Културната извонредност, надеж, обновата и заедништво - столбови на програмата на Скопје 2028 - Канал 5

Културната извонредност, надеж, обновата и заедништво - столбови на програмата на Скопје 2028

​Програмата „Културата над поделбата” со која Град Скопје ја доби престижната титула Европска престолнина на културата за 2028 година ќе биде водилка за забрзан културен раст на Скопје и двигател на развојот на градот во годините што се пред нас.

Културната извонредност, надеж, обновата и заедништво - столбови на програмата на Скопје 2028

Визијата за Скопје2028 ќе овозможи Скопје да прерасне во неколкугодишна сцена која ќе овозможи граѓаните да се вклучат, да го слават и споделат своето културно наследство, да ги споделат своите креативни идеи и да ги понудат своите иновативни решенија кои ќе дадат уникатен печат и лик на Скопје како Европска престолнина на културата. На јавната презентација беа присутни Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, Евроамбасадорот Дејвид Гир, Раководното лице на проектниот тим Кристина Депо и Министерката за култура Бисера Костадиновска.

Градот Скопје за да ја оствари таа визија наскоро ќе објави меѓународен јавен повик за учество на сите креативци коишто ќе имаат можност да ги понудат своите проекти од областа на културата, уметноста, литературата, мултимедијалните уметности и да ја збогатат културната понуда на Скопје2028.

Програмата за Скопје2028 се состои од четири носечки столба од кои во првиот Art4Hope се нудат вистински приказни кои носат придобивки за мнозинството и ќе дадат можност да се реализираат проекти кои нудат надеж и позитивни наративи. Целта на Градот Скопје е да се внесе живост и да ги претстави колективните достигнувања кои се важни за сите во општеството.

Столбот Togetherness е столбот на солидарноста, зашто Градот Скопје е познат како град на светската солидарност. Преку овие проекти, дискусиите и работилниците ќе се фокусираме на солидарноста, меѓусебното поврзување и почитување и за заедништвото што е карактеристика на Скопје.

Проектите од столбот rECOvering треба во својата основа да имаат еко свесни и одржливи проекти, додека CreARTing е столбот во кој ќе доминира уметничката креација, а креативноста на уметниците ќе добие слобода и максимална промоција на нивните дела.

Локалните проекти во програмата беа избрани преку неколку јавни повици, а дел од интернационалните проекти произлегоа од меѓународните соработки што Градот Скопје и партнерите ги имаат преку големиот број институции, организации и универзитети од Европа, како и преку мрежите Креативна Европа, Еразмус, Медиа и други.

Значајно е да се нагласи дека програмата „Културата над поделбите“ е приказ на богатото културно наследство на Скопје и ќе го промовира минатото, сегашноста и иднината на нашиот град. Таа ги слави музиката, уметноста, танцот, литературата, односно секој сегмент на единството, затоа што културата секојдневно сите не поврзува.

Одделение за односи со јавност

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се гаси КК „Монако“по 12 години голем успех!

„АС Монако Баскет“ официјално објави дека повеќе не е во состојба да ги исполнува своите финансиски обврски и целосно ги запира сите активности и натпреварувања.

Се гаси КК „Монако“по 12 години голем успех!

Европската кошарка е потресена од шокантна вест: „АС Монако Баскет“ официјално објави дека повеќе не е во состојба да ги исполнува своите финансиски обврски и целосно ги запира сите активности и натпреварувања.

Во официјалното соопштение упатено до јавноста и навивачите, клубот потврди дека се наоѓа во состојба на целосна несолвентност, изразувајќи надеж дека во иднина можеби ќе успее повторно да го активира проектот преку реструктурирање.

„И покрај сите вложени напори, ’АС Монако Баскет’ се најде во состојба на несолвентност“, се вели во соопштението на тимот, кој се надева дека „Рока Тим“ (Roca Team) еден ден повторно ќе заигра во арената „Гастон Медесин“.

Овој пресврт – барем засега – стави крај на проект што постигна историски резултати во француската и европската кошарка во текот на изминатите 12 години.

Во тој период, „Принцовите“ освоија три титули во француското првенство, четири трофеи во „Лидерс купот“, два Купа на Франција и еден Суперкуп.

Нивниот најголем европски успех дојде во 2021 година, кога го освоија Еврокупот, обезбедувајќи ја првата европска клупска титула во историјата на Кнежевството. Потоа, Монако двапати се пласираше на завршниот турнир (Фајнал-фор) во Евролигата, а пред само година и пол играше и во големото финале на елитното европско натпреварување.

Предавање на палката и премин на аматерско ниво Раководството на клубот им се заблагодари на навивачите за поддршката низ годините, нагласувајќи дека заедницата што ја изградиле е нивното најголемо богатство – она што нема да исчезне.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрова-Чамова: Бугарија има јасна политичка волја да ја забрза работата на проектот за Коридорот 8

Коридорот 8 треба да се гледа како единствен стратешки проект за поврзување, а не како збир од одделни инфраструктурни сегменти.

Петрова-Чамова: Бугарија има јасна политичка волја да ја забрза работата на проектот за Коридорот 8

Ова го изјави бугарската министерката за надворешни работи Велислава Петрова пред меѓународниот форум за Коридорот 8 во Софија каде присутвува и македонска делегација.според неа,

-Бугарија има јасна политичка волја да ја забрза работата на проектот, кој е од клучно значење како за поврзувањето со Западен Балкан, така и за европското поврзување, пренесе БГНЕС.

Бугарскиот министерот за транспорт Георги Пеев утринава изјави дека Бугарија и Македонија веќе презеле конкретни чекори за забрзување на изградбата на Коридорот VIII. Тој нагласи дека проектот има не само транспортно, туку и стратешко значење за безбедноста на регионот. Пренесува БГНЕС. Тој додаде дека со оглед на конфликтите и војните во близина на регионот, изградбата на транспортни коридори добива уште поголемо значење.во врска со чекорите за изградба на Коридорот 8, рече:„веќе дека постои заеднички комитет со македонската страна, кој одржал два состанока - еден во Софија и еден во Скопјe. Таму изготвивме конкретен план. Сите проекти се одвиваат со забрзано темпо.“„најтежок е заедничкиот тунелски објект меѓу Бугарија и Македонија. Таму, бугарија ќе биде водечка земја, таа ќе ги додели процедурите. Ова е најголемиот предизвик бидејќи станува збор за тунелски објект кој бара соодветни напори“, објасни тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во песто

Во четврток (01.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Виктор Димитриевски.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во песто

Состојки за денешниот рецепт:

3 парчиња пилешки стек

100 гр. фета сирење

1 домат

1 тегличе песто

сол и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер