3Претепана жена се бори за живот на КАРИЛ во Скопје- сопругот ѝ скршил четири ребра и ѝ ја деформирал главата
Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
1Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
СветКулеба во ОН: Украина ќе ја добие војната со РусијаУкраинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во обраќањето пред Обединетите нации им порача на оние кои не веруваат дека Киев може да победи во војната со Русија ќе се докаже дека грешат.Кулеба, кој зборуваше во Генералното собрание на ОН доцна синоќа, во пресрет на втората годишнина од почетокот на руската инвазија на неговата земја, ги повика земјите во светот да застанат покрај Украина, нагласувајќи дека победата ќе дојде, како што посочи, „порано, а не подоцна“ доколку го сторат тоа. Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензија, возврати со повторување на тврдењето на Москва дека таа не го започнала конфликтот. Тој го обвини Западот за поттикнување на конфликтот и ја обвини Украина дека е алатка во геополитичките амбиции на Западот и вети дека „специјалната воена операција“ на Русија нема да заврши додека не се постигнат нејзините цели. Тие цели, објавени на 24 февруари 2022 година, денот кога руските трупи ја преминаа границата со Украина, вклучуваат демилитаризација на Украина и обезбедување на неутрален статус. На состаноците на СБ и Генералното собрание на ОН, што вчера се одржаа во Њујорк, присуствуваа голем број европски министри за надворешни работи, меѓу кои британскиот Дејвид Камерон, францускиот Стефан Сежурне, германската министерка Аналена Бербок, како и полскиот и швајцарскиот министер Радослав Сикорски и Игнасио Касис. „Денеска се собравме да ја потврдиме нашата солидарност со украинскиот народ, да им оддадеме почит на оние кои ги жртвуваа своите животи во одбрана на слободата и независноста на Украина“, се вели во заедничката изјава на околу 50 земји сојузнички, што ја прочита Кулеба опкружен со десетина министри и дипломати пред состанокот на Генералното собрание. Во своето обраќање пред Генералното собрание на ОН, со 193 членки, Кулеба потсети дека повеќе од 140 земји ги поддржаа резолуциите за поддршка на Украина кои бараат повлекување на руските сили. Но, рече тој, „целта на Москва е да ја уништи Украина и тие тоа го кажуваат многу отворено“. Кулеба рече дека земјите кои сега велат дека Украина треба да преговара со Русија и да стави крај на војната се или „лошо информирани“ или не ги следат настаните по 2014 година, кога Русија го зазеде Крим и го поддржа вооружениот бунт во источна Украина. Тој потсети дека Украина и Русија одржаа околу 200 рунди преговори и склучија 20 договори за прекин на огнот. „Сите тие мировни напори завршија пред две години, кога Русија го уништи Минскиот процес и ја започна својата целосна инвазија. Зошто некој би предложил денес дека следењето на истата логика ќе не доведе до поинаков резултат“, рече Кулеба. Тој додаде дека планот од десет точки на претседателот на Украина Володимир Зеленски е единствениот сериозен мировен предлог на маса и ги повика другите земји да го поддржат. Планот предвидува протерување на руските сили, формирање специјален трибунал за судење на наводните руски воени злосторства и организирање евроатлански безбедносен систем со гаранции за Украина. За разлика од минатата година, вчерашниот ден не беше одбележан со гласање, што се поврзува со контекстот во кој војната меѓу Израел и Хамас е во центарот на дипломатските борби во ОН. Во февруари 2023 година, Генералното собрание на ОН повторно повика на итно повлекување на руските трупи од Украина, кога огромно мнозинство од 141 земја гласаа за резолуција која исто така повика на „праведен и траен мир“. Рускиот амбасадор Небензија го критикуваше планот на Зеленски. „Тоа не е ништо друго туку ултиматум до Русија и обид да се привлечат што повеќе земји на бесконечни состаноци за тој утописки проект“, рече Небезнија. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на состанокот на Советот за безбедност изјави дека руската инвазија на Украина ја прекршува Повелбата на ОН и меѓународното право и дека две години по нејзиниот почеток, војната во Украина останува „отворена рана во срцето на Европа“. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаМајка од пеколот: Тримесечното синче било пронајдено мртво со кокаин во организмот, ја осудија на две години Триесет и шестгодишна жена е осудена за смртта на нејзиното тримесечно бебе во 2022 година, кое починало откако било пронајдено во несвест со кокаин во неговиот организам.Бебето, Алистер фон Ли, било прогласено за мртво во болница во Ланкашир, Велика Британија, на 9 август 2022 година, неколку часа откако беше оставено без надзор во автомобил подолг временски период во еден жежок летен ден. Неговата мајка, 36-годишната Џоана Ли, се изјасни за виновна за злоупотреба на деца, соопшти полицијата во Ланкашир во вторник, 24 ноември, објави списанието „Пипл“. Истрагата откри ужасно злоставување на кое Ли го подложил детето во деновите пред неговата смрт. На 8 август 2022 година, Ли нацртала превртен крст со крв на челото на Алистер, а потоа направила фотографии и видеа што потоа им ги испратила на пријателите, соопшти полицијата во Ланкашир. Полицијата соопшти дека таа се „однесувала неправилно“ тој ден, вклучително и возење со дупната гума и под дејство на кокаин додека Алистер бил во автомобилот. Го оставила детето само во возилото подолг временски период на жежок летен ден, додека тој бил гладен и плачел, соопшти полицијата. Рано наутро на 9 август, полицајците пристигнале во домот на Ли по пријава дека Алистер не дише. Ја пронашле Џоан Ли, нејзината мајка, како му дава кардиопулмонална реанимација на детето. Полицијата дознала дека Ли ја повикала нејзината мајка на Фејсбук и ѝ рекла: „Мамо, Алистер е мртов“. Детето било прогласено за мртво во болницата околу еден час подоцна. Властите, исто така, пронашле кокаин во системот на Алистер, за кој веруваат дека бил внесен преку мајчиното млеко. Полицијата вели дека Ли лажела за време на сослушувањето, тврдејќи дека нејзиното млеко можеби било извалкано со нешто и се обидела да обвини пријател. Полицијата во Ланкашир во вторникот соопшти дека Ли може да биде обвинета само за злоупотреба на деца бидејќи причината за смртта на Алистер не може да се утврди. Таа е осудена на две години затвор. „Ова беше длабоко вознемирувачки случај кој за жал доведе до тоа Алистер да го изгуби животот на само три месеци“, изјави детективот полицаец Кон Кили Пауел од полицијата во Ланкашир, додавајќи дека Ли покажала малку каење за своите постапки. „Ќе продолжиме напорно да работиме со нашите партнери за да ги заштитиме децата како малиот Алистер од злоупотреба, да ги едуцираме и поддржуваме родителите, но пред сè да ги заштитиме децата, да бидеме нивниот глас и да спречиме повторно да се случат овие трагични инциденти“, рече Пауел.Тагови: кокаин мајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМистериозни луѓе- кртови се снимени во Њујорк, петмина излегуваат од канализација (ВИДЕО)Пет лица биле забележани како излегуваат од канализација на Менхетен во раните утрински часови, што е најновиот во низата мистериозни случаи на таканаречени кртови, соопшти полицијата.Група неидентификувани лица биле забележани како излегуваат од канализација во близина на Втората авенија и Источната 17-та улица околу 5 часот наутро во среда. Досега нема апсења Објавените фотографии ги прикажуваат необичните „истражувачи“ со фенерчиња, лопати и работни ракавици кратко откако излегле. Властите велат дека се верува дека една жена и четворица мажи излегле од канализацијата. Потоа петмината влегле во црвена лимузина, управувана од друга жена, пред да исчезнат. Сè уште нема апсења, а инцидентот е под истрага, објавува „Њујорк пост“. Случајот е најновиот во низата сомнителни влегувања во канализацискиот систем на Њујорк во последните месеци, што покренува прашања за мистериозните групи на таканаречени кртови кои го истражуваат подземјето на градот. View this post on Instagram A post shared by Fox News (@foxnews) „Барале вредни предмети“ Полицијата соопшти дека друга група урбани истражувачи биле забележани како излегуваат од канализациска шахта на Ист Сајд на Менхетен во раните утрински часови на 6 октомври. Не беше веднаш јасно зошто се впуштиле во таква експедиција. Меѓутоа, во септември, две лица беа уапсени откако беа откриени како истражуваат канализации во истиот дел од градот. Нивната авантура ги однесе до простор под хотелот каде што престојуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на Генералното собрание на Обединетите нации, соопшти полицијата и извори запознаени со случајот. Еден од двајцата обвинети, венецуелски државјанин, им кажал на властите дека влегол во канализацијата „барајќи вредни предмети што биле заглавени во одводите“. Сепак, експертите предупредуваат дека е малку веројатно златото, среброто и другите вредни предмети всушност да можат да се најдат во подземните канализациски системи.Тагови: Њујорк канализација Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотМисирка не сака да стане вечера за Денот на благодарноста- и полицијата ја брка по автопат (ВИДЕО)Дива мисирка предизвика брканица на Гарден Стејт Парквеј во американската држава Њу Џерси кога почна да бега од полициско возило, движејќи се меѓу сообраќајните ленти во пресрет на Денот на благодарноста.Инцидентот се случил во среда, еден ден пред американскиот празник Денот на благодарноста, а полицијата на државата Њу Џерси објави видео од брканицата на социјалната мрежа X. Безбедно го напуштила патот Видеото ја прикажува мисирката како трча по автопатот со четири ленти, додека полициско возило ја следи со вклучена сирена. Во еден момент, птицата дури се обидела да лета во средината на патот. „Вчера, мисирка одлучила дека не сака да заврши како главно јадење и повела полицаец во необична брканица по Гарден Стејт Парквеј“, соопшти полицијата. На крајот од видеото, кое трае 22 секунди, птицата може да се види како се оддалечува кон тревна површина покрај патот. Полицијата соопшти дека мисирката успеала безбедно да го напушти патот и да го избегне сообраќајот, но и да избегне да заврши на празничната трпеза. Средби со диви мисирки Ова не е прв пат дива мисирка да биде во центарот на вниманието на патиштата во Њу Џерси. Во 2009 година, властите речиси се откажаа од обидот да фатат дива мисирка која се населила на крстосницата 14Б на автопатот Њу Џерси. Вработените во патарината ја нарекоа Тами, а службениците на државната служба за рибарство и див свет на крајот успеаја да ја фатат со мрежа, објави ABC. Слични средби со диви мисирки се случиле и во други американски држави. Полицијата на државата Висконсин соопшти дека мисирка во Гранд Шут не покажала страв од полицајците и ги сфатила обидите на полицајците да ја избркаат од патот како предизвик. Откако полицаецот се обидел да ја тргне со маневрирање со своето службено возило, птицата почнала да ја клука гумата на неговиот автомобил.Тагови: Денот на благодарноста мисирка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook