3Мицкоски: Македонскиот јазик е „лингва франка“, практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик
ЖивотКуќа на ужасот во која живееле детето пред да го убијат родителите- мувлосана цуцла... (ВИДЕО)Објавени се хорор фотографии од куќата во која живеел малиот Финли Боди пред да биде убиен од неговите родители, зависници од дрога, во Велика Британија.Финли претрпел 130 ужасни повреди пред да умре на само 10 месечна возраст во Дербишир на Божиќ 2020 година. Тој беше вратен на неговите родители Стивен Боден и Шенон Марсден од судот 39 дена пред неговата смрт, и покрај тоа што социјалните служби предупредувале дека користат дрога. На страшните фотографии се гледа како мувла расте во неговото шише за млеко, догорчиња од цигари, пепел и празни лименки на ноќната маса, додека кујната е преполна со валкани садови. Во бањата може да се види када полна со ѓубре, вклучувајќи и две кеси за ѓубре полни со канабис, пишува Метро. Финли „требаше да биде едно од заштитените деца“ пред да биде убиен среде кампања за злоупотреба, според извештајот на вештаците објавен минатата недела. Бебето било целосно изневерено од социјалните работници кои ги прифатија изговорите на Боден и Марсден и правеа половични обиди да дојдат до него, пишува Метро, каде е објавена галеријата од ужасни фотографии. Еден дури и занемарил дека Марсден се појавил да купи дрога надвор од валканата куќа каде што живееле со бебето. Два дена откако Финли бил вратен кај неговите родители, на социјалниот работник кој го посетил нивниот дом му било кажано дека ја добил џумката на главата од играчка. Шест посети требало да се случат во неделите пред неговата смрт, но само четири биле обиди, се вели во извештајот. За време на една од тие посети немало одговор од семејството. Сега е објавено и видеото од последната прошетка на малиот Финли. Посетата на социјалните служби на Бадник 2020 година, ден пред смртта на Финли, не се одржала. На судот му било кажано дека момчето има 57 скршени коски, 71 модринка и две изгореници на левата рака. Судијата рече дека „дивјачкото, продолжено“ убиство имало „садистичка мотивација“. Боден - кој веќе одлежал казна за насилство - и Марсден добиле минимални казни од 29, односно 27 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаКрива Паланка бара владата да прогласи кризна состојба за проблемот со кравитеПовеќе од илјада крави неконтролирано се движат низ кривопаланечко, а Општината бара Владата итно да прогласи 30-дневна кризна состојба. Градоначалникот Сашко Митовски на прес-конференција, на која присуствуваа и жители чии имоти и земјоделски посеви се оштетени од добитокот, предупреди дека агенциите немаат доволно капацитети да се справат со проблемот. Побара дополнителни ресурси и јасен оперативен план за заловување, транспорт и згрижување на животните. „Врз основа на заклучоците на Општинскиот кризен штаб, бараме итно Владата да прогласи 30-дневна кризна состојба на територијата на Општина Крива Паланка и да ги обезбеди потребните ресурси за трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на крупниот добиток – изјави – Сашко Митовски, градоначалник на Крива Паланка. Кравите секојдневно се движат низ центарот на градот, загрозувајќи го сообраќајот и уништувајќи земјоделски посеви и приватни имоти. Ако нема слух од владата, Митовски најави протест. „Овој пат јас, заедно со моите граѓани, сме решени да одиме до крај.“-изјави – Сашко Митовски, градоначалник на Крива Паланка. Според градоначалникот, од 2022 година досега до надлежните институции биле доставени стотици пријави. Иако уште пред две години биле донесени правосилни решенија за одземање на добитокот, тие не се спроведени во целост. Општината најавува и кривични пријави доколку не се постапи. По нарушените односи со претходното раководство на АХВ, како што посочи градоначалникт, се очекува соработка со новиот директор Јовица Андовски, со кого и ќе се сретнат во текот на денот. Од АХВ претходно посочија дека и Општината има законски надлежности за контрола на добитокот на јавни површини. Според Агенцијата, обидите за одземање на животните биле попречувани од одгледувачите, поради што решенијата не биле целосно спроведени. Додека институциите ја префрлаат одговорноста за оштетените жители, Општината најави единствен регистар за утврдување на штети и подготовка за заедничка тужба за надомест. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд четврток нема да се примаат деца во градинка без примена вакцина против морбили? „Ако нема примено МРП вакцина од четврток вашето дете нема да биде примено во градинка“. Ваков телефонски позив од воспитувачки утрово добиле дел од родителите чии деца ја посетуваат градинката „8-ми март“ во Кисела вода, кои се обратија до Канал 5, но сакаа да останат анонимни. Велат дека ја одложиле вакцинацијата по насока на медицинска препорака, и иако имаат намера да ги имунизираат своите деца, сепак реагираа за ваквата забрана поради тоа што ефективна мерка за вакво нешто не постои. Канал 5 стапи во контакт со Директорката на градинката, таа во телефонска изјава тврди дека вакво нешто не се случувало, и дека сите деца ќе бидат примани во градинка, иако препораките за законската обрска ќе ја продолжат, но само како укажување. Во меѓувреме и родители од Ѓорче Петров се обратија до редакцијата посочувајќи дека добиле соопштение на вибер во кое стои дека како установа имаат препораки што мораат да ги почитуваат без да биде прецизно јасно што стои во нив, но на врата кога денеска ги оставиле децата во градинка им кажале дека од четврток нема да бидат примени внатре ако немаат МРП. Од општината Ѓорче Петров демантираа дека во градинките се спроведуваат било какви забрани, а потврдија дека во дописот на ИЈЗ пратен до нив има само препораки за проверка на вакционалниот статус и протокол за постапување со дете кои за време на престојот ќе јави симптоми, но нема никакви забрани за прием на деца. Во протоколите на ИЈЗ стои дека треба се изврши проверка на вакциналниот статус на сите деца и вработени во установата, со посебен акцент на примени дози МРП вакцина, а родителите на децата со пропуштени дози да се известат и упатат до надлежниот вакцинален пункт за проверка и дополнување на вакцинацијата согласно Календарот за имунизација. Во Македонија нема епидемија на морбили, засега има потврдено 5 случаи, еден возрасен странец од Косово и четири дечиња, три бебиња до една година а едно е на година ипол. За време на викендот се тестирале два сомнителни случаи кои се негативни, потврдија од ИЈЗ за Канал 5. Министерот за здравство Сашо Клековски во последните изјави кажа дека засаега нема услови за прогласување на епидемија, и посочи дека нема да се применуваат присилни мерки за имунизација. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Македонскиот јазик е „лингва франка“, практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазикДелот од правосудниот испит во кој се симулира судски процес, ќе се полага само на македонски јазик, потенцираше премиерот Христијан Мицкоски. Тој појасни дека понуденото предлог решение за правосудниот испит не значи овозможување за негово целосно полагање на албански јазик, туку можност теоретскиот дел да се полага на јазикот на кој студентите го завршиле високото образование, но не и практичниот. „Нема да има решение со кое ќе се полага испитот на албански јазик. Студентите ќе можат оној дел којшто е поврзан со нивните додипломски студии на јазик различен од македонскиот, а во Македонија такви студии се одржуваат на три јазици на албански, турски и англиски да го полагаат на тој јазик на кој го дооформиле своето високо образование. Оној дел од правосудсниот испит што се симулира судски процес, дел од кривична постапка и дел од граѓанска постапка ќе биде на македонски и со тоа уште еднаш се потврдува дека правосудниот систем мора да биде по принципот на франка лингва тоа е македонскот јазик, бидејќи тоа е поврзано со владеењето на правото, а не со друго право или политиканства коишто се поврзани со тоа“-– Христијан Мицкоски, претседател на Влада . Прашањето околу полагањето на правосудниот испит повторно се отвори во јавноста откако лидерот на владината колаициска партија ЗНАМ Максим Димитриевски се закани со можно напуштање на Владата ако се дозволи правосуден испит на албански јазик и најави дека од премиерот Мицкоски ќе побарал свикување лидерска средба на колициско ниво за утврдување на таканарачени црвени линии по ова прашање. Ваквата изјава на Димитриевски пак наиде на остри реакции кај дел од политичарите од албанскиот политички блок од каде меѓудругото го обвинуваат и за шовинизам. Инаку во предлог решението кое министерот за правда Јетотн Шасивари пред три недели го презентираше пред студентите Албанции, се нуди теоретскиот дел од правосудниот испит, кој опфаќа 12 предмети, да се полага на албански јазик, а практичниот дел, составен од два испита, на македонски. За ваквиот предлог закон ќе се бара мислење и од Венецијанската комсија, па дури потоа ќе биде испратен во Собранието. Студентите по средбата со Шасивари изразија незадоволство поради како што рекоа делумното решение и не ја исклучија можноста повторно да излезат на улица доколку нивното барање не биде исплнето во целост. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook