Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
2Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
СветКулминација на конфликтите меѓу САД и Кина: студенти, компании, минерали, чиповиНападот на американскиот државен секретар Марко Рубио врз кинеските студенти, заедно со ветувањето за „агресивно откажување“ на нивните визи, е најновиот чекор во интензивирањето на тензиите меѓу двете најголеми економии во светот.И покрај привременото царинско примирје постигнато претходно овој месец, разликите меѓу Вашингтон и Пекинг остануваат големи, со неодамнешни судири околу високото образование, чиповите за вештачка интелигенција (ВИ) и ретките минерали. Што договорија САД и Кина за царините? Трговскиот спор меѓу САД и Кина ескалираше откако администрацијата на Трамп ги зголеми тарифите за кинеските стоки на 145 проценти претходно оваа година, а кумулативните американски тарифи за некои кинески стоки достигнаа огромни 245 проценти. Кина возврати со свои царини од 125 проценти за американски стоки. Според договорот постигнат на 12 мај, по дводневни трговски преговори во Женева, царините за двете страни беа намалени за 115 процентни поени за 90 дена, во текот на кои преговарачите се надеваат дека ќе постигнат долгорочен договор. Досега, САД одржуваа царина од 30 проценти за сите кинески производи, додека Пекинг има царина од 10 проценти за американските производи. Меѓутоа, во неделите што следеа, Вашингтон и Пекинг се чини дека водеа само ограничени разговори. Американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави за „Фокс њуз“ дека трговските преговори меѓу САД и Кина „малку се заглавени“ и дека можеби ќе треба да се обноват со телефонски разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот лидер Си Џинпинг. Во меѓувреме, администрацијата на Трамп објави нови строги контроли за визи за кинеските студенти и им наложи на американските компании да престанат да го продаваат својот напреден софтвер за чипови што се користат во полупроводници на кинески клиенти. Зошто САД ги земаат за цел кинеските студенти? Во меѓувреме, Рубио објави дека САД „агресивно ќе ги поништат“ визите на кинеските студенти што студираат во земјата. Тој, исто така, вети дека ќе го засили надзорот врз новите кандидати за виза од Кина и Хонг Конг. Одлуката на администрацијата на Трамп за депортации и одземање на студентските визи е дел од поширок напор за исполнување на нејзината тврдокорна агенда за имиграција. Кинеските студенти сочинуваа приближно една четвртина од сите меѓународни студенти во САД во текот на академската 2023/24 година, вкупно повеќе од 270.000. Кинеското Министерство за надворешни работи ја критикуваше одлуката за укинување на визите, велејќи дека тоа „ги повредува“ правата на кинеските студенти. „САД неразумно ги откажаа визите на кинеските студенти под изговор на идеологија и национални права“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи, Мао Нинг. Администрацијата на Трамп, исто така, на 22 мај му забрани на Универзитетот Харвард да запишува странски студенти, обвинувајќи ја институцијата за „соработка со Кинеската комунистичка партија“. Тој потег подоцна беше блокиран од американски федерален судија. Меѓутоа, поголемиот дел од странските студенти на Харвард, речиси 1.300 од нив, доаѓаат од Кина, а многу високи функционери, вклучувајќи го и сегашниот лидер Си Џинпинг, ги испратиле своите деца на универзитети од Ајви лигата, група од најпрестижните американски универзитети. Како САД ги таргетираат кинеските полупроводници? На 13 мај, веднаш по завршувањето на трговските разговори во Женева, Министерството за трговија на САД издаде упатства со кои ги предупредува американските компании да не ги користат полупроводничките чипови за вештачка интелигенција Ascend на Huawei, велејќи дека тие „веројатно се развиени или произведени со кршење на извозните контроли на САД“. Овој потег беше најновиот во низата напори на администрацијата на Трамп да ја наруши способноста на Кина да развива најсовремени чипови за вештачка интелигенција. Малите полупроводници што ги напојуваат системите за вештачка интелигенција долго време се извор на тензии меѓу САД и Кина. Портпаролот на кинеското министерство за трговија минатата недела возврати на упатствата, обвинувајќи го Вашингтон за „поткопување“ на консензусот постигнат во Женева и опишувајќи ги мерките како „типични“ Потоа, на 28 мај, американската влада го ескалираше спорот со тоа што им нареди на американските компании што произведуваат софтвер што се користи за дизајнирање полупроводници да престанат да ги продаваат своите стоки и услуги на кинески групи, објави „Фајненшл тајмс“. Производителите на софтвер, вклучувајќи ги „Каденс“, „Синопсис“ и „Сименс“ (EDA), добија писма од Министерството за трговија на САД да престанат да ја снабдуваат својата технологија со Кина. Зошто САД ги таргетираат кинеските полупроводници? САД ја заоструваат контролата врз извозот на полупроводници повеќе од една деценија, тврдејќи дека Кина користела американски компјутерски чипови за подобрување на воениот хардвер и софтвер. Кинеските претставници и раководителите на индустријата го негираат ова и тврдат дека САД се обидуваат да го ограничат економскиот и технолошкиот развој на Кина. Во својот прв претседателски мандат, Трамп ѝ забрани на кинеската компанија „Хуавеј“ да користи напредни американски делови. „Хуавеј“ се смета за конкурент на „Нвидиа“ (Nvidia), американскиот полупроводнички гигант кој произведува свој бренд на чипови за вештачка интелигенција „Ascend“. Во април, Вашингтон го ограничи извозот на чипови на „Нвидиа“ во Кина. Но, извршниот директор на „Нвидија“, Јенсен Хуанг, неодамна предупреди дека обидите за ограничување на кинеската технологија за вештачка интелигенција преку контрола на извозот во голема мера не успеаја. Како би можеле мерките на САД да влијаат врз Кина? Суспензијата на продажбата на полупроводници ќе го ограничи снабдувањето со опрема за авиони потребна за кинескиот комерцијален патнички авион C919, клучен проект во напорите на Кина да постигне економска и транспортна независност. Кристофер Џонсон, поранешен аналитичар на ЦИА за Кина, за „Фајненшл тајмс“ изјави дека новите контроли на извозот ја потврдуваат „вродената кршливост на царинското примирје постигнато во Женева“. „За двете страни кои сакаат да ги одржат и да продолжат да ги демонстрираат своите капацитети за ограничување на движењето, ризикот примирјето да се распадне дури и во рок од 90 дена е всушност сеприсутен“, додаде тој. Дали Кина ќе ги ублажи ограничувањата за извоз на ретки минерали? Американските претставници очекуваа разговорите во Женева да резултираат со ублажување на кинеските извозни ограничувања за ретки минерали. Сепак, досега има малку знаци за тоа. Ретките земни минерали се група скапоцени минерали потребни за производство на широк спектар на стоки во одбранбениот, здравствениот и технолошкиот сектор. Ретките метали, меѓу кои се скандиумот и итриумот, се исто така клучни за производство на компоненти во кондензаторите - електричните делови што помагаат во напојувањето на серверите со вештачка интелигенција и паметните телефони. Кина преработува речиси 90 проценти од ретките минерали во светот и во април воведе контрола на извозот за да се спротивстави на априлските царини на Трамп, што предизвика вознемиреност кај американските компании. На пример, Форд привремено затвори фабрика во Чикаго која произведува теренски возила откако еден од неговите добавувачи остана без редок магнет. Во повеќето нови автомобили, особено во оние од повисока класа со роботизирана технологија што им овозможува да совладаат пречки, овие високотехнолошки магнети се користат во деловите што ги контролираат системите за сопирање и управување, како и електрично прилагодливите седишта и инјекторите за гориво. Ограничувањата во снабдувањето со ретки земни минерали му даваат на Пекинг стратешка предност во идните преговори, бидејќи можат да го ограничат снабдувањето со клучни технологии за американската индустрија. Ал Џезира Балканс /МИАТагови: Кина САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форумПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Франција, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум којшто годинава се одржува под наслов „Здружување на силите за она што е најважно“.Сиљановска-Давкова ќе се обрати на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“, а ќе биде дел и од свечената вечера, којашто во чест на шефовите на држави и влади, ќе ја приреди претседателот Емануел Макрон. Парискиот мировен форум, основан во 2018 година, e меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно со сончеви периодиВремето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
ХороскопДневен хороскоп за 10. ноември 2026 година Дневен хороскоп за вторник, 10. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некој би можел да ви понуди љубовна размена или соработка што ветува. Се ќе изгледа премногу деловно. Кариера Ќе договарате работи без проблеми , а другите ќе ви помагаат. Во сите работи до израз ќе дојде вашиот шарм. Здравје и совет Соработувајте со другите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашите лични односи добро се развиваат , а денеска во нив настојувате да внесете повеќе фантазија и флексибилност. Кариера Ќе успеете да ги вклучите новите соработници во работата , но финансиите ќе ви задаваат грижи.Повторно мислите дека може повеќе и подобро. Здравје и совет Не може ништо да ве одмине. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Во вториот дел од денот ќе се чувствувате многу среќни и исполнети . Оние кои уште се сами , нека ја следат својата интуиција. Кариера Пред вас се нови големи задачи на кои вреди да им се посветите со целосно внимание.Денеска ќе ги анализирате. Здравје и совет Се чувствувате одлично. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои ќе се откажат од добра забава или излегување без оглед на обврските што ги иамте. саканата личност ќе ве следи. Кариера Веќе не сте сигурни колку се очекува од вас, па ќе ја дозирате својата работа или ќе ги проверувате работните задачи. Здравје и совет Не се измачувајте со ситни работи. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе ви се отворат нови љубовни можности , па потрудете се да бидете меѓу луѓе или со саканата личност. Кариера Ќе дојде до мала преодна проверка , што ќе ви одземе време , а се друго е под контрола. Здравје и совет Работите ви одат се подобро и подобро. Овен 21.3-20.4. Љубов Можно е излегување во поголемо друштво. Оние кои се уште сами , нека не зборуваат премногу , туку да ги остават другите тоа да го прават. Кариера Се што денеска ќе работите од зас ќе бара поголем праг на толеранција и поголема способност за соработка. Здравје и совет Мали нервози и грижи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Среќата во личниот живот ќе ја барате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите. На моменти ќе бидете сами , а на моменти среде толпа. Кариера Оние кои истражувале , денеска ќе дојдат до големо откритие. Тоа ќе биде вистински златен рудник. Здравје и совет Добро влијание на алтернативните терапии. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Оние кои се уште сами денеска ги имаат сите шанси за да воспостават близок контакт со личност со која работат или која ја познаваат преку работата. Кариера Ќе ви биде пријатно и убаво на работното место и покрај тоа што ќе ви биде напорно. Здравје и совет Денеска ќе ви биде полесно. Рак 22.6-22.7. Љубов Пред вас е исклучително добар ден во кој ќе може да си ги остварите љубовните сништа. Затоа отворете се и уживајте. Кариера што и да работите , денеска ќе ви биде уживање. работите ќе се одвиваат подобро и полесно отколку што сте се надевале. Здравје и совет Полни сте со позитивна енергија што ја ширите околу себе. Лав 23.7-22.8. Љубов Чувствителноста на саканата личност дфенеска ќе ви создава дополнителни фрустрации. Обидете се да бидете трпеливи и нежни. Кариера Многумина ќе се насмеат на можноста за некаква соработка , зашто ќе им изгледа дека не е реална.Сепак , размислете. Здравје и совет Побарајте хумористични содржини. Девица 23.8.-23.9. Љубов Веројатно ќе бидете обземени од сентименталност , со која тешко ќе излезете на крај. Малку има во љубовта што денеска би можело да ве задоволи. Кариера Вашето знаење и стручноста се неприкосновени , па ќе ви се чини дека не ви обрнуваатдоволно внимание и дека заслужувате повеќе. Здравје и совет Настинка и главоболка. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе се обидете да споите неврзано излегување со рутина. Би можеле да се најдете на ново место со старите познаници или старите навики. Кариера Една пријатна порака ќе ви го осветли денот и малку ќе ве оддалечи од секојдневнието. Сепак , набргу ќе мора да се вратите на работата. Здравје и совет Чувствителност на синусите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter