Кујнски предмети што ги користиме, а може да бидат штетни по здравјето - Канал 5

Кујнски предмети што ги користиме, а може да бидат штетни по здравјето

Трудете се кујната да ви биде чиста и безбедна - дезинфицирајте ги површините, рибајте го мијалникот и фрлете ги остатоците храна од фрижидерот. На крајот на краиштата, безбедноста при приготвување храна е исто толку важна како и вкусните и хранливи

Кујнски предмети што ги користиме, а може да бидат штетни по здравјето

Сепак, некои секојдневни кујнски предмети можат да ве доведат вас и вашето семејство во поголем ризик од болести што се пренесуваат преку храната. Експерт за безбедност на храната открива кои вообичаени кујнски предмети може да бидат проблематични, а кои се побезбедни алтернативи, пишува EatingWell.

Садови со оштетена облога

Садовите за готвење со нелеплива површина се генерално безбедни за употреба кога се користат правилно, но најдобро е да се избегнуваат тави со изгребани или излупени облоги.

„Кога нелепливата облога ќе се изгребе или прегрее, може да почне да се разградува, па постои поголема шанса хемикалиите или малите честички да навлезат во вашата храна“, вели Чамали Кодикера, директорка на Одделот за безбедност и управување со квалитетот на храната при Институтот за прехранбени технолози.

„Истражувањата покажаа дека неправилното користење или оштетување може да го забрза распаѓањето на облогите, особено на високи температури.“ Време е да се замени кога површината е изгребана, облогата се лупи или кога храната повеќе не „лизга“ по тавата за време на готвењето.

Кодикара препорачува да се користи керамика, не'рѓосувачки челик или леано железо. Ако купувате нова тава со нелеплива површина, држете се до средната температура и не прегревајте ја празната тава за да може подолго да ви користи.

Пластични садови за храна

Пластичните садови за храна се практични, но можат да ослободат големи количини на микро и нанопластични честички во вашата храна, особено кога се загреваат. „Честото подгревање, користење во микробранова печка или продолжено користење на пластични материјали во контакт со храна, може да предизвика адитивите или супстанците кои настануваат при разградување да завршат во вашата храна, особено кај мрсната храна и при загревање“, вели Кодикара.

Тој додава дека иако топлината го забрзува ослободувањето на овие честички пластика, чувањето на храната во пластика на собна температура или во фрижидер подолг временски период, исто така, може да го зголеми изложувањето. Ако сакате да ја намалите употребата на пластика, фрлете ги садовите што се искривени, напукнати, со променета боја или оние кои постојано биле изложени на високи температури.

Размислете за користење на садови од стакло, не'рѓосувачки челик или силиконски садови за храна како побезбедни алтернативи, особено за загревање или долгорочно складирање.

Истрошени даски за сечење

Истражувањата покажуваат дека пластичните даски за сечење на крајот можат да ослободат ситни честички кои завршуваат во вашата храна. Но и истрошените дрвени даски исто така можат да бидат проблем. „Длабоките засеци и жлебови на даските за сечење, особено пластичните и дрвените, можат да содржат бактерии и да го отежнат темелното чистење“, вели Кодикара.

„Истражувањата покажуваат дека ваквите површини можат да станат места за размножување на патогени и да го зголемат ризикот од вкрстена контаминација помеѓу суровите и готови намирници.“ Ако вашата даска има длабоки жлебови, видливи оштетувања или задржува мирис дури и по миењето, време е да ја замените.

За да го намалите ризикот од вкрстена контаминација, користете една даска за сурово месо, риба и морски плодови, а друга за зеленчук и готова храна. Темелно измијте ги даските по секоја употреба и дезинфицирајте ги доколку е потребно.

Сунѓери

Можеби редовно миете садови и ги бришете работните површини, но истражувањата покажуваат дека во кујнските сунѓери патогените бактерии може да се задржат повеќе од една недела. „Нивната влажна, топла текстура е идеална за брз раст на микроби, што го олеснува пренесувањето на бактериите на рацете, садовите и површините“, објаснува Кодикара.

Таа препорачува дезинфекција на сунѓерите дневно или нивна замена најмалку еднаш неделно за да се намали ризикот од ширење на бактерии.

Крпи за садови

Дури и ако претпочитате да користите крпи за бришење садови и површини, тие можат да станат проблем ако не се перат правилно - особено ако останат влажни или се користат повеќе пати без перење.

„Перете ги на повисоки температури и избирајте материјали кои брзо се сушат за да го намалите растот на бактериите“, предлага Кодикера. Секогаш исцедете ги крпите и закачете ги да се исушат помеѓу употребите за да спречите размножување на бактериите.

Не мора сето тоа да го фрлите од вашата кујна - клучот е во редовното и внимателно одржување. Заменете ги истрошените даски за сечење и тавите што лепат, штом ќе покажат знаци на абење, размислете да ја замените пластиката со стакло и редовно мијте, дезинфицирајте или често менувајте ги сунѓерите и крпите за да ги држите бактериите под контрола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 9. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за понеделник, 9. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 9. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Би можеле да се најдете на малечка вага меѓу чувствата и должностите. За среќа, набргу ќе го препознаете вистинскиот пат.

Кариера

Денеска не влегувајте во расправии, а доколку може, ниту разговарајте со шефовите , зашто тие ќе мислат едно , а вие сосема друго.

Здравје и совет

Обидете се да бидете полежерни.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Некои денеска ќе ја покажат својата сентиментална нишка, а тоа малку ќе ја збуни личноста која ве сака. Таа ќе очекува да бидете поцврсти.

Кариера

Според вашите идеи би можело да се покрене еден проект , но во сето тоа има и доста заблуди.

Здравје и совет

Разделете ја реалноста од фантазијата.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Повторно ќе станете онаа позната заводлива личност , која предизвикува внимание каде и да се појави. Ќе проивлечете доста внимание на забавите што се пред вас.

Кариера

Ќе решавате мали финансиски проблеми и ќе најдете решение. Во нив ќе има и тактика и претприемништво во исто време.

Здравје и совет

Внимавајте на грлото.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Зближувањето со саканата личност дава резултати , па денеска ќе дадете се од себе така да остане.

Кариера

Малкумина ќе се решат да вложат средства во вашите напредни идеи , поради што се чувствувате по малку осамени.

Здравје и совет

Честопати сте пред своето време. Искористете ја предноста.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Колку ќе имате потреба за нежност, толку ќе имате и за грубости. Ќе бидете во подвоена состојба.

Кариера

Повеќето од работите што ќе ги преземете , ќе вродат со плод , а вие ќе имате многу причини за задоволство.

Здравје и совет

Бидете трпеливи во љубовта.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Поради празнината што ја чувствувате , ќе се трудите да бидете што пољубезни , но ќе се препознае дека тоа не е природно.

Кариера

Во договорите и преговорите ќе бидете склони на другите да им го препуштите главниот збор , дури и тогаш кога ќе бидете во право.

Здравје и совет

Искреноста е доблест.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Тешко денеска ќе го разберете партнерот зашто кон вас ќе се однесува на моменти мирно , а на моменти налутено. Подгответе се за тоа.

Кариера

Она што сте го замислиле нема да се развива според планот. Потребно е поголемо разбирање за другите и почеток на сериозна соработка.

Здравје и совет

Бидете искрени кон себеси и кон другите.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Пред вас е прекрасен ден за секој вид дружење , воспоставување на нови контакти и за ширење на хоризонтите. Искористете го тоа.

Кариера

Доколку имате работа што вклучува односи со луѓе , ќе ви биде убаво. Во другите дејности ќе барате друштво.

Здравје и совет

Почитувајте ги другите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе ги заборавите непотребните грижи и ќе се обидете да се концентрирате на она што мора да се решава во односите. Нема веќе да се збунувате.

Кариера

Вашиот позитивен став ќе ви донесе поен повеќе во договарањето на работите. Ќе го употребите и својот шарм.

Здравје и совет

Не сте на трка . Опуштете се.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Посветеноста кон љубовните тајни ќе доведе до едно интересно откритие , кое ќе ве заинтригира.

Кариера

Во предложената работа со пријателите немојте да бидете попустливи , зашто и покрај добрите намери , ќе бидете во загуба.

Здравје и совет

Утре ќе биде сосема поинаку. Бидете трпеливи.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе се потпирате на вашето шесто чуло. Тоа ќе ве поттикнува за подобро да соработувате со другата страна.

Кариера

Ништо нема да ви биде премногу, нити премалку. Токму вие ќе бидете онаа личност , која работите ќе ги доведете во рамнотежа.

Здравје и совет

Понекогаш ви е од се преку глава. Поминете го денот осамени.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Пред вас е квалитетен ден во кој ќе ги игнорирате повремените мали нервози и со љубов ќе ги победувате.

Кариера

На цврстите темели вие почнувате да развивате нов долгорочен план на дејности кои имаат иднина.

Здравје и совет

Ја одржувате добрата форма.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гостин ќе биде Љубомир Гајдов

 Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана Тасева

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер