди евра за две години, наспроти 806 милиони евра во времето на СДС и ДУИ

СДС–ДУИ: 49,6 милијарди денари - 806 милони евра вратена главнина на долг.

ВМРО-ДПМНЕ: 142,2 милијарди денари - 2,31 милијарди евра вратена главнина на долг.

Тоа се 2,87 пати или 187% повеќе средства насочени кон сервисирање на доспеаната главнина.

Важно е да се напомене дека средствата што ги исплаќа оваа влада се без исклучок земени во мандатот на претходната влада.

Одговорното управување со јавните финансии значи обврските да се сервисираат навреме, а истовремено да се обезбедат средства за функционирање на државата, инвестиции и развој.

2,31 милијарди евра вратена главнина за две години.

Бројките најдобро ја покажуваат тежината на обврските што државата ги сервисира.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер