Културно лето на Кисела Вода вредно за историја: На концертот на Петар Грашо преку 30 000 луѓе - Канал 5

Културно лето на Кисела Вода вредно за историја: На концертот на Петар Грашо преку 30 000 луѓе

Магична вечер која никој нема да ја заборави, се случи синоќа во општина Кисела Вода. 

Културно лето на Кисела Вода вредно за историја: На концертот на Петар Грашо преку 30 000 луѓе

Преку 30 000 посетители се собраа во Расадник, на финалето од Културното лето каде концерт одржа Петар Грашо, а вовед во музичката приказна даде Жаре Бербер со “Галама” бенд.

Не постои човек кој замина од таму без преубави спомени. До доцна во ноќта во еден глас се пееја силно емотивните хитови на можеби најголемата балканска ѕвезда во моментов. Со неговата најнова „Јел ти река ко“, Петар Грашо го отвори концертот и уште од првата песна ја освои публиката.

Речиси два часа публиката собрана во Кисела Вода ги пееше “Ако те питају”, “Срце за водича”, “Уторак”, “Моје злато”... Дел од концертот Грашо му посвети и на Оливер Драгојевиќ преку прекрасна изведба на незаборавните „Цесарица“, „Два пут сам умра“ и многу други. Не изостанаа ни желбите на публиката, а за крај и огномет...

Петар Грашо не ја освои само сцената, синоќа тој испиша една од најубавите страници во историјата на културно-забавниот живот на општина Кисела Вода.

Секако, голема е заслугата и на Жаре Бербер, кој со својот Галама бенд направи толку добра атмосфера што дури и дождот кој се закануваше на почетокот, не ја спречи реката од народ која пристигна во Расадник да игра, да пее и да ужива. А во публиката имаше и стари и млади, како и многу познати ликови и од естрадата и од општествениот и политичкиот живот.

Заокружувањето на настаните ќе се случи во четврток , на 29ти јуни со прославата на 68-иот роденден на Општина Кисела Вода, каде повторно пред салата Расадник, голем концерт ќе одржи групата “Нокаут”, а пред нив ДЈ сет ќе има DJ Mats.

Бескрајната приказна на Општина Кисела Вода која станува се’ подобра, во целост го оправда годинешниот слоган и постави пред себе уште повисоки критериуми за следната година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претставници на победничката Студентска листа го посетија Косово

Од Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење.

Претставници на победничката Студентска листа го посетија Косово

Претставници на победничката Студентска листа во Србија, ја посетија територијата на Косово и Метохија. Од Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење.

Иако во меморандумот кој летово го објавија студентите, се наведува дека Студентската листа го смета Косово за неотуѓив и составен дел на Србија, факт кој не подлежи на преговори сепак, неодамна, косовскиот премиер Албин Курти, ги повика претставниците на студентите да ја признаат независноста на Косово како главен показател за нивната демократската ориентација. Без признавање на Косово нема напредок на европскиот пат, им порача Курти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник.

Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. 

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата.

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна .

Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“.

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот.

Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање.

Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер