Кулминира првиот топлотен бран во Грција за ова лето - Канал 5

Кулминира првиот топлотен бран во Грција за ова лето

Со температури што во одредени делови на земјата достигнуваат и над 40 степени Целзиусови, денеска кулминира првиот топлотен бран во Грција за ова лето.

Кулминира првиот топлотен бран во Грција за ова лето

Со температури што во одредени делови на земјата достигнуваат и над 40 степени Целзиусови, денеска кулминира првиот топлотен бран во Грција за ова лето, а Министерството за труд воведе мерки за заштита на работниците, јави дописничката на МИА од Атина.

За работа на отворено задолжителен е прекин со работата во периодот меѓу 12 и 17 часот, а се однесува на работниците на технички и градежни проекти, на градилишта, бродоградилишта, како и на доставувачите со мотори или велосипеди.

Високи температури се регистрирани не само во текот на денот, туку и во текот на ноќта, според податоците од Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео.

Поконкретно, во повеќе делови на земјата биле повисоки 30 степени, додека во центарот на Атина и во речиси целиот поширок регион Атина, ноќната температура била над 33 степени Целзиусови.

Мини топлотниот бран и високите температури, иако карактеристични за Атина, денеска ја „испразнија“ грчката метропола, па во центарот на градот мнозинство се туристите.

Опремени со шапки и чадори, со вода и сокови ги посетуваат популарните туристички локации во Атина.

Општина Атина во средата презеде мерки поради топлотниот бран со отворање климатизирани простории, мерки за заштита на бездомните лица и бездомните животни и зголемена готовност на сите надлежни служби.

Поради високите температури, но и најавените т.н. суви молњи и силни ветрови за време на викендот, министерот за цивилна заштита и климатски кризи на Грција синоќа свика министерски состанок на кој било одлучено противпожарната служба да биде во состојба на готовност, согласно оперативниот план, да се затворат шумите и парковите во областите со многу висока опасност, како и зголемена готовност на низа други служби./МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Илон Маск ѝ честита на АфД на изборната победа во Саксонија-Анхалт

Американскиот милијардер Илон Маск ѝ честиташе на десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) за победата на покраинските избори одржани во Саксонија-Анхалт .

Илон Маск ѝ честита на АфД на изборната победа во Саксонија-Анхалт

Американскиот милијардер Илон Маск ѝ честиташе на десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) за победата на покраинските избори одржани вчера во Саксонија-Анхалт , откако отворено ја поддржа партијата за време на кампањата.

„Gut gemacht!“ или „Браво!“, напиша Маск на својата социјална мрежа X, одговарајќи на објавата на копретседателката на AфД, Алис Вајдел, која му честиташе на водечкиот кандидат на партијата, Улрих Зигмунд, за резултатот од изборите.

Зигмунд, како што објави Дојче Веле (DW), брзо му одговори на Маск и му се заблагодари за поддршката.

„Ако преземеме одговорност тука, би ја поздравил можноста за силна и конструктивна соработка. Германија повторно би била место во кое вреди да се инвестира“, напиша Зигмунд во одговор до Маск.

AfD ги интензивираше своите врски со Вашингтон откако Доналд Трамп се врати во Белата куќа, додека Вајдел го опиша американскиот претседател како пример за углед, а претставници на AfD присуствуваа на неговата инаугурација, според DW.

Маск, кој во тоа време беше близок советник на Трамп, отворено водеше кампања за AfD и продолжи да ги поддржува крајно десничарските политичари и движења.

Алтернатива за Германија (AfD), предводена од Улрих Зигмунд, оствари убедлива победа на покраинските избори во германската покраина Саксонија-Анхалт со 43,8 проценти од гласовите, но не успеа да освои апсолутно мнозинство, додека Христијанско-демократската унија (CDU) на покраинскиот премиер Свен Шулце претрпе тежок пораз, завршувајќи на второто место со само 17,2 проценти од гласовите, според прелиминарните резултати објавени преку ноќ од изборната комисија.

Според прелиминарните резултати, AfD освои 43,8 проценти од гласовите на изборите во недела - барем двојно повеќе од 20,8 проценти што ги освои на изборите во 2021 година, CDU сега има 17,2 проценти од гласовите, во споредба со 37,1 процент на претходните избори, а Социјалдемократската партија на Германија (SPD) има 9,3 проценти од гласачите, во споредба со 8,4 проценти, објави Bild утрово.

AfD, според прелиминарните резултати, повеќе од двојно го зголеми својот удел во гласовите, од 20,8 проценти во 2021 година на 43,8 проценти, што е најдобриот резултат што една партија го постигнала на покраински избори во Германија во последните десет години.

Излезноста беше 77,8 проценти, во споредба со 60,3 проценти во 2021 година, што е највисоката излезност во Саксонија-Анхалт од повторното обединување на Германија. Право на глас имаа нешто помалку од 1,7 милиони гласачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Синди Крафорд покажа како и хеланките може да бида елегантни (ФОТО)

Хеланките ретко се поврзуваат со софистицираност, но изборот на вистинската боја може да ги претвори во неочекувано елегантно парче. 

Синди Крафорд покажа како и хеланките може да бида елегантни (ФОТО)

Клучот не е во класичната црна боја, туку во свежите сезонски нијанси, што Синди Крафорд неодамна го покажа со фотографија на која го истакна новиот тренд, пишува Who What Wear.

Нијанса што прави разлика

Супермоделот објави фотографија на социјалните мрежи во хулахопки во впечатлива светло сина боја, позната како боја на пченкарни цветови. За разлика од црните модели, кои често изгледаат исклучиво спортски, особено во сјајната ликра верзија, овој помек тон ѝ дава на целата комбинација допир на мекост. Ова го прави припиениот материјал да изгледа посуптилно и помалку агресивно.

Замислен и рафиниран стил

Синди ги искомбинирала хеланките со топ и џемпер во иста боја. Целиот стил изгледа рафинирано и промислено, што се карактеристики што ретко се поврзуваат со комбинации со хулахопки. Иако на фотографијата е боса, таквата комбинација лесно може да се надополни со пар целосно бели патики. Тие би ѝ дале свежина на комбинацијата, а притоа не би создале премногу контраст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Девојче со бројни скршеници е пронајдено на тревник пред хотел во Солун, се трага по двајца странци

Тринаесетгодишно девојче е однесено во болницата „Ипкратио“ во Солун во зори, наводно по пад од голема висина, и е на лекување од повеќекратни скршеници.

Девојче со бројни скршеници е пронајдено на тревник пред хотел во Солун, се трага по двајца странци

Според информациите, малолетничката е пронајдена повредена околу 4 часот наутро на тревникот од хотел во областа на Вардари, објави грчки ИН.

Едно од сценаријата што властите ги истражуваат во врска со нејзината сериозна повреда е дека паднала од горниот кат на хотелот, но ова сè уште не е разјаснето.

Како дел од истрагата, полицијата собира сведоштва од персоналот на хотелот, а исто така бара и двајца странци кои наводно биле со малолетничката во моментот на падот.

Тринаесетгодишната девојка, која можела да ја каже својата возраст, е на лекување во болница со повеќекратни скршеници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер